СП 2018- Финале: Франција Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата Bateman
  • Време на започнување Време на започнување
Погба е преценет до максимум.Коњ глуп.Плус и си трчкари и си го лади,не ни се напнува.
 
Колинда е закон бе, види ја, ептен ја личи за претседател
 
Не заслужено кме кме кме... ајде ке ги заборавиме утакмиците против Данска и Русија ок е.
 
Колинда небитна како трети спрат во ГТЦ, нема чадор за неа, а таа сите ги изгушка.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Ајдее и французите зема ги гушка :pos:
 
Небото се отвори, евреите плачат.
 
Бидејќи во мојот живот откако пратам репрезентациите на Србија и Црна Гора најпрво, па Србија, па Хрватска и Босна не успеаа да поминат групи, јас навивав за Франција на сите други светски и европски првенства, особено кога немаше да се чоукне во групи, ќе ми останеше еуфоријата дека твојот фаворит е сеуште во игра, да не е чисто суво гледање на натпреварот, со единствена желба да паѓаат повеќе голови од било која страна. Ова светско првенство особено после победата над Аргентина, ми пораснаа амбициите за Хрватска да направи нешто повеќе и да ја круниса со успех оваа генерација. Многу ми е драго што една репрезентација од бивша Југославија успеала, изградила тим и стигнала до финале и второ место на најпопуларниот спортски хепенинг. Токму поради некој вакви мали драги нешта на срце, ова ми беше најинтересен мундијал досега, од моите скромни 4 што сум ги гледал од прв до последен натпревар. Хрватска покажа што значи да се игра од срце, со муда во секој натпревар, никогаш да не се откажува, колку пати само враќаше негатива, ниту еднаш не падна психички и физички, секогаш продолжуваше да трча, да се бори, извадија максимум и треба и мора да се горди. Од друга страна, во Германија, јас се утепав од плачење како дете кога Франција изгуби од Италија, и тогаш заслужија титула според мене, сега тотално заслужено си ја добија. Мислам дека Франција има капацитет и да го повтори ова, има добра смена на генерација и нема да е еднаш во столетиото шанса за нив, следното европско или светско пак ќе се тие главните фаворити. Мило ми е за Жиру, играч со големо фудбалско IQ, знае дека има подобри финишери, тркачи и дриблери од него, и цело време се обидува да направи простор за нив, заслужи да се израдува. Достојно финале за еден убав месец исполнет со многу фудбал, ќе фали светсково, но и дефинитивно ќе се памети уште долго :love:
 
Ги гушкала, е ај да фати да ги клоца со штикла Французиве, си признава пораз жената... Неверојатни сте
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom