СП 2018 - Елиминациона фаза (1/8, 1/4 и 1/2 финале)

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
I koj im e bedot be na moderatorite so otvaranje tema za sekoja poedinecna utakmica.. pa eve 5 strani tuka za belgija se komentiraa a nema tema.. 5 stranicki za brazil 5 za hrvatska i sto so toa postignaa? Pisuvaj bre sve tuka čobane
 
Незаслужија Јапонциве да испаднат вака, машки, самурајски фудбал одиграа секоја чест. Ептен криво ми е за нив дотолку што утепаниве се најпреценетата ррпрезентација во историја на фудбалот.
 
Ги мразам коментаториве на МТВ !
Толку да се тапа што подобро без тон да гледаш со музика пуштена, отколку да сушаш тероризирање со глупости привикување и просерување .
Некој да сподели линк онлајн да се гледа ?

Се сеќавате пред повеќе од 10 години кога Јанко коментираше преку некое радио? Тогаш се гасеше тонот на телевизорот лол.
 
Се сеќавате пред повеќе од 10 години кога Јанко коментираше преку некое радио? Тогаш се гасеше тонот на телевизорот лол.
"Имаш слика - гаси тон" на Радио "Канал 103".

Слободно коментирање зачинето со "тресење зелени" цели 90 минути. [emoji2]
 
Не знам како не ви е добар Караско кога велепознавачот на оваа фудбалска игра @zmej gorjanin не убедуваше во фан клуб дека е подобар од Роналдо. :toe:


Тоа што Караско нема, а Роналдо има, е добар PR тим.
 
Штета за Јапонија, ама тоа е фудбалот, сите ќе отпаднат а само еден ќе стане шампион.
Ама Јапонциве направија да гледаме брилијантна утакмица, им влегоа без респект на фаворизираната Белгија, овој дуел вклучувајќи го и Франција-Аргентина се најдобри до сега на првенството.
Потегот кога изведоа корнер и им отидоа сите играчи во противничката одбрана е фудбалски и е за секоја почит, тргнаа да ја победат Белгија, ама тоа е, сепак на крајот одлучи Белгиската големина со контрата.
Јапонија и Кореа пружија одлични партии против фаворизираните селекции, ама не направија некој поголем исчекор, сепак се гледа дека има доста напредок во овие азиски земји и оставија одличен впечаток на првенството.
 
Колку сакам Белгија да ги отвори бразилците, уствари не мора да ги отвори туку може и вака со некој 90+ гол да ги испратат назад.

Со вака слаби големи репрезентации мора да освои некоја од втор план што нема посериозен голем успех. Се надевам тоа ќе биде еден од Белгија/Хрватска иако разумот ми вели дека Бразил или Франција ќе бидат големи фаворити во евентуално финале.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom