Не знам колку го приметивте Бешиќ, играчот со број 7. Изгина дечкото, се уби од трчање напред назад, единствен што нешто покушаваше да напраи заедно со Хајровиќ кој беше извонреден и на првиот натпревар.
Клучните играчи на Босна потфрлија, Пјаниќ, Мисимовиќ и Џеко. Салиховиќ беше повреден што е огромен хендикеп, Спахиќ и покрај слабата партија денес е солиден штопер, го покажа тоа и на првата утакмица со Аргентина.
Не ми е јасно само зошто стартуваше со Шуњиќ или како и да се викаше партнерот на Спахиќ, Бицакчиќ беше добар со Аргентина, исто и Колашинац меѓу подобрите на првиот дуел.
Скроз промашена формација, недефинирана формација, Мисимовиќ и Пјаниќ згужвани у средина, десно крило Хајровиќ а лево ништо, автопат, на Лулиќ му беше оставена цела страна а тоа резултираше со брзите пробиви на Еменике и правењето мајмун од Емир Спахиќ.
Е место на полувреме да го поправи тоа, Сушиќ направи уште една глупост со вадењето на Хајровиќ и ставањето на шпиц а со тоа се смени и цел систем во 4-2-2-2, не ми е јасно како планираше да ги пробие низ централниот дел. Налетите на бековите беа катастрофа, Мујџа поима нема од играње напад а Лулиќ се истроши  уште во првиот дел. Салиховиќ не го коментирам иако создаде неколку можности, упати доста остри топки у петерецот меѓутоа немаше кој да погоди.
Пак ќе кажам чуден ми беше потегот на Сушиќ со отстапувањето од стандардната 4-4-2 формација која ја користеше во квалификациите. Ако на првата утакмица калкулираше против Аргентина што беше и очекувано на оваа утакмица мораше да нападне со два шпица.
Ова им е идеален состав според мене.
Мујџа - Спахиќ - Колашинац - Лулиќ
Пјаниќ - Бешиќ - Мисимовиќ - Салиховиќ