- Член од
- 12 мај 2014
- Мислења
- 236
- Поени од реакции
- 422
Не сакам да тупам искрено, но треба да имаш мозок и интелегенција да измислиш техника, медицина, лекови, физички и хемиски равенки. Ова фудбал е забава за робови и широки народни маси, а на тоа гледање како 11 души трчаат по топка некој дебело си печали. Е, тоа е интелегенција и познавање. Да натераш куп идиоти да платат 100 долари да гледаат 22 како трчаат по топка. Мене, ама ич не ми менува дали Уругвај или Италија ќе победи вечер. Подобро оди занимавај се рекреативно со спорт, затоа што тоа ќе ти е корисно по здравјето и телото, а не да анализираш цел ден пред телевизор што и како.Не сум уште... Најискрено, не си разбрал.
Да знаеш да играш фудбал е да знаеш со топка. А да разбираш фудбал е да знаеш што се случува на терен и зошто тоа се случува... потоа оди и што треба да се направи за да се случува нешто друго. Да го знаевме сето ова ќе бевме тренри во најсилните лиги.
Каква врска има тоа што и најслабиот фудбалер на светско, знае да игра сто пати подобро од нас, со тоа што ќе напишеме дека некои играат лошо дефанзивно, дека против X екипа треба да се напаѓа преку крило, дека некој селектор Трајко го надитрил селекторот Петко, затоа што направил тоа и тоа?!
За да знаеш да играш фудбал пресудно е да имаш талент. За да разбираш треба да имаш малку повеќе мозок. Затоа најдобрите фудбалери не стануваат по правило и најдобри тренери, а некој анонимус ќе направи чудо.
И најдобар селектор донеси го ако нема квалитетни играчи коишто имаат повеќе мозок од противничките играчи ништо не правиш.