Сожалување

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Не сожалувам,никад не сум сожалувала, нема ни да сожалувам.Не ни сакам мене некој да ме сожалува.
 
И дојде Искрениот и на сите ни го лупна у фаца. :tv:
 
Секој посакува сожалување , но кај мене е малце подруго . Се ставам на место то на неа/него , и како би постапил ја да сум на негово/нејзино место и ако премногу сум згрешил тогаш не очекувам тоа да го направи а ако не многу не се тргам ни настрана и гледам да направам муабет ... :)
 
Порано имаше една ваква тема,ама се избриша и еве ми текна еве пак да ја отворам.

Што мислите вие за сожалувањето?Има една реченица - Подобро да ме мразат отколку да ме сожалуваат.Дали се согласувате со таа реченица?Што мислите за луѓето кои измислуваат работи само колку да бидат сожалувани?Според вас има ли разлика меѓу сожалување и сочувствување?

Моето мислење јас подоцна ќе си го изнесам.
дефинитивно е подобро да ме мразат отколку да ме сожалуваат..Всушност,,тоа за мене е најниското чувство кое моежме да го имаме за некој,,што е крајно потценувачко,,и верувам дека никој не би посакал да му го искажат... Инаку сожалување е многу различно од сочувствување...Сочувство е чувство кое се јавува кај секого понекогаш,,кога сочувствуваме со болката или неуспехот на другите,,но наспроти тоа сожалување е еден вид потценувачко чувство,,кое се јавува како резултат на чувството на пониска вредност на другиот..А луѓето кои измислуваат работи за да бидат сожалувани,,веројатно секогаш си имаат и причини,,односно скриени намери,,и сакајќи да ги постигнат своите интереси се служат со вакви работи:pipi:
 
Секој посакува сожалување , но кај мене е малце подруго . Се ставам на место то на неа/него , и како би постапил ја да сум на негово/нејзино место и ако премногу сум згрешил тогаш не очекувам тоа да го направи а ако не многу не се тргам ни настрана и гледам да направам муабет ... :)

Секој посакува сожалување???
До мене е или..:nesum:не разбирам како може некој да сака да го сожалуваат?

јас често сожалувам а нај што мразам е да ме сожалуваат:toe:

Често сожалуваш, а не сакаш да те сожалуваат? Е па не им го прави на другите она што не сакаш да ти го прават тебе.:wink:
 
ПОТПОЛНО СЕ СОГЛАСУВАМ СО КИКИ :helou:
 
Темава од 2008ма :D
Сожалувањето го гледам како желба за внимание од тој шо сака да биде сожалуван. Толку.
 
Сожалувањето кон некој прави само да му биде потешко ..
 
A da mu se pomogne neli e podobro ili samo onaka da go ostavime kolku da ima nekoj da sozaluvame a ustvari so toa sto ne prezemame nisto nie sme za zalenje.
Тоа и ми беше зборот, подобро да помогнеш отколку да го сожалуваш ..
 
Некогаш е добро некој да те сожали и да ти помогне кога се наоѓаш во некоја тешка беспомошна ситуација, а исто и ти истото да го направиш кон некој друг во некоја таква ситуација. Но лажни сожалувања со цел демек сакаат да ти помогнат, а зад грб би ти забоделе нож, не ми требаат. Подобро сите да ме мразат, отколку да ме гледаат со лицемерно и понижувачко сожалување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom