Совршенство...

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Совршенството е нешто што не постои, што не се постигнува.
Ние сите се стремиме кон совршенство.
Заклучок: Ние сите се стремиме кон нешто што не постои, што не се постигнува.

Ипак постојат некои работи кај секоја индивидуа која ги посакува и ги смета за совршени (според негови критериуми, и гледни агли за животот и нештата).

А за општо совршенство во кое сите ќе се пронајдеме не верувам дека такво нешто постои.
 
Ипак постојат некои работи кај секоја индивидуа која ги посакува и ги смета за совршени (според негови критериуми, и гледни агли за животот и нештата).

А за општо совршенство во кое сите ќе се пронајдеме не верувам дека такво нешто постои.

Комплетно точно, совршенството е индивидуална фантазија. :)
 
и да постои совршенство ние ќе сакаме да постигнеме повеќе и од тоа...совршенството е фатаморгана на repeat.
 
значи-совршенството е плод на човечката фантазија
 
Совршенството е цел која неможе да биде достигната но треба да се стремиме како луѓе да бидеме поблиску до неа. Еве еден пример Тоше Проевски како добретворец и хуманитарец
 
Совршенство не постои колку и да се трудиш,тежнееш и ги обликуваш работите на илјадници начини никогаш нема да се задоволиш со резултатот.
 
Ова е совршено мислење. :)
И ако се се случува со причина тогаш се е совршено.
Или пак се е игра на зборови :D
игра на зборови хаха :D а тоа што стои под името мое дека се се слуичува со причина тоа само така јас...омилена реченица ми е :D и затоа се соогласувам со неа и со оваа горе дза совршенството :D
 
Дали можеби човекот не го прифаќа совршенството затоа што тоа е некој вид конечна појава (па повеќе признава предмети како совршени) и со достигнување на истата, би се дошло до некаков крај за него и неговото творење и постоење?
Или пак едноставно, совршенството не е возможно од многу причини и на било кој начин да се постигне?:raz:

Ова ко да мислиш на духовно совршенство. Од една страна ништо не е полесно од тоа да се постигне, но ништо не е ни потешко истото да се задржи. Заспаноста неуморно демне.
Парадоксално, духовното совршенство е илузија (привидна) на овој свет бидејќи нема реална основа да постои, а се што е реално и материјално е всушност илузија. Се е илузија освен илузијата на совршенството. :)
 
секој човечко битие стреми кон перфекционизам се да биде совршено беспрекорно како и физички така и духовно се стремиме кон нешто кое е наметнато од масс медиумите и сите тие селебрити личности кои со фото шоп изгледаат совршено и прикажуваат погрешна слика кон што да се стремиме едноставно самиот свет во кој живееме самиот по себе не е совршен има свои мани па чуму и ние да целиме кон совршенство кое никогаш не може да се достигне
 
" Никогаш не целете кон совршенство,бидејќи истото нема да го достигнете".
Мислам дека никој не ни успеал. Затоа што секој си гледа на работите на свој совршено несовршен начин.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom