Совршено срце

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
K

kat.<3

Гостин
Еден млад човек стоеше во центарот на градот. Кажуваше дека го има најубавото срце во целата долина. Се собраа луѓе и се восхитуваа на неговото срце, затоа што беше совршено. Немаше трага во него.
Сите се согласија, тоа навистина беше најубавото срце што некогаш го виделе. Младиот човек беше многу горд, и зборуваше погласно за неговото убаво срце.
Тогаш се појави старец пред луѓето и рече "Зошто, твоето срце не е ни приближно убаво како моето." Луѓето и младичот погледнаа во срцето на старецот. Чукаше брзо, но беше полно со лузни. Имаше места каде што делови од него беа тргнати и други парчиња беа ставени, но не го наоѓаа своето место најправилно и имаше неколку нерамни краеви. Дури на некои места имаше вдлабнатини каде што цели парчиња недостигаа.
Луѓето само гледаа. Како тој може да каже дека неговото срце е поубаво?, мислеа. Младичот погледна во срцето на старецот, виде во каква состојба е и се смееше. "Ти сигурно се шегуваш, нели," тој рече. "Спореди го твоето срце со моето. Моето е совршено, а твоето е растурено во траги и солзи." "Да," рече старецот, "Твоето совршено личи но никогаш не би се сменил со тебе. Гледаш, секоја трага претставува личност на која сум ја дал мојата љубов. Оттргнувам дел од моето срце и им го давам на нив, и често тие ми даваат парче од нивното срце кое наоѓа место во празнината на моето, но зашто парчињата не се прецизни, јас имам некои груби краеви, кои ги ценам, зашто тие ме потсетуваат на љубовта што сме ја споделиле. Некогаш сум дал парчиња од моето срце, и другата личност не вратила дел од нејзиното срце на мене. Ова се празните вдлабнатини – да дадеш љубов е да ризикуваш. Иако овие вдлабнатини се болни, тие остануваат отворени, ме потсетуваат на љубовта што ја имам за овие луѓе, и се надевам дека еден ден тие ќе ја пополнат празнината. Гледаш ли сега што е вистинската убавина?"
Младичот стоеше тивко со солзи по неговите образи. Отиде до старецот, посегна во своето младо и соврешно убаво срце, и истргна едно парче. Го понуди на старецот со треперливи раце. Старецот го зеде парчето, го стави во неговото срце и зеде дел од неговото старо срце, полно со лузни и го стави во срцето на младичот. Одговараше, но не совршено, затоа што имаше некои нерамни краеви.


Темава припаѓа во форум религија затоа што зборува за вистинската љубов, љубов каква што Бог дава. Некогаш не само светлината може да сјае – срцата на луѓето можат да сјаат исто така. Љубовта живее во срцата на вљубените, на врвовите на планините. Нема место каде што љубовта не може да стигне. Допира до твоето срце, ако ја отвориш вратата. Љубовта може да биде на многу места на светот во исто време.
Љубовта се две срца кои чукаат како едно, преку Бога.
 
Не е она ни ново, ни старо верка, она е заљубена
8.gif
 
Вау....Се воодушевив. Толку добра приказна немав прочитано одамна. А сепак толку вистинита... И додека ја читав цела се наежив. Ме потсети по малку на еден расказ за златното срце што уште како мала го прочитав во читанките.

Премн. е точен текстов. Преку старецов е искажана целата вистина. Таква е љубовта. Некогаш ќе дадеш, и ќе ти биде возвратена...а некогаш нема...во тоа е ризикот, но и нејзината големина...да не се плашиш да љубиш!
 
Ne znam so da kazam..prikaznava me ostavi bez zdiv...
Sekoja ces za tebe...
Vistina so ljubov se moze da se postigne...se sto ke se pobara ke se dobie...
Sovrseno srce e srce ispolneto celosno so ljubov...
Ljubovta e od BOG-Neka mu e vecna slava!
 
Еден млад човек стоеше во центарот на градот. Кажуваше дека го има најубавото срце во целата долина. Се собраа луѓе и се восхитуваа на неговото срце, ....

Фала ти за прекрасната приказна кате!
 
Религијата е фикција. Претежно се користи за луѓето да си ја олеснат совеста преку покајание. Get over it.

Кат срц, отвори си блог or something.
 
Фала ти за прекрасната приказна кате!

Прекрасна-но сепак приказна.
Вистинското совршено срце е Исусовото Пресвето срце полно со љубов и милост за сите нас. Само Тоа срце е совршено бидејќи крвари кога тагува по изгубените души кои ја отфрлиле Милоста или се прават на Тошо додека Исус чука на вратата од нашите срца, а времето си врви....Еден ден, рак-трак, ненадејно ќе заврши епизодата, а нема да има повеќе време за поправки....
 
Фина е приказнава, ама нема врска со Бог. Ти тоа субјективно си ја поврзуваш.
Љубовта има многу форми, а таа спрема Бог е само една од нив.
И неверниците знаат да љубат, знаеш. :smir:
 
Темава припаѓа во форум религија затоа што зборува за....
Тоа дека Бог на овој или на оној начин ќе ни го земе срцето ако сами не го дадеме :toe:
 
Тоа дека Бог на овој или на оној начин ќе ни го земе срцето ако сами не го дадеме :toe:
Мене ми реплицираш Апо?:)

Како мислиш,не те сфаќам баш. Демек ако не сакаме некого во животов, ќе завршиме во пеколот, грубо кажано?

Или ја интерпретираше авторката на темата само?

Или ништо од ова? :)

Аеее, волку да не те разберам, налет :icon_lol:
 
Мене ми реплицираш Апо?:)

Како мислиш,не те сфаќам баш. Демек ако не сакаме некого во животов, ќе завршиме во пеколот, грубо кажано?

Или ја интерпретираше авторката на темата само?

Или ништо од ова? :)

Аеее, волку да не те разберам, налет :icon_lol:
Само авторката... и едно финално резиме на темава, колку да се спомне некоја поврзаност на Бог со приказната.
 
Темава повеќе пасува во Љубов и Секс, според мене.

Иначе убав текст, не верувам дека постои срце без лузни, секое животно искуство остава трага.
И да, за да љубиш бескомпромисно треба храброст.
 
незнам дали е до мене па не ја сватив приказнава како што треба или приказнава не е во ред
ке си кажам јас шо мислам па пукајте после со негативна репутација - гајле ми е
прво и основно - стилски, текстов е одвратна метафора
второ - премногу наликува на басните создадени од Езоп, кратки со мала(читај лоша) метафора со поучен крај
трето - премногу е шаблонски дадено како тоа си даваат парчиња од срце како да се самолепливи сликички за смена, и како си гледаат во срцето небаре у фаца се гледаат
четврто - нема никаква поврзаност со религија, најмалку со тоа што има натпревар (чие срце е поубаво) меѓу главните ликови (буквално ме потсека на караниците од фан клубовите на форумов - „нашиве се поарни“)
петто - се однесува на вториот параграф, шо никако неможам да го поврзам со првиот, освен зборот љубов, епа овој параграф ме потсека на писмените од 4 одделение на тема „есен“, и сите ја тупевме колку е убава есента


и има уште многу работи шо сакав да ги искритикувам ама нема зошто текстов ме потсети на некои лекции од детството (по ЗПО, Македонски ј. и физичко)

и многу ми е гајле дали на некој постов ке му изгледа нечуствителен ама јас не гледам никакви чувства во текстов погоре
е сеа ако ви изгледа на спам....па прочитајте ми го потписот:toe:
 
Во срцето во кое нема вера нема вистинска љубов.
зборуваш за вера кон некој бог (господ, исус, мухамед....)?
од кај знаеш што има во моево срце, и како можеш толку сигурно да зборуваш за другите и нивните чуства...
или така пишува во некоја верска книга?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom