Многу ретко давам совети,само ако некој побара од мене совет и само ако имам искуство со ситуацијата.Ич не ме бидува за делење совети,повеќе кажувам свое мислење за нештото,одколку да советувам како и што.Ако имам искуство за нешто или ако однапред сум размислувала како би постапила во таква ситуација(ако сум испраксирана

) давам совет,кој секако не мора да биде послушан.Не ми е важно дали ќе ме послуша некој,побарал совет,сум го посоветувала и негово е што ќе биде понатаму.
Совети од секого не примам и не барам,многу ме нервираат лица што ќе дојдат и без да побарам ми кажуваат што е “подобро“.Совет барам ретко,само во ситуации каде ептен не знам што понатаму,па ми треба нешто како “водилка“,и најчесто поставувам како што ме советувале,бидејќи сепак не сум знаела како да постапам.
А советувањето преоѓа во солење памет кога советникот настојува да го послушаш неговиот совет.Еднаш бев таков советник и се каам што така сум напињала,ко советот мој да е нешто најсвето,најпаметно,и од тогаш си реков никогаш повеќе,у осталом,која сум јас да им кажувам на другите што да прават.