Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Што би бил најдобар избор за теренец од околу 15000 евра? Приоритет е квалитет на машината и механиката, второ балансирана потрошувачка (нормално не 5л/100км, ама да не биде ни 20), дизајн и џиџи миџи фенси шменси опрема се плус ама и не толку важни.

Од досега што гледам, изборот би се сведил на нова Dacia Duster или половен Subaru Forester, но ценам и други аргументирани мислења.
Чек сега, ти треба SUV од овие што ги возат за курчење низ град, или ти треба теренец кој ќе те однесе до каде што треба и во многу лоши услови?
SUV што ги возат низ град не сум видел баш да ги акаат на патишта каде и со 4х4 може да не излезеш, прво на такви места често може да ја оштетиш и шасијата што ќе те кошта после ѓаол на трета за да го поправаш (грмушки од околу, карпи, камења и тн пластиките ќе ги направат пепел), а второ не ни можат да те извадат секаде. Нова Captiva имам видено на раскашавен снег во Мариово, не можеше да мрдне, со лада нива прелетаа на истата делница без никаков проблем.
 
Suzuki Jimney, најзабавно off-road искуство, за мене кажувам дека кога би имал можност повторно да одвојам време и средства би опремил едно вакво за викенд авантура за 2ца. Ако ти е пресуден простор тогаш не е за тебе. Да имаше избор на мотори со дизел ќе беше совршенство. За дастерот добро е да кажи некој искуство што го возел х години, се сомневам на квалитетот на материјалите ако се користи стриктно за off road. Форестерот има многу добар пренос за на терен по она што сум гледал од страна и на youtube, лично искуство немам. Ако користиш за hardcore off road битно е да имаш достапни резервни делови или нови или половни зошто нема да поминиш без инцидент или дефект исто треба да си спремен и да си сам свој мајстор. Наједноставно возило за поправка беше нивата, но со тек на време хобито ти преминва во автомеханичар.
Postoi Suzuki Jimny so dizel motor, za zal so najgolemoto gjubre od motor koe postoi vo cel svet (1.5 dCi 48kW)
 
Што би бил најдобар избор за теренец од околу 15000 евра? Приоритет е квалитет на машината и механиката, второ балансирана потрошувачка (нормално не 5л/100км, ама да не биде ни 20), дизајн и џиџи миџи фенси шменси опрема се плус ама и не толку важни.

Од досега што гледам, изборот би се сведил на нова Dacia Duster или половен Subaru Forester, но ценам и други аргументирани мислења.
Pajero или Patrol
 
Пежо 2008 ти е добро количе, не е теренец него кроосвер али сепак ако не ти требаат тие теренски карактеристики е ок за низ град. Друга опција е Сеат Арона, Шкода Kamiq
Кросовер не, а и не е за во град. Ќе ги разгледам тие од Сеат и Шкода.

Дај повеќе податоци . Колку да биде стар , колку да биде голем , колку да биде теренец ?? Ама пошто си гледал Форестер , еве јас што би во таа класа
I found this offer at mobile.de: https://suchen.mobile.de/fahrzeuge/details.html?id=283847450&utm_source=com.apple.UIKit.activity.CopyToPasteboard&utm_medium=ios Honda CR-V Executive 2,2i CTDi 4WD-Leder-Navi-Panorama First Registration: 09/2011 Mileage: 98.639 km Fuel Type: Diesel Price: €12,290
Цената е главен критериум, над 15к да не е. Намената ја опишав подолу.

Чек сега, ти треба SUV од овие што ги возат за курчење низ град, или ти треба теренец кој ќе те однесе до каде што треба и во многу лоши услови?
SUV што ги возат низ град не сум видел баш да ги акаат на патишта каде и со 4х4 може да не излезеш, прво на такви места често може да ја оштетиш и шасијата што ќе те кошта после ѓаол на трета за да го поправаш (грмушки од околу, карпи, камења и тн пластиките ќе ги направат пепел), а второ не ни можат да те извадат секаде. Нова Captiva имам видено на раскашавен снег во Мариово, не можеше да мрдне, со лада нива прелетаа на истата делница без никаков проблем.
Намената би му била 60% регионални патишта и автопати главно во државава и понекогаш надвор , 30% планини и нерамни земјени (понекогаш калливи) патишта и 10% градско возење.
 
Кросовер не, а и не е за во град. Ќе ги разгледам тие од Сеат и Шкода.

Цената е главен критериум, над 15к да не е. Намената ја опишав подолу.

Намената би му била 60% регионални патишта и автопати главно во државава и понекогаш надвор , 30% планини и нерамни земјени (понекогаш калливи) патишта и 10% градско возење.
Земи си дачија и не му ја мисли, глупото е шо дачија дастер е единствениот SUV шо сум го видел да има добоши на задни тркала (нешто шо е карактеристично за коли од тип градска мини кола)
 
Кросовер не, а и не е за во град. Ќе ги разгледам тие од Сеат и Шкода.

Цената е главен критериум, над 15к да не е. Намената ја опишав подолу.

Намената би му била 60% регионални патишта и автопати главно во државава и понекогаш надвор , 30% планини и нерамни земјени (понекогаш калливи) патишта и 10% градско возење.
Епа според тие критериуми Пајеро 3.2 диѕел ...
 
Кросовер не, а и не е за во град. Ќе ги разгледам тие од Сеат и Шкода.

Цената е главен критериум, над 15к да не е. Намената ја опишав подолу.

Намената би му била 60% регионални патишта и автопати главно во државава и понекогаш надвор , 30% планини и нерамни земјени (понекогаш калливи) патишта и 10% градско возење.
Имаш уште променливи тука:
колку се тешки тие патишта,
колку простор ти треба во возилото,
цена на одржување на возилото отпосле,
Бидејќи во групата може да поминат дури и појаки теренци како: Mitsubishi Lp200, Hilux, Navara, Pajero, Frontera нешто послаби за поблаги патишта: Honda CR-V, Outlander, Daster, а ако не се многу тешки тие нерамните патишта дури и било кој градски SUV: Captiva, Antara, ASX, 2008...
 
Кросовер не, а и не е за во град. Ќе ги разгледам тие од Сеат и Шкода.

Цената е главен критериум, над 15к да не е. Намената ја опишав подолу.

Намената би му била 60% регионални патишта и автопати главно во државава и понекогаш надвор , 30% планини и нерамни земјени (понекогаш калливи) патишта и 10% градско возење.
Па и Фрилендер ти влага у опција ...
 
Се работи за Застава 101, променета водна пумпа, декла израмнета, нов диктон, но пак загрева, дали е проблем ладилникот или што, фала...
Автоматски споено мислење:

Термостатот и го имаш сменето?
 
Сите коли ги возеле дедовци и баби со кратка десна нога, никогаш не било давана полна гас. :D
Зошто мислат дека ова ако го кажат и некој ќе и поверува?
Ја возела баба само од дома до банка за да извади пензија. :icon_mrgr:
Дедо починат, колата е стоена 10 години па решиле да ја продадат, аха хахаха сигурно. :pos:
 
Јас не знам како тетин ти му се купувало кола од умрен дедо. Еднаш кога бев на сервис да мењам уље сервисерот имаше купено ауди А4 2015 со 50 000 километри реални. А колата беше крш. Дедото очигледно со деменција и ќор секаде му беше по страните изгребана, под кола лом од гребење со не можел да прецени ивичњак, и му реков од љубопитност на сервисерот дај да направам кругче со колата. Кога ја повозив можам да забележам дека колата немаше кумплуг а сигурно и замаецот беше оштетен. Така да таквите коли од дедо умрен на 82 години. Не фала
Ја купил затоа што и самиот е Италијанец пензиониран механичар во Бемве овластен сервис во Удине.Лично ја одржувал колата на стариот кога доаѓал во сервисот,така да ја знае на памет.Фабрика е колата и сам се уверив кога дојдоа со неа пред 2 години тука на гости.Само што ја платил солидно
 
Се работи за Застава 101, променета водна пумпа, декла израмнета, нов диктон, но пак загрева, дали е проблем ладилникот или што, фала...
Автоматски споено мислење:

Се работи за Застава 101, променета водна пумпа, декла израмнета, нов диктон, но пак загрева, дали е проблем ладилникот или што, фала...

Затнат ладњак зошто сите застави се возат со вода од чешма...

Друга опција е перката да не врти.
 
Термостатот и го имаш сменето?
Го исчистивме ладилникот со солна киселина, излезе ѓубре, сега е во ред до средина иде и перката уклучува.
Ама ја згаснав и неќе да запали сега -_-
Автоматски споено мислење:

Затнат ладњак зошто сите застави се возат со вода од чешма...

Друга опција е перката да не врти.
Точно.
Менато е се, пред тоа газдата ништо немаше сменето. Пумпата беше како глувци да ја имаат гризано
Го исчистивме ладилникот со солна, излезе многу гареж, темп. оди до среде и не мрда, перката уклучува, ама кога ќе ја згаснам, несака да запали, само вергла, кабли, свеќици променети.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom