Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
денес колата не сакаше да ми запали, мораше на шуткање да ја палам.

еден мајстор викаше тие клемите да не се, или како се викат, друг вика стартерот. јас појма немам од тоа. само возам. си признавам појма немам

е сеа, колата е голф 3 95 год тди караван. акумулаторот и е сменет пред година и пол. мора да е тој стартер нели?

колку чини поправка на тој? треба ли да сменам уште нешто додека и тоа се менува?
 
Pravac na elektricar da go izvadi alanserot i da vidi so e problemot
 
денес колата не сакаше да ми запали, мораше на шуткање да ја палам.

еден мајстор викаше тие клемите да не се, или како се викат, друг вика стартерот. јас појма немам од тоа. само возам. си признавам појма немам

е сеа, колата е голф 3 95 год тди караван. акумулаторот и е сменет пред година и пол. мора да е тој стартер нели?

колку чини поправка на тој? треба ли да сменам уште нешто додека и тоа се менува?

Битно прашање: Дали кога даваше контакт колата верглаше или воопшто не реагираше?
 
Vidi akumulatorot da ne e prazen godina i pol ne e malku vreme probaj so nekoj drug moze ke zapali :toe:
 
Штом е дизел во прашање, сети се дали ги остави греачите да работат додека изгасне портокаловото светло на шалт таблата или веднаш проба да верглаш по вклучување на контактот. Доколку светлото се исклучило а со верглање на клуч (ако воопшто сакал да завергла) не сакал да запали, електричар нека ти ги провери греачите...иако Голфовите со дизел и турбо дизел агрегати знаат без проблем да запалат и без предгревање. Исправноста на акомулаторот секако мораш да ја провериш. Доколку сево ова е во ред, греачите работат и моторот вергла, тогаш треба да се упатиш во сервис за бош-пумпи за да ти ги проверат дизните. Постои можност од стоење подолго време некоја дизна да е запечена и да „моча“ или пак воопшто да не пушта нафта. Крајна проверка која и јас би ја направил е мерење на компресијата во цилидрите која ако е под некој минимум кој е дозволен за тој мотор нема да овозможи негово стартување или пак ќе имаш многу тежок старт проследен со лошо согорување и голем о количество чад во издувот.
 
Замена за држач на прозор плус работна рака - 6900 денари во Кадис. Па да му ебам матер, не е држачот од злато правен!

Имам Кордоба од 2000та и ужасни искуства со Кадис сервисот, прескапи, а сепак неквалитетни. Радиото го средував кај нив, пак рикна, централната ја средував, пак прави проблеми....

Знае ли некој каде има друг сервис што работи и со СЕАТ, се надевам поефтин и поквалитетен од овие...
 
I know a guy...
 
Земи си и пена од дома, да те избричат правилно, оти вака на суво ќе те боли многу...

Држачот од 30 до 50 евра е нов во зависност од возилото. За менување, не треба од 1000 денари да ти земат повеќе во било кој нормален сервис.

п.с. овластените сервисери не ги сметам за нормални.

едит: држач на прозор???? Ова погоре шо ти го пишав е за мотор! За прозорот треба да е каде каде поевтино.
 
Замена за држач на прозор плус работна рака - 6900 денари во Кадис. Па да му ебам матер, не е држачот од злато правен!

Имам Кордоба од 2000та и ужасни искуства со Кадис сервисот, прескапи, а сепак неквалитетни. Радиото го средував кај нив, пак рикна, централната ја средував, пак прави проблеми....

Знае ли некој каде има друг сервис што работи и со СЕАТ, се надевам поефтин и поквалитетен од овие...

Од Кадис подалеку... пу пу,иам другарче има алтеа... изгор!
 
Прашање до стручњациве, вака ми проврти штраф на предно тркало на Југо, има гајле да се вози на 3 штрафа, 4 тиот штраф фаќа само малце.

позз
 
проблемот бил во алансерот и во четкиците. се истрошиле.
ги смени тие две работи и ми зема 2000 денари.
плус свирката ми ја поправи, свирев ко на свадба од мајсторот до дома :vozbud:
 
Четкиците ти се во алансерот значи тоа е една работа :D

--- надополнето ---

Прашање до стручњациве, вака ми проврти штраф на предно тркало на Југо, има гајле да се вози на 3 штрафа, 4 тиот штраф фаќа само малце.

позз

терај немај гајле. А сто ти е провртено штрафот или главцината внатре?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom