Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ауди а4 2003год караван 1.9 ТДИ 130кс ... И-то е црвено, зашто? има нешто нели?
Мислам дека со без црвени е најслаб ТДИ мотор со едно црвено појак со две црвени уште појак со три црвени најјак :vozbud:
 
Ауди а4 2003год караван 1.9 ТДИ 130кс ... И-то е црвено, зашто? има нешто нели?
Без црвено ТДИ е 1.9 со 105 коња. Со едно црвено е 130 кс, после имаш 2.0 ТДИ со 140 кс а со две мислам дека беше 2.5 ТДИ В6, ама поновиве се мислам со 2.0 ТДИ 170кс. А за три црвени не сум сигурен.
 
Без црвено ТДИ е 1.9 со 105 коња. Со едно црвено е 130 кс, после имаш 2.0 ТДИ со 140 кс а со две мислам дека беше 2.5 ТДИ В6, ама поновиве се мислам со 2.0 ТДИ 170кс. А за три црвени не сум сигурен.

ок,значи тоа е само за коњажата... на прв поглед да знаеш колку кс е... фала
 
Што гуми препорачувате да ставам?Летни,зимски,мешани :pos2: бидејки време им е за мењање иначе се 165/70 R13 ,и цени одприлика да кажете :)
 
Што гуми препорачувате да ставам?Летни,зимски,мешани :pos2: бидејки време им е за мењање иначе се 165/70 R13 ,и цени одприлика да кажете :)
Зависи која ќе им биде намената... јас на Ескордот ставив две нови напред, M+S Marangoni 175/70 R14 по 3000 денари за гума дадов. Задоволен сум поминав 6.000 км од фебуар до сега. Прилично добро држење имаат и на суво и на снег. Делот со снегот ми е тестиран неколку пати на Плетвар не очекував дека ќе имаат толку добри својства.

Е сега како ќе се покажат на екстра жешко, ќе видиме, мада досега вредат за сите пари :).
 
Па за типично градска-викендична намена :) Јас моментално имам Sava Effecta,не оти се разбирам ама ете од кога ја земавме колата пред 5-6-7 години :) беа нови до сега не сме имале проблеми,само што сега се (ги) излижа(в)а, и малку како деформирани се имаат некои ко набабрени местенца ама ситни и тоа е тоа.
 
Ако си за М+С најдобар однос цена-квалитет моментално е Тигар Винтер1 (винтерата). Цената не ја памтам.

Џиш, ме чуди тоа дека си задоволен од Марангони. Одамна не се тоа што беа.
 
Ако си за М+С најдобар однос цена-квалитет моментално е Тигар Винтер1 (винтерата). Цената не ја памтам.

Џиш, ме чуди тоа дека си задоволен од Марангони. Одамна не се тоа што беа.
Ами незнам што беа... кога ги земав се думав измеѓу Sava Eskimo, Nokian не се сеќавам кој модел беа и Marangoni. E сега дечкото што работи кај што се продаваат гуми на братми му е другар, ми ги препорача овие. Последни две беа, незнам од каде останале, па ги зедов. А и чисто за тест, бидејќи и задните гуми имам намера да ги менувам во блиска иднина, па ако не се покажеа добро, имав намера да ги ставам назад. Сега се думам дали да земам две стриктно летни, па да ги менувам напред/назад според сезоната лето/зима. Што викаш ти?

п.с. мислењава можат да одат во темата за гуми :smir:
 
Се работи за Југо Скала 55.
Проблемот е следен: Колата тешко пали а кога ќе запали работи само под саух. Ако се проба да се додаде гас, колата не ја прима гаста - моторот се гуши и на крај ке угасне. Исчистени се и дизната и филтерот од карбураторот (немаше некое ѓубре). Свеќиците се ок, каблите се заменети лани исто и разводната и палецот.
Претходно немаше апсолутно никакви проблеми со колата, се си беше ок. Ако има некој некаква идеја нека помага...
:salut:
 
mozno e da e benzinskata pumpa a moze i nekade da vlece falsh vazduh proveri prvo vazduh da ne vlece ubavo
 
Eј абе што е тоа со промоцијата на Киа Сиид ? Што е толку ефтина та 4500 евра кажи речи фул опрема ? Ај ако знае некој како иде нека пише пп ...
 
Eј абе што е тоа со промоцијата на Киа Сиид ? Што е толку ефтина та 4500 евра кажи речи фул опрема ? Ај ако знае некој како иде нека пише пп ...
Кај виде тоа да одиме сите по една кола да земеме? :D
 
Кај виде тоа да одиме сите по една кола да земеме? :D

Па ако имаш време обрни најодзади да видеш ... И преги баш на реклама ја дадоа на А1 ... 4500 :S дури смешна цена ... а се има ...

dc3jh4.jpg
 
Гледаш дека има ѕвездичка до цената во весникот скениран... што значи долу имаш некој услов за кредит/лизинг или старо за ново со 3-4 години плаќање по 100-150 евра месечно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom