Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Носи го на мајстор, тоа така се заглавува од жешкото. Или ако има некоја корса растурена за делови, земи ја таблата :)
nema vrska tablata pokomplicirano e, idi na majstor, ne probuvaj sam tesko deka ke go napravis.
 
Имам Алфа ромео 156 би скал да ми кажете некој добар сервис каде можам да ја однесам колата освен аутомобиле ск(таму е скапо ненормално).Некој асолен сервис за кој знаете дека добро работи
Ви благодарам
 
Имам едно прашање.
Дали во Македонија е забрането ставање на црни фолии на прозорите од автомобилите имам слушнато дека било забрането и дека поличијата давала казни за фолии?
 
Имам едно прашање.
Дали во Македонија е забрането ставање на црни фолии на прозорите од автомобилите имам слушнато дека било забрането и дека поличијата давала казни за фолии?
Точно така. Само, не дава туку испорачува уплатница во денарска противвредност од 250 евра.

А ако сакаш фолии, ке си отидеш во Новус, ке ти стават клима фолии кои се А-тестирани и одобрени од министерство за внатрешни работи (џанум не ставаат фолии што затемнуваат многу и можеш да гледаш низ нив и навечер) и тоа ти е. Потоа со листот во кој ти пишува дека се монтирани во Новус нема да те казнуваат, но ке те гњават секаде каде што ке те сретнат - нели на колата не пишува дали имаш А-тест за фолиите или не.
 
Значи забранети се, само од новус не се забранети.. ах. А исто се темни?
Јас знам во Дебар алфите ги тераа на сите „фраери“ да ги корнат со нокти на лице место тие темните пазарски фолии.
 
Значи забранети се, само од новус не се забранети.. ах. А исто се темни?
Јас знам во Дебар алфите ги тераа на сите „фраери“ да ги корнат со нокти на лице место тие темните пазарски фолии.
Види вака, забрането е да лепиш фолија каква ке ти текни на стаклото од колата. Тие што ги монтираат во Новус се со А-тест, одобрени и легални + ти дава документ дека си ги наместил кај него со кој го гарантира квалитетот. Незнам, можеби ги има и на друго место, кај некој трет. Јас за овие знам за нив ти кажувам. И несе многу темни, пропишано е колкаво е максималното затемнување во % на странични и задно стакло (мислам дека 30% на странични беше и 20% на задно стакло мада не ме држи за збор).
 
Баш ме интересира што ако има фабрички затемнети стакла колата и да ставиш 30% затемнети фолии :))) (нормално одат со документ) :pos2:
 
Баш ме интересира што ако има фабрички затемнети стакла колата и да ставиш 30% затемнети фолии :))) (нормално одат со документ) :pos2:
Не вервам дека ке ти се даваат 100 и повеќе евра за заебанција :)
 
Дали некој знае што и фали на запалка во кола ако не работи? Една претпоставка ми е откачена жица, другата дека е прегорена (наводно имало и такви случаи), не знам колку сум во право. А за да проверам уште нешто би прашал.

Како се вади таа запалка, како можам да ја размонтирам. За возило опел астра (запалката се наоѓа во пепелникот).
 
Да провериш усигурач да не е изгорен
Проверено, осигурачите ми беа први при проверката на цело коло. Едино не знам каде што немам пристап (задниот дел под радиото) дали е се споено како што треба и евентуално прегорено апартчето-запалката.
Затоа и ме интересираше како се вади, од напред или се одвртува од позади некаде. Да не направам беља ако го извлечам на сила.
 
Ајде едно СФ прашање :nesum:
Делови оригинални за Југо во Скопјево може ли да се најдат :nesvest:
 
Ајде едно СФ прашање :nesum:
Делови оригинални за Југо во Скопјево може ли да се најдат :nesvest:

Пробај да најдеш официјален дистрибутер. Кога купуваш дел од него потенцирај дека сакаш ОРИГИНАЛ. Доколку нема на лагер нека ти порача од Застава (вака другар ми купи прагови за Медитеран). Ако ти нудат Романски, Турски или Индиски делови макар и 20 пати поефтини не ги земај можат дури и нови да не работат воопшто. Доколку добиеш оригинален дел од Застава или од нивните кооперанит Искра на пример знаат да служат баш добро. :smir:
 
Ако може некој да ми даде информација за сите дилери на Опел во Македонија. Претпочитам во централна и источна македонија. Пошто во западна ги знам. Фала.
Итно!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom