Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Aндроник, земи си нови, се продаваат, и исти се и на 101 и на 128.
Мислам дури дека може да се најдат и оние за првите модели на 101 со жмигавците во нив (имаат дупка на средината напред).
 
Не знаев дека има и нови? Викаш по продавници? И како одат со пари?
 
Предни крила кај 128, да се пеглаат или да барам стари од размонтирани коли? Можат да се извадат и заменат? И дали одговараат од 101?

Поскапо ќе те фати китот отколку да си купиш крило. Не се замарај за Застава да крпиш.

87iv879.jpg


Вака направи го 128-чето...


Него имаш слики од него. Иам мерак да купам такво нешто и да го напраам како ова горе.
 
Имам нов мотор ставено, нова фарба, тапацирани седишта, ауспух...Каросериски е супер, само напред двете крила малце ми се собрани, а маската не е воопшто оштетена. Не сакам да ја продадам (засега) бидејќи моторот едвај 2000 км има поминато, комбинирано троши 7 литри...Ќе сликам некои слики ќе ви покажам.

Ме бендиса маската и светлата на ова напред, интересно изгледа. Може и ќе се одлучам за нешто слично. Имате други вакви интересни фотографии?
 
Засега ме заинтересираа два изгледи, и двата се со најмали модификации.

89-zastava-128-front.jpg


krzysiek02.JPG


Има некаде светла и слични тракатанции да се најдат (како на сликиве, бели или целосни)?
 
Како прво да го искорегирам 10101... Тоа хрватското е закон, ама за да личи така напред треба цел везен лим да менуваш. Колку е тоа исплатливо....

А Андроник од овие двата изгледи двата ти се слични со тоа што на првата имаат ставено плави халогенки во светлата (од тоа има добиено сивкаст изглед сетлото) и сијалички во боја на жмигавците кои наместо со стандард капачиња покриени се со плексиглас.

Втората е стандард, само имаат додадено фарови на браникот.
 
Има по продавници вакви светла?
 
Незнам за што ме прашуваш, за светлата или жмигавците... Ако се светлата, ставаш плави сијалици и толку :) А за жмигавците е малку покомплицирано. Се ставаат сијалички во боја (за жмигавец портокалеви кои се малку потешки да ги најдеш), и парче плексиглас кое треба да го изработиш да добие форма како жмигавецот. Инаку баш утре ке поминам до продавница каде што знам дека има крила со сигурност, и ке ти кажам која е цената за нив во Битола.
 
Супер. Јас утре ќе одам и ќе се распрашам и за такви сијалички, жолти ќе побарам, како оние за магла, или пак баш такви. Сакам и да ја средам таблата, да ја направам со светла целата да свети. Веќе кога ја средувам ќе се обидам да ја направам како оваа плавава. Бандажите не сакам да ги менувам, сакам оригиналните само сребрено да ги исфарбам. Треба да се шмирглаат, или бела основна па после сребрена?

Ќе ми треба и некоја полица за радио, бидејќи нема место предвидено. Сакам да најдам некоја полица како оваа овде.

89-zastava-128-interior.jpg


А вакви светла мислите можат да се најдат некаде? Или сосема прозирни?

89-zastava-128-spoiler.jpg
 
Овие се фарбани, со тоа што кругчето е лепенка, а тоа сребреното е лајсна која кошта 30 денари метро, самолеплива е но и заебана е поради тоа што од атмосферски влијанија знае да кородира а и да се одлепи. За бели, незнам дали ке најдеш и дали воопшто постојат. Струмикс може да прокоментира нешто ако знае....

Инаку мислам дека имам готови подлошки за километражите баш такви бели, само да ги принташ, пластифицираш и да ги вметниш во километражите (ако си заинтересиран).

За полицата веза неам како изгледа, така да неможам да ти помогнам, само немој да ставаш мрзливец за ламба во спална како што има тој ставено од лево под потенциометарот за таблата
 
Е тој мрзливецот ептен ја расипал сликата, а се друго е перфектно.

А за подлошките, не знам уште точно каква боја ќе ми требаат, само жолта имаш?
 
Беа во *.јпг формат ама неможам да ги најдам каде се... Позадина бела со црни бројки. Ако ги најдам ке ти ги пратам, па после можиш да си ги едитираш во фотошоп.
 
Бели пластики на штоповите (проѕирни) има, можеби на авто-пазар, а најсигурно во Србија.
И пред да ги монтираш, ставаш црвена и портокалова сијаличка на соодветните места (жмигавци и позиција/стоп)
Ако сакаш да ги тонираш во црвено (или било која бола), напишав тука.
бандажите, убаво шмирглање, па фина обработка со П2000 водна шмиргла, и за основа може да послужи миниум или прајмер (шприц кит ние тоа го викавме во ерата пред Дискавери).
Основата пак со П2000 водна и врз тоа си доаѓа бојата со минимум 2 слоја.
При шприцањето се почнува и завршува надвор од површината која се фарба. Оди горе-долу и лево-десно. Не го следи кружниот облик.
 
Како прво да го искорегирам 10101... Тоа хрватското е закон, ама за да личи така напред треба цел везен лим да менуваш. Колку е тоа исплатливо....

Не згрешив ништо да ме поправиш. Се подразбира дека мора да се смени целиот везен лим. Не е скап сигурно!
Проблем е само ова; Мора да се сечи предниот лим, значи не е како
кај Југо на штрафови.

Еве како почнаа...

35kka5s.jpg

42tyqux.jpg

Андроник: http://yugofanclub.com/forum/viewtopic.php?f=15&t=1193 бујрум!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom