Колата не ми е однесена на сервис од 2016 летото, значи 2 години, од кои 6 месеци воопшто невозена на асфалт, пошто не бев тука, а за тие две години поминати некаде 3-4 илјади километри. Ламбичката за сервис нормално си светнува од време на време. Сакам викендов да извозам до Грција и назад, па после тоа кога ќе има термин слободен да ја сервисирам. Августов извозив иста релација без никаков проблем.
Масло, филтри, едно друго, може нешто посериозно да заебе работа или уште 600 километри до таму и назад не ќе е проблем? Или да сменам масло само пример, кај некој локалец, па после се друго на овластен сервис?
Мицубиши 2013.
Со едно менување масло минимум 8 илјади можеш да поминеш. Кола се сервисира на поминати километри а не пред колку години биле некои ствари сменети.