Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво до сите, нов член сум на форумов и имам едно прашање , сега полагам за возачка и за 2-3 месеци би требало веке да ја имам , па во план сум да купам автомобил веднаш по земањето на возачката , за прв автомобил сум избрал да биде Ауди А3 2003-2004 2.0TDI па ако некој имал искуство со овој модел да сподели , недостатоци, добри страни , проблеми, потрошња на гориво итн.. фала однапред :)

одредени модели(мислам од 2005-07) имаат проблеми со брегастите од моторот. Иначе тој мотор уште од фабрика си троши масло, и тоа му доаѓа како нешто нормално.

Најбитно е во каква состојба е колата, а за тоа треба искусен човек да ја провери[DOUBLEPOST=1452964975][/DOUBLEPOST]
Некој совет не ми работи вентилаторот во кола, таканаречен heater, проверив осигурувачот е во ред, последно кога бев во кола си работеше денеска не работи. Пред тоа имав проблеми на моменти знаеше да зачкрипи како некој лагер (или шо и да е) во него не штима. Што би можело да е. Некој искуство и совет? :) Инаку се работи за Опел Вектра А.

Повеќе би верувал дека на лежиштата е проблемот ако шкрипело(лагерите). Ако само си пробал да го пуштиш и за кратко време си го исклучил, можно е да го спасиш моторот. А ако си го оставил прекидачот подолго врем-моторот бил во т.н. ``куса врска`` и можно е да е прегоре.

Ова важи ако е точен податокот дека кога работел моторот-шкрипел
 
Здраво до сите, нов член сум на форумов и имам едно прашање , сега полагам за возачка и за 2-3 месеци би требало веке да ја имам , па во план сум да купам автомобил веднаш по земањето на возачката , за прв автомобил сум избрал да биде Ауди А3 2003-2004 2.0TDI па ако некој имал искуство со овој модел да сподели , недостатоци, добри страни , проблеми, потрошња на гориво итн.. фала однапред :)
Како прво не смееш да возиш со толку коња ауто како возач почетник ...
избегни го тој мотор, со брегастата е скап дефект, плус и уште нешто ако те затера ... не е за возач почетник секако колата
 
Me interesira vase mislenje za BMW 320d '04, i kakva kola bi kupile vie do 6000evra
Мислење за БМВ-во немам, јас би купил Астра Х 1.4 бензин 2008 година, од прв газда со поминати реални ~80ккм, би си ставил плин и би се изнавозел :)

Sent from my Note 3 [SM-N9005] using Tapatalk
 
Me interesira vase mislenje za BMW 320d '04, i kakva kola bi kupile vie do 6000evra
Покрај тоа што германско и заден погон ако го даде за 3000 - 3300 евра ќе го купам
 
Како прво не смееш да возиш со толку коња ауто како возач почетник ...
избегни го тој мотор, со брегастата е скап дефект, плус и уште нешто ако те затера ... не е за возач почетник секако колата

Моделите после 2005 што се им се јавува проблем со брегастата , а во македонија законите многу многу и не се почитуваат
 
Последно уредено:
Моделите после 2005 што се им се јавува проблем со брегастата , а во македонија законите многу многу и не се почитуваат
Не го учи така, знаат да ти пишат казна без око да им трепне, јас го кркав уште пред 3 години, ме зачекаа со Ауди А6 2.5 тди 132KW/180HP, а имав уште месец и пол до изминување на забраната од 2 години, законски не смее со Б категорија да вози возило со моќност поголема од 75KW или 100HP.
 
Дечки ми треба малку инфо, што е ова (како се вика) на сликата и зошто служи?

1080p.png
 
Од пред две недели некаде кога ќе ја запалам колата првпат насабајле (и чекам да се загрее, стојам во место) стои моторот на 1000 вртежи 5-6 секунди и ќе изгаси. Кога ќе ја запалам вторпат си работи после тоа без проблем. Патем и првиот пат си пали без проблем, од прва, само по 5-6 секудни гасне. После во текот на денот си работи нормално, не гаси, ова само кога првпат во денот ја палам. Пали на бензин, а ја возам на плин.

Сакам да верувам дека е нешто поврзано со студеното време, ама и претходниве 3-4 дена кога не беше толку ладно исто се дешаваше. Имате идеја што може да е?
 
Ммм, а дали може да игра улога за потрошување на уље по малку?

Тој неможе до толку,ама турбината и те како може да игра улога во потрошувачката на масло..Мојата трошеше литар масло на 150 км,секако,пиксните на турбината отидени,осовината луфта ненормална имаше..Не течеше од никаде,колата палеше,влечеше исто,али димеше сино како ќумбе..Колку ти троши?И што возило имаш?
 
Здраво станува збор за југо, кога го палим пали добро прима гас се е ок. но кога кренувам губи на снага и почнува јако да сецка и да гуши односно да не го прима гасот, го сменив карбураторот и исто. Ве молам за помош. Поз....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom