ехехех ... секој својот коњ си го фали, така е тоа ... на секој неговата кола му е најдобра ... факт е дека колите од VW групација држат поголема цена од другите марки, а тоа да е така чисто случајно - СУМЊАМ , и тоа многу ... посебно Голф 2 и Голф 4 се магариња, со минимално одржување кое за наш стандард е повеќе од прифатливо и по нашиве патишта проаѓаат по пола милион како од шала ... не за џабе се продаваше 2ката толку колку што се продаваше... исто и со 4ката ... не бира уљиња, не бира гориво, не бира пат ... у предница нема ништо, а и тоа што има кошта 50 евра да се замени со ново и терај ... ја уште немам видено 4ка скапана или да покажала корозија некаде ... е сега у вожња е како чеза, како што имам кажано ... тврд, коските да ти ги растресе, ама дека трае - трае ... секаде мора да се направи некој компромис, нема идеално, да има сите ке возиме такво ... ама со голфот правиш најмал компромис во однос на другите од класата ... и ја не викам дека нема подобро од Голф, ама од тој ранг и старост 15 години, и цена од 3-4000 евра, сум многу убеден дека нема поисплатлив избор, не викам подобар, викам поисплатлив, а денеска 95% од нас купуваме кола која ке е исплатлива ... и незнам кој рече дека нов голф бил многу поскап од другите во таа класа и наведе пример Фокус и Мазда 3 ... нов Голф почнува со цена од околу 15 000 евра, Фокусот 14 000 евра, а Мазда 3 незнам колку е, ама мислам дека е и поскапа од Голфот ... ај не само тие, туку види дека и Меган почнува од над 14 000 евра, 308ца и она тука некаде, е Киа Сид е поевтин он почнува некаде од околу 11-12 000 ... Тојота Аурис почнува со цена од околу 14 000 евра, Хонда Сивик исто околу 14-15 000 евра ... горе доле сите се толку пари и не само голфот туку сите се скапи... да купиш хечбек дизел солидно опремен, од поквалитетниве марки што ги набројав треба да издвоиш 18-20 000 евра ... за 20 000 евра А5 се купува, не постар од 4-5 год ...