Факт е дека Ауди, Мерцедес, БМВ се полуксузни и поубави коли, но зависи колку си подготвен да платиш за одржување ако нешто се расипе.Одржувањето на редовни сервисни интервали горе-доле со Королата се исти, но ако увезеш половен автомобил ,тој ќе има поминато над 160000 илјади сигурно и ќе треба одржување.Сега не знам колку буџет имаш, ама Королота има доста висока цена, па можеш да разгледаш и Мазда 3 2-2 150 кс,во моментов според мене подобар избор од Корола, имам Корола, ама според мене моторот од 90 кс не е доволен, а друга опција Тојота не нуди во моментов, освен да нарачаш да ти достават 2.0 д4д но таа верзија на Корола е премногу скапа.Види и разгледај други опции, Ауди А4 2.0 ТДИ 140 кс е одлична кола и поевтина за одржување одколку ЦДИ на Мерцедес и БМВ.
До кај 19-20 иљади би требало,колку што е оној пакетот ЛУНА...башка сега даваат за цена на еден пакет-повисокиот...пример,ако купуваш терра пакет,ти даваат луна,или ако зимаш дизел,ти го даваат по цена на бензинец....за маздата баш сега ќе разгледам баш..по мобиле.де што ги разгледував колите,има бајаги убави,луксузни коли за таа пара,дури и што ќе фати со се превоз да ја донесеш до мк и да ја регистрираш...ама стариов мој е скептик,вика,тие се со натепани километри на нив,и како и да е ќе мора да и мењаме се од корен(цитроенот е донесен од бугарија и се му сменивме на него,лупнавме уште најмалку 1500 евра +) а деловите за нив,и самиот сервис бил поскап бајаги неголи ете за тојота или некоја друга кола земена од салон...башка тојотата(незнам за другите) има 5 години гаранција...5 години мирна глава ќе ти е..ама незнам,мене повеќе ме влече светото тројство неголи тојотава


бтњ-и ние имаме корола,2004 година од скратената верзија
