Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Не е ОК... 10 мин е премногу. Него... насочено ли е да дува према шофершајбната? Ако е, треба силно да дува... ако не имаш проблем со клапната, а тоа е најчесто некоја сајла откачена или изместена од шелните...

Па да насочено баш и сеа проверив,го свртев накај подот дуваше,ги затворив сите издуви така што цела издувна сила е насочена кон шофершајбната и беше ОК,барем од моја гледна точка. Ќе проверам утре во детали се.
 
Здраво колку чини царина на голф 3 1.9 тди 110 коња ?
 
Дали е можно да се полага/земе дозвола без полни 18 години(повеќе од 17 год 6 мес). Зборев со авто школата и велат дека било можно од 16 год да се земе дозвола, но ќе имало други услови за тестирање и дополнителни услови кога ќе се земе возачката дозвола.?
 
Golf 3 ako najdes sto ne e skapan pisi. 100 pati podobro Punto 1.1 Sole od 1999 godina i plus 350-380 eur plin. Vo pati poeftino za odrzuvanje.
Ke reces dizel na crvena nafta ama rizikot ako te fatat a ima kontroli e konfiskacija na kolata bez pardon.
Golf 3 najmnogu skapuva.
 
Ќе може ли некој да ми помогне и да ми даде совет што кола да купам? Се мислам помеѓу Пеглица и Рено 4... сакам стари коли. Знам дека и двете коли се стари и небезбедни, но дали Пеглицата е многу понебезбедна од реното? Исто така ме интересира која кола е поиздржлива. Фала однапред. :P
 
Купи 101 да те види господ:icon_lol: 5 ѕвезди на тестови за безбедност далечната 1970та
 
Ќе може ли некој да ми помогне и да ми даде совет што кола да купам? Се мислам помеѓу Пеглица и Рено 4... сакам стари коли. Знам дека и двете коли се стари и небезбедни, но дали Пеглицата е многу понебезбедна од реното? Исто така ме интересира која кола е поиздржлива. Фала однапред. :P

Кога веќе си запнал за стари коли-Фиат 1300?
 
Не би купил никогаш,вујко ми имаше оваков бел,со четири врати.Памтам еднаш прстите ми ги фана со тоа врата,уште белези имам.Ама Тико и оваа ако се судрат тешко на тој во Тикото.Сепак им помина времето и на овие.
 
изгледа за брзо време ќе се носат закони со кои ќе се затегнат оние кои се загадувачи,односно најавено е дека нема да ги поминат на технички преглед возилата кои се поголеми загадувачи од дозволеното......уверување дека за брзо ќе се случи тоа е што веќе на станиците за технички преглед започнато е мерењето на издувните гасови на возилото........

прашање е што со тие кои имаат такви автомобили,на кој начин ќе го доведат возилото во состојба да го помини техничкиот........на пример постари дизели со поголеми мотори,дали ќе мора да стават катализатори или на друг начин ќе го решаваат тој проблем(можеби дури и на отпад:icon_lol:)

колку ќе чини решавањето на овој проблем - мислења ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom