Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ми треба автоматче за брисачи за Пежо 306 2000 година. Некој да продава, информација кај да најдам?
Фала
 
Ми треба автоматче за брисачи за Пежо 306 2000 година. Некој да продава, информација кај да најдам?
Фала

Да сум на твое место, би го извадил тоа расипаното, и би тргнал по оние кои растураат (продаваат) половни делови и би барал такво од било што од ПСА групацијата (Пежо, Ситроен).
Тоа се делови кои не се исплатливи да бидат посебни за секој модел... така да верувам дека на првиот отпад ќе се најде такво нешто.
 
Преѓеска завршив работа за 1120 денари во Хубо, мислам дека ЕуроТоолс е марката на ланците.

Си можел со 200-300 денари да си поминеш поефтино,сепак ланци купуваш,не верувам дека некогаш ќе ги ставиш на гумите.
 
pa kazete kaj moze da najdeme poeftino. Spodelete ceni i prodavnici.
Carrefour гледав вчера,имаше за сите димензии на гуми,ама незнам толно цени за секоја димензија,мислам дека од 800-900 денари почнуваа.
 
Може ли некој да ми објасни повеќе за Рено 4? Дали може да се најде добро сочувано, дали има делови + дали се скапи, дали е безбедна кола и колку би ме чинело регистрација? Зборам за Renault 4 GTL.
 
Може ли некој да ми објасни повеќе за Рено 4? Дали може да се најде добро сочувано, дали има делови + дали се скапи, дали е безбедна кола и колку би ме чинело регистрација? Зборам за Renault 4 GTL.

R4 GTL... Сигурно може да се најде зачувано... Делови има. Не се скапи. Ланец комплет е околу 1500 денари, манжетни околу 400, комплет дихтунзи е 1500... Моторот е 1108 кубика, т.н. Cleon серија, која се вградувала во најразлични Реноа од некаде крај на 50-тите до средина на 90-тите. Има мислам 34 коња. Ако е среден моторот како што треба, со убаво наштелуван карбуратор троши културно околу 6,5 литри градска на 100 км.
Е сега безбедност... имај на ум дека R4 е кола настаната во 1961... далеку е од современите сфаќања за безбедност.
Регистрацијата е онаа најефтината околу 6-7000 отприлика.
 
Може ли некој да ми објасни повеќе за Рено 4? Дали може да се најде добро сочувано, дали има делови + дали се скапи, дали е безбедна кола и колку би ме чинело регистрација? Зборам за Renault 4 GTL.

Де бе што си запнал по овие канти?Малце ли автомобили има,па и за ова ли.Нели имаше TL и GTL,имаше мала разлика,дали во брзините,рачната или нешто друго.
 
Де бе што си запнал по овие канти?Малце ли автомобили има,па и за ова ли.Нели имаше TL и GTL,имаше мала разлика,дали во брзините,рачната или нешто друго.

Четворката е значаен автомобил од историски аспект!
TL GTL... многу разлика има... пред се во моторизацијата. TL е со 845 кубика, GTL 1108... и поопремен е :)
 
Дечки имамм проблем со стаклата (од внатрешната страна),се замаглуваат често а кога пробувам да ги исчистам само со обична сува крпа,никако неможе да се среди стаклото како што сакам.чисто,убаво без шари и слично.Некое инфо за одредени средства кои би ми завршиле работа.
 
A да си средиш парното, па да не се замараш со крпи?
 
A да си средиш парното, па да не се замараш со крпи?

Па парното ми се чини дека е ОК,само што му треба доста време да го среди сето тоа :)....некои 10 минути и повеќе додека се среди целото
 
Па парното ми се чини дека е ОК,само што му треба доста време да го среди сето тоа :)....некои 10 минути и повеќе додека се среди целото

Не е ОК... 10 мин е премногу. Него... насочено ли е да дува према шофершајбната? Ако е, треба силно да дува... ако не имаш проблем со клапната, а тоа е најчесто некоја сајла откачена или изместена од шелните...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom