Дечки,ми треба совет
Имам Ford escort 1994 год, 1.8 DOHC injection 115 коња бензинец.имам проблем со бензиската пумпа.
Пумпата ја сменив пред 2 год,наводно ми ставија оригинал пумпа за тој форд,и немав никакви проблеми се до вчера,и ми напоменаа да не го возам со малку бензин..бидејки може да цркне. Што ми се случува...во резервоарот имав околу 3 литра бензин,и додека возев до бензиска да сипам гориво автомобилот трокираше не влечеше убаво,стасав некако до бензиската,го исклучив моторот,ставив гориво за 1000 че,и проблемот се јави,пумпата зуи,работи но на празно,не носи бензин до моторот,моторот работи 3-4 секунди и потоа гаси...
Ја проверив и таблата со осигурачи мислев да не имам проблем со струјата,бидејки некогаш се случуваше пумпата да не работи уопште но го мрдав кабелот за напојување на пумпата која се наоѓа под задното седиште...е сега приметив дека од бензиската излегуваат 2 црева,некој "мајстор" цревата ги пристегнал со обична жица,но жицата беше рѓосана и уопште не ги стега тие 2 црева,исто така приметив дека мн мириса на бензин од бенсиската,што мислите дали влегува воздух и нема компресија,дали е затната пумпата и не повлекува доволно бензин...напред на моторот има и еден мал вентил кој е ист како каписла од гума,и кога ке го притиснам треба да фрла бензин нагоре,а кај мене го нема тоа,само по малку протекува бензин од него...значи пумпата работи се слуша звук но не е тој истиот што треба да биде,пумпата се однесува исто како да нема капка бензин во резервоарот..знае ли некој до што може да биде проблемот? Благодарам однапред