Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
@Mac)) На тебе ќе ти праа ќеф само Мерцедес/БМВ. Се друго е компромис. Најискрено.

Да да, а тој компромис изгледа ти е АУДИ:D

П.С. Изгледај го ова и можеби ќе си го најдеш одговорот.

 
Да да, а тој компромис изгледа ти е АУДИ:D
Мерцедес сака да биде Фолксваген. БМВ сака да биде Мерцедес. Ауди сакада биде БМВ.

За 10-15 години сите ќе праат исти коли само различен знак на хаубата.
 
Како тргнала работава за 10-15 години на знакот од ауди ќе има плус два прстени ;)
Се шалам малку, ама признај дека во многу работи замина понапред ауди во ова свето тројство во автомобилската индустрија.
 
Значи палам БМВ-то, седиштата топли. Радиото контролирам со команди од волан. Имам темпомат да не ми се здрвува ногата ако сам на голем пат. Радиото автоматски си зголемува гласо како забрзувам, за да ја слушам песната со иста јачина без разлика колко возам. Целата возачка конзола е накај мене завртена за да ми одговара полесно да ги контрилирам сите работи. Сите ретровизори ми се затемнуват автоматски да не ми пречат светлата на колите зад мене. Имам комфорт модул за коа отклучувам и држам копчето 5 секунди повеќе, ми ги отвара џамовето (или затвара коа заклучувам).....
Има еден тон ситници шо го праат возејнето поудобно и поќефски... Отколко да те однесе од точка А до точка Б.

И такви тракатанци од кола дизајнирана у 90тите... Произведена пред 14 години. Не ми се ни мисле шо имат новите БМВенца....

Нели е тоа малку претерано.И што дека ќе го држиш копчето 1 секунда помалце.А тие возачи што немаат темпомат во колите?Голем кур ако ја испружиш раката да смениш песна да попуштиш-понамалиш.Колку ретровизори има?Два.Се дава важност на не толку битни работи.Абе гледај моторот,подвозје,да не е скапана.И таму треба,масло,гориво,пумпи,серво,гуми,каиши.Ако не ти чини моторот џабе ти се сите горенаведениве гомнарии.(иновации)
 
Нели е тоа малку претерано.И што дека ќе го држиш копчето 1 секунда помалце.А тие возачи што немаат темпомат во колите?Голем кур ако ја испружиш раката да смениш песна да попуштиш-понамалиш.Колку ретровизори има?Два.Се дава важност на не толку битни работи.Абе гледај моторот,подвозје,да не е скапана.Ако не ти чини моторот џабе ти се сите горенаведениве гомнарии.(иновации)

Еми сега, за тебе ако не праа разлика, има човеци шо праа разлика. Ако колата ти е за точка А до точка Б, секаква ќе ти врше работа.
 
Ако добро разбрав се правеше муабет за повисока класа на коли, а тука малите нешта го прават попријатно возењето од точка А до точка Б, особено ако некогаш растојанието помеѓу тие две точки е 2000-3000км.
 
И што кур ако има даљинско за гаража горе во ретровизорот?Тебе како што гледам ти се поинтересни ситниците и глупостиве,од колку моторот.И што ќе ти е тоа конкретно?

Живеам во зграда со гаража и имам само еден клуч за неа, да направам уште еден би ме чинело 3-4 иљади мислам. Ако има ваква работа, ми значи мене.

И така не планирам колата да ја дрифтам или да се курчам со неа, сакам мене да ми прави мерак тоа што е внатре.

Ете Луки Јуниор најубаво опиша - милион ситници кои заедно го прават возењето поудобно и поќефски отколку да те однесе од точка А до точка Б.
 
mi treba sovet dali da go smenam pezoto 307 2004 godina na plin za bmw 320 2000 godina dizel i plus da mu doplatam 700evra ??? sto mislite dali e ok ili ne mi treba sovet falaa ;)
 
Него сакав да го прашам Dzish, дали како стандард доаѓаат бришачите со сензор и дали има даљинско за гаража горе на ретровизорот?

За второво ептен не верувам, али го имам во Handbook-от од 2001ва. :)
Дај инфо да видам како изгледа то даљинското... вака мислам дека на мојот нема ниту едно од двете, мада не сум сигурен... Имам фобија од буричкање по борд, еднаш сосема случајно буричкав, успат сум ја притиснал рачната 1 заб... умо ми го извај дури си ојдов дома да видам шо се дешава (ноќе беше), да титка да корни натре.

И што кур ако има даљинско за гаража горе во ретровизорот?Тебе како што гледам ти се поинтересни ситниците и глупостиве,од колку моторот.И што ќе ти е тоа конкретно?
Абе како напрајфте вие, шо ќе ти е ова, шо ќе ти е она, ќе дојдиме до моментот, купи си мотор, мењач и тркала = ЛАДА

А сигурно дека нема да му порасни к****т за 2 цм од џиџафките шо сака да ги има в кола.

mi treba sovet dali da go smenam pezoto 307 2004 godina na plin za bmw 320 2000 godina dizel i plus da mu doplatam 700evra ??? sto mislite dali e ok ili ne mi treba sovet falaa ;)
БМВ-то поновиот модел е? Јас би го сменал.
Не го мени. Најсериозно.
(Шо мотор има Пежото)
1.1 или 1.4 бензин. Типувам на овај вториот, посилниот.
 
Живеам во зграда со гаража и имам само еден клуч за неа, да направам уште еден би ме чинело 3-4 иљади мислам. Ако има ваква работа, ми значи мене.

И така не планирам колата да ја дрифтам или да се курчам со неа, сакам мене да ми прави мерак тоа што е внатре.

Ете Луки Јуниор најубаво опиша - милион ситници кои заедно го прават возењето поудобно и поќефски отколку да те однесе од точка А до точка Б.

Чим е од безбедносни причини океј.Имаше една случка во Велес пред 1.5 месец.Уплаќам ја во пошта,и слушам еден човек и вика на таа дај ми уплатница да пријавам колава ми ја украдоа.Пасат 2002 година,пред зграда му ја товариле.Таа во пошта го дупи уште толку,вика ем колата ти ја украле,па уште плаќаш да ти ја најдат.Се крадеше нафта,акумулатори,по куќи влегуваа,ама и цели коли со алармни системи,централно заклучување,со триста курци почињаат да ги крадат,не ќе да е на арно.Пред тоа на еден мој познаник Фокус му го украле пред очи.Запрал сиротиот цигари да си купи,го оставил запaлен и толку.
 
Здраво дали можи ако каблите на колата не чинат да ги да речам ''оштетува'' свекиците ??? и дали за кола со плин се ставаат свекици со 3 пипци ???
 
БМВ-то поновиот модел е? Јас би го сменал.

1.1 или 1.4 бензин. Типувам на овај вториот, посилниот.

2000та е пред фејслифт. фејслифт иде на сцена септември 2001ва со новите мотори (за дизел) и освежен изглед.
Бензинските понови м54 ги има и пред фејслифт од април/мај 2000та.
Јас не би го сменил, оти БМВто е најверојатно у плачевна состојба и се тера жртва..
 
mi treba sovet dali da go smenam pezoto 307 2004 godina na plin za bmw 320 2000 godina dizel i plus da mu doplatam 700evra ??? sto mislite dali e ok ili ne mi treba sovet falaa ;)
Aко ти е погодно количето чувај си го и свиркај си, особено ако БМВ-то е од оглас најверојатно увезено од Бугарија па не си ставај трн во здрава нога.
 
Дај инфо да видам како изгледа то даљинското... вака мислам дека на мојот нема ниту едно од двете, мада не сум сигурен... Имам фобија од буричкање по борд, еднаш сосема случајно буричкав, успат сум ја притиснал рачната 1 заб... умо ми го извај дури си ојдов дома да видам шо се дешава (ноќе беше), да титка да корни натре.


PDF-то ми е на iPad, нешто ми прави проблеми верзијата на PC и тешко е да го префрлам.

На ретровизорот, од левата страна (возачката), би требало да има 3 мали копчиња. Тие наводно се контрола за гаражна врата и се штелува со веќе постоечки клуч.

За бришачите, не сум прочитал уште како работат, ама сензорот за дожд наводно автоматски ги контролирал во зависност од тоа колку врне.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom