Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Мајсторе ако во некоја кола сум заљубен ондак тоа е деф АУДИ. Проблемот е што овие коли се скапи за одржување и тоа проектирано скапи веруј. Како што би рекол еден мој познаник „Ауди намерно ги прави така колите за да се навлечеш на нив, но ти навлекува и куп проектирани големи трошоци“.

Е да точно, посебно новиве модели :(
ти ја продаде киата? што планираш следно? слушам пасат :) ?
 
До 20.000 се донесува убаво половно Infiniti fx 35 ili fx 45 старо 7-8 години, по мое еден од полуксузните опремени теренци што може да се купи за таа сума. Нисан платформата ти е уште една гаранција за квалитетот на моторот и перформансите на терен.

2011-infiniti-fx35-front-angle.jpg

2004-infiniti-fx-45-immaculate-condition-many-upgrades_4577030.jpg
Колкава му е потрошувачката?
 
Колкава му е потрошувачката?
6 цилиндарскиот 3.5 би требало да јади околу 15, официјалната америчка страница вика 17 милји за галон во просек за 2004 та Инфинити фџ 35 што е околу 14 литри, но јас му давам уште едно плус заради квалитет на гориво.
Најголем проблем кај нас би биле деловите и покрај тоа што е Нисан моторот не знам кој би ти ја поправил електрониката ако се случи нешто, би рекол прескапа играчка за наши услови за во САД јас не би се двоумел.
Новиот со фејслифтинг е уште подобар.
http://www.infiniti.com/global/en/home#/models/fx
 
Е да точно, посебно новиве модели :(
ти ја продаде киата? што планираш следно? слушам пасат :) ?

Уште ја продавам да, сменив сеа гуми малку ја освежив. Инаку да планирам пасатче едно да довлечкам после нова година. Ми треба под итно и тоа караван неам со што роба да носам, а и плус као фамилијарно е одлично.
 
me interesira dali nekoj znaj kolku ke kosta carina na BMW e39 525tds od bg se komplet do nasi ? da ne se vrakam nazad po temite da citam ako mozi nekoj dami kazi fala !!
 
Ќе ве молам да ми каже некој зошто при менување од 3 та во втора при поголема брзина менувачот грчи како да фаќа на нешто а истиот случај ако се се прави при помала брзина не се случува ништо менувачот оди во ред. Дали е можно да има некоја луфта или сепак е појден некој забец на менувачот. Прво помислив дека нема доволно уље ама не беше до тоа. Дали може некој да ми каже воо што е проблемот ???
 
Најверојатно синхронот е при крај.
 
сакам да пршам дали ако во хладњакот(ладилникот) се стави 100% антифриз кои можат да бидат последиците дали може да се помеша со уљето во моторот ?
 
сакам да пршам дали ако во хладњакот(ладилникот) се стави 100% антифриз кои можат да бидат последиците дали може да се помеша со уљето во моторот ?
Можно е да ги нагризе гумените црева.
 
прашањето ми беше дали е можно антифризот да се помеша со уљето во моторот
Ако ти е дупната главата, дихтунзите се оштетени или блокот е дупнат може и обична вода да смеша со уљето. Генерално чист антифриз не може да се смеша со уље ако е се во ред со моторот.
 
Некој пробувал да ми ја обие мојата астра
Дали оваква брава може да се репарира и да одговара истиот клуч. И колку би коштало ова? Инаку бравата функционира најнормално со оргиналниот клуч.

чим ти работи бравата, тогаш иди на клучар, да ти го среди плехчето од цилиндарот (тоа на земја што си го нашол). од задна страна има како една кајла-осигурач што го држи истово. нај убаво е од некоја друга кола по отпадите да го најдеш истово, зашто ова треба да има и едно мало капаче што се мрда лево-десно што служи за заштита да не влегува вода во бравата. значи ова капаче точно за тоа служи, за да не влегува вода, прашина и ѓубре во бравата.
 
Никој во скопјево не продава само цилиндар. За да ги заштитам цилиндрите им ставив излоирбан, ја отклучувам со даљинско. Изгледа ќе треба до тетово да се иде. Еве што одговор добив од клучар:

"Od ova sto go gledam na slikite osteteno vi e kapaceto federot I leptirce koi gi nemate, za da se napravi ova najdobro e od nekoja rasturena astra da zemete brava koja treba da e zdrava I delovite od nea ce se prefrlat na vasata brava. Taa usluga kosta 400 denari.

Pozdrav"

Ама за пуста беља не најдов во Скопје.
 
сакам да пршам дали ако во хладњакот(ладилникот) се стави 100% антифриз кои можат да бидат последиците дали може да се помеша со уљето во моторот ?
значи, ако е се во моторт како што треба, нема теоретски шанси да се измешаат течности меѓусебе. втора работа е дека аке се стави чист антифриз треба сепак да гледаш од кого купуваш. ако е некој непознат и не проверен бренд многу лесно може да ти ги нагриза цревата или дихтунгот на главата и ТОГАШ ДА ДОЈДЕ до протекување на антифризот во маслото.

од друга страна користење на чист антифриз е паметна работа... зашто? затоа што ја дигаш точката на провривање (некаде околу 155-160 степани е) додека на водата е 99-100 степени точка на вриење. на разредениот антифриз (оно до -40) точката на вриење е максимална околу 115 степени. значи со чист антифриз, неможе да ти се деси да ти изгори дихтунг на глава, да искривиш глава или скршиш карика во случај да ти прегрее колата поради некој дефект (на пример прегорела перка или термостатот што ја вклучува). сепак чист антифриз нема да те спаси ако колата ти прегрее затоа што немаш доволно течност, т.е. од некаде капе или тече...

колку за компарација, јас повеке од 10 години турам чист 100% антифриз. пред повеке од 5-6 години, една застава 128 ја тестирав со прегревање. кренавме температура од 145 степени и не изгоре ни дихтунг ни глава се искриви ни карки скрши ни ништо. после 10-то то прегревање на таа температура, отидоа јабан гумиците на вентили, се стврднаа... само повторувам, зимајте ПРОВЕРЕН АНТИФРИЗ!!!! немојте непознати марки, многу лесно тој антифриз преоѓа во киселина. антифризот мора да има Ph вредност помеѓу 7 и 7,4. над тоа е база, под тоа е киселина. ако е киселина нагризува, ако е база ке ви ги затне цевките, пумпата, парното и хладњакот...
--- надополнето: Dec 11, 2011 1:14 PM ---
Никој во скопјево не продава само цилиндар. За да ги заштитам цилиндрите им ставив излоирбан, ја отклучувам со даљинско. Изгледа ќе треба до тетово да се иде. Еве што одговор добив од клучар:

"Od ova sto go gledam na slikite osteteno vi e kapaceto federot I leptirce koi gi nemate, za da se napravi ova najdobro e od nekoja rasturena astra da zemete brava koja treba da e zdrava I delovite od nea ce se prefrlat na vasata brava. Taa usluga kosta 400 denari.

Pozdrav"

Ама за пуста беља не најдов во Скопје.
па и јас тоа ти го реков. истотот... тетово појди, ке најдеш сигурно. и немора баш од таа астра што ти ја имаш да се тури. и од други опели одговара сигурно. незнам кои, ама сигурно паше и таа брава ја има на барем уште 30 други коли...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom