Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Imam Passat Volkswagen 35 godini star. Dali znae nekoj dali moze da go 'zamenam' ili nesto slicno vo nekoj od Volkswagen salonive vo Makedonija ili okolu?

Fala odnapred
Можиш да го замениш во Порше Македонија. Под услов да имаш уште 25-30.000 евра за доплаќање.
 
Imam Passat Volkswagen 35 godini star. Dali znae nekoj dali moze da go 'zamenam' ili nesto slicno vo nekoj od Volkswagen salonive vo Makedonija ili okolu?

Fala odnapred
Ти можеш да го замениш и ке ипадне како да го даваш старо за ново. Е сега тие ќе ти го проценат на околу (на памет) 500-600 евра и ќе кажат ’’Ќе го задржиме Пасатот и ќе ти дадеме попуст на било кое возило 600 евра,, е сеа ти види дали ти се исплати да им го дадеш или сам да си го продадеш за поголеми пари.
Факт е дека инпотерите на нови возила ги проценуваат старите возила далеку под реалната цена.
 
онак веќе не е онак... туку.. (читај аватар)...

туку за што кола беше муабетов? се се средува и се се оправа... значи... кога се отвара мотор мењај комплет карики на сите 4 клипа а не само на едниот... греота е... тоа е прво... второ, ако не е карика, тогаш е сигурно некој вентил, нај често издувен.. може да се репи со мењање на вентилот и се ке си биде во ред... од фабричната компресија 9,2 до падот 8,1 и не е толку страшно. тој мотор би требало да тера уште доста време... јас имам измерено мотори, поготово заставини што со 4,5 бари палат и работат... е сега, не влече онака саглам, трокира по малку на нагло давање гас, ама си брка работа... (и троши уље по малку се разбира) ама тоа на пад на компресија на пола... она што се вели е околу 10% пад на компресија и не е страшна работа... моли бога да биде вентил а не карики... за поевтино да пројдеш нели...

ако си заинтересиран кај мајсториве мои да те препорачам и да ја средат колата онака брзо брзо... со таква компресија на еден клип, сигурно и троши повеке... и тоа повеке за 20 до 30%... удри на есап, по пројдени 500 километри дека инвестицијата за сервис на вентил се враќа.... како и да е, ако ве интересира, јавете се на мајстор боро тел: 070-547-673 или 077-727-802 и кажете му дека алек ве пратил и ви го дал бројот... за да добиете на ургентност, т.е. да си фатите ред побрзо... боро подигал од мртви и сервисирал коли од кои многу мајстори се откажале... и ги поседува 2-те нај битни особини:
-прецизен и детален во работата
-не е со соништа да се збогати преку ноќ, т.е. реалене во наплатата за работа односно да не речам евтинџија е...

Прво големо благодарам до тебе и до Фолксваген за советите и информациите. Бев денес кај мајстор Боро. Типот си е супер. Ја отворивме главата, вентилите беа во ред. Па наредно беше ваѓање на клипот кај што е компресијата 1. И тоа е тоа, претпоставките биле точни, скршени карики на клипот. Иначе воглавно другото беше во ред. Тоа ситниците дихтунзи ова она се ќе ми смени. Па утре југцето накај поручек би требало да е готово.
А ова кано-еко системи денес го видов на една налепница на автомобил кај мајстор боро. :D
 
Да прашам нешто.....Сакам да одам кај некој механичар малце на пракса,да научам нешто за коливе,е сеа од Велес сум да не знае некој добар механичар да отидам месец два да видам нешто од нешто да поднаучам,ако знае некој од Велес нека пише...Сум заинтересиран за ова ептен..
 
Каде во Скопје има да се купи k&n средство за чистење на k&n филтер?
 
Утре планирам да ја полирам колата рачно. Ме интересира дали да земам течен восок или пак паста-восок?
 
Утре планирам да ја полирам колата рачно. Ме интересира дали да земам течен восок или пак паста-восок?
за полирање не постои ВОСОК туку ПОЛИР ПАСТА.. е од нејзе има течна или сува иако и во двете има по малку восок (така го викаат тоа а далеку од восок е) или силикон некој го вика тоа... значи препорачувам течна паста и за рачно и за машинско полирање... која паста и да ја одбереш за полирање, убаво исчитај го упатството за употреба. не се сите пасти исти. некои сакаат прво трљање па сушење па бришење а некои прво мачкање, па сушење на трљање со бришење...
..... А ова кано-еко системи денес го видов на една налепница на автомобил кај мајстор боро. :D
да, таму ми е магацинот... веројатно си го видел пикапот или една од колите...
 
Дали може серво воланот да престане да работи ако акумулаторот е слаб?
 
Дали може серво воланот да престане да работи ако акумулаторот е слаб?
Ако е со електронска серво пумпа да. Таква има на пежо 205. Инаку, не. Ако возилото работи (запали), дефинитивно одговорот е не.
 
за полирање не постои ВОСОК туку ПОЛИР ПАСТА.. е од нејзе има течна или сува иако и во двете има по малку восок (така го викаат тоа а далеку од восок е) или силикон некој го вика тоа... значи препорачувам течна паста и за рачно и за машинско полирање... која паста и да ја одбереш за полирање, убаво исчитај го упатството за употреба. не се сите пасти исти. некои сакаат прво трљање па сушење па бришење а некои прво мачкање, па сушење на трљање со бришење...
..

Мене ми кажаа да купам сува паста, бидејќи прв пат ја полирам колата, демек таа е погруба па првапат подорбо е со неа? Дали да полирам со памук или да купам специјална крпа ?
 
Ако е со електронска серво пумпа да. Таква има на пежо 205. Инаку, не. Ако возилото работи (запали), дефинитивно одговорот е не.

Се работи конкретно за Мерцедес А170 (w168), возилото пали, но цело време му свети сијаличката за акумулаторот, а сервото не работи воопшто.
 
Се работи конкретно за Мерцедес А170 (w168), возилото пали, но цело време му свети сијаличката за акумулаторот, а сервото не работи воопшто.
Види да не е скинат каишот... можно е да се врзани алтернатор/серво на еден каиш. И ако е скинат, јасно дека ем ќе ти свети сијаличката за акумулатор, ем нема да работи сервото. Ако имаш обртомер, и обртомерот нема да работи.
 
Го однесов на сервис и излезе дека алтернаторот не работел добро.
 
Вака сеа... еве едно прашање мене што ми се дешава последно време.. Имам Голф 4 тди, проблемот ми е тоа што што до пред 2 недели одеднаш цела шалтабла престана да ми свети ( копчиња за стакла, климата се околу мене) освен километражата што свети ама со мн слабо светло... Ги проверив осигурачите еден по еден и сите беа исправни, тие што беа наменети за тие светлата ги заменив, ама без никаква промена... што е интересното е од време на време светнуваат на 2 до 3 мин и се гасат. Бев кај еден локален електричар и ми рече дека може да биде до одпорникот кај сензорот за намалување и зголемување на светлото на километражата... Дали некој имал искуство со ваков проблем и дали некако успеал да го реши или па мислење до што од прилика може да биде...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom