За 1.5хди имам слушнато дека треба да бидеш спремен на еден сервис кој би коштал околу 1500 евра каде што се мењаат брегаста и ланец(се става 8мм ланец) и така нема да дојде до пукање на ланецот и до потенцијални други проблеми.
И јас периодов бев спремен на истото, гледав по огласи идев по плацеви, првично да земам СУВ, или ако најдам некој убав седан. Според мене не вреди за тие пари ништо што се нуди моментално на пазарот. Бев и кај Миро исто по препорака на други луѓе, ама он во глобала продава само Пежо и Цитроен и не ми се купуваше нешто од оваа групација токму поради тоа што го пишав, па се откажав. Ќе ја возам кантава додека не цркне скроз па тогаш ќе му ја мислам.