Чекај малку....Купуваш возило поради што има развиена сервисна мрежа,или купуваш возило да те служи......
Па форумот е полн со форумџии кои кукаат од Волксваген возилата ама на културен начин.Те масен замаец,те дизни,те пумпи,итн,итн.....
Дефинитивно преценети возила кои за жал зборувам за кај нас ги купуваат поради името.Чекај јас не патам од комплекс дали ке го турам дебелото месо во БМВ или Мерцедес......
Сега кога скоро сите производители произведуваат скоро идентични возила,зошто да дадам 20К за нешто што има беџ на Ауди на пример,кога можам да возам за 20К на пример Хонда која сега дава 1.000.000км гаранција а никој не ја погледнува а со квалитет е каде понапред од германските возила.....
Во последните 20 години е набиена фама дека германските возила се најдобри.Значи купувате нешто што ке го прочитате на реклама,а никој не ја гледа реалната состојба.
Огласите на автомобили е мерило кое возило е квалитетно.Па отвори Пазар3 и реклама5 и ке видиш.90% од возилата што се продаваат се токму германските...Она што не се продава,значи дека е квалитет,а бидејки ние сме самобендисани за германските возила,се бутаат цените на останатите брендови....
Еве примери еден куп....
1.Хонда....Нема ни за лек.Не зборувам за моделот пред 20 години туку за новиот Цивик или Акорд..
2.Нисан.....Кој видел последен пат Нисан за продажба...
3.Митсубиши...Иста приказна.....
4.Мазда.....Половна мазда се продава веднаш,а ако е дизел,веднаш бидејки технологијата е ТДИ ама преработена од Мазда без замајци и останати глупости од Волксваген....
Јас лично сум имал доста возила и од германски модели,французи,корејци,јапонци......Германските модели само нудат име и ништо повеке.....