несакам да те плашам но пред некоја година имав и јас сличен проблем со опел вектра, летото си палеше без проблем но кога залади и покрај сите исправни грејачи тешко палеше и откако ќе запалеше гасеше, послем тоа окако ќе запали немаше гајле, кај мене проблемот излезе дека е до бош пумпата, не дихтоваше убаво односно примаше воздух, колку што барав и истражував по нет тогаш најдов дека голем број возила ја носат истата бош пумпа bmw ауди и сл. односно возлила со година на производство од 1998 до некаде 2001 а токму кај сите овие таа е маната која мн често се појавува, незнам дали е истиот тип на бош и кај тебе ама поубаво распрашај се зошто доколу оставиш така односно ја мачиш на палење доаѓа до дефект и на електрониката на бошот а тоа веќе кошта многу повеќе, додека е со време провери си ја кај некој подобар мајстор, е сега можно е и да има проблем и со филтерот за нафта можно е и да прима некаде во доводниот ситем на гориво ваздух па и тоа да прави проблем ама секако мора да ја погледне мајстор и да елиминира еден по еден од мн можни дефекти.