Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ако е за пежото смени се комлет не е скапо. Најчесто паѓаат стабилизатори и јабучици. Комплет се да купиш сосем чаури на вилушка и кратките спони не би требало да те фати повеќе од 60-70 евра. Деловите се живо џабе, чаурите на вилушката се по 600 ден од страна, јабучиците по 450, споните по 500, стабилизаторите по 500.

И послем скапи биле французите за одржавање...:pos:
Не е проблем цената, проблем е колку ќе траат.
Два пати менувам држач на мотор во година и пол и пак е за менување гумицата е партал, јабучица и висеча имам менувано во 2 години 2 пати (од Матадор ги зедов првите, вторите од тука од Скопје од Ленди).

Инаку мајсторот ме тера да менувам цело рамено, знам дека се продаваат и се менуваат гумиците само, го мрзи да ги избива или џабе грешам душа?
П.С од каде да земам амортизери за 5та врата и држач на мотор + рамено од ФЕБИ?
 
Mozno e ramenoto da ide so podobar kvalitet na gumici.
 
Веројатно да, преку 2000ки е разликата на цело со само гумици иако не верувам многу во квалитетот, затоа и барам ако најдам некоја подобра фирма ако веќе плаќам цело да земам нешто поасално.
Ваквите делови на предница проблем е што не повлекуваат само нивна промена туку треба да центрирам и предница.
 
Кога веќе дискутирате за Пежо.
Мислење за Пежо 308 2011-12 год. со 1.6 е-хди 114кс ?
 
Не е проблем цената, проблем е колку ќе траат.
Два пати менувам држач на мотор во година и пол и пак е за менување гумицата е партал, јабучица и висеча имам менувано во 2 години 2 пати (од Матадор ги зедов првите, вторите од тука од Скопје од Ленди).

Инаку мајсторот ме тера да менувам цело рамено, знам дека се продаваат и се менуваат гумиците само, го мрзи да ги избива или џабе грешам душа?
П.С од каде да земам амортизери за 5та врата и држач на мотор + рамено од ФЕБИ?

Друже зависи како ќе се погоди. Генерално држачите од моторот најарно е да бидат оригинал фабрички. Тие колку што траат шанси нема други да издржат толку. Е сеа дали ти се исплати да купиш оригинал држач од овластен не знам.

Инаку на рамењата на постарите французи без проблем се избиваат чаурите, дури и преса не треба, се се прави со чекан и секач :D

За местење новите ти треба појак штраф и мутер и се местат без проблем. Е сеа може мајсторот како што рече да го мрзи. Реално одзема време ова, и прибидејќи денес се е бизнис, полесно и побрзо е за него цело комлет да се смени од колку да се матка со менување на чаури.

Рамено и држач не знам од каде ама матадор избегнувај ги во најширок лак...лошо искуство имам со нив со продавање на чкарт делови плус никаков однос кон муштерија.

За амортизери појди во Авто Лидер ама пази колку њутни тие стариот амортизер, пишува на него, ако е послаб нема да го држи гепекот, ако е прејак тешко ќе биде да се затвори гепекот ..
 
Претходните ги зедов од Авто Лидер, 4-5 месеци прогураа :D
 
Тогаш порачај од каросерија.мк. Гледам имаат доста избор, е за квалитет не знам.
 
Дали ги креваат да удираат на повисок агол, дали ставаат појаки од дозволеното не знам, али има возила кои и со средни ме прават буквално да не гледам ништо во тој момент.
На партизанска позади мене Ауди А3 од 1998 или Голф 3/4 не можев да приметам што точно беше буквално ме ослепе, мислев дека вози со долги светла ама видов дека иста јачина му се соборните светла со магленките. :pos:
Да му се плукнам во евтиниот лед, моите ретровизори ги напраи рефлектори, не можев на ниеден ретровизор да погледнам се додека не ме помина...
 
Се почести се вакви битанги, уште полошо е кога се разминуваш на потесни патишта, ми се има случувано по 2-3 секунди да сум апсолутно слеп и на тепка да држам правец.
 
Decki zdravo. So 10k eur sto podobro bi bilo da odigram, nesto novo od tipot ibiza, golf (so avt. kredit za preostanatoto) ili polovno passat 2017, isto 10k ucestvo ostanatoto na kredit/lizing? Fala, poz
 
Само ново...ако плаќаш кредит барем знаеш нова кола дека имаш. Да плаќаш кредит за половна кола не знам...пасатите од 2017 имаат по 150 000 км навртено па рачунај.
 
Последно уредено:
Само ново...ако плаќаш кредит барем знаеш нова кола дека имаш. Да плаќаш кредит за половна кола не знам...пасататите од 2017 имаат по 150 000 км навртено па рачунај.

Fala ti za odgovorot @argenthessis. Ako bi odel na polovno koj plac go preporacuvas kako opcija za kvalitetni vozila ?
 
Не знам друже ако баш сакаш половно избегнувај плацеви оти поштен плац нема во МК, оди во овластените продажни салони и прашај, понекогаш има доста добри коли по 2 до 3 години стари, купени од овде со цела сервисна историја.

Ова тие далеку подобра опција него од плац да земеш. Исто барај и од човек половно нешто поново ама пак ќе ти речам ново си е ново, батали половно. Кога си спремен толку пари да дадеш земи нова кола.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom