Како и за многу работи така и за ова, има закон и кај нас, ама не се почитува и не се спроведува во пракса.
За било кое светло на моторно возило кое поминало тех. преглед има пропис во која боја смее да биде, колку јако да свети, и со кој агол и во која насока.
За соборени светла, снопот треба да биде со некој агол надолу (обично околу 1 до 1.5 степен) за снопот да завршува на околу 50-60 метра пред возилото.
Ако свети нагоре или право (паралелно со асфалтот) многу јасно дека ќе смета на тие што ида од спротива. Ова се дешава поради сељачизам (шо го ебам, мене да ми се гледа пред колата) или поради едноставно техничка неписменост, буквално ќе се зачудиш кој е процентот на луѓе кои не можат да наместат сијаличе правилно во фар, па ќе биде накриво и ќе свети кизнај каде.
Друга работа што ледовите и ксеноните светат ептен силно во споредба со обична сијалица па се ствара одблесок и имаш проблеми поради што окото тие адаптирано на темнина и иде некој сељак одспроти со ксенони од купени од пазар и ќе ти ги извади очите.
Само за инфо, обична сијалица (H1, H4, H7) е околу 1500-1600 лумени, ксенони има одамна по над 3000-4000 лумени, ледовите се дури и појаки.