Само Monroe Reflex. Застапници за МК се Авто Мобил, Скопје. Јас имам ги имам сменето на сите четири тркала со овие, и можам да ти кажам дека се одлични.
Репарација не би ти препорачал. Никогаш не работат како што треба репарирани амортизери а и често не е и нешто многу поевтино да репарираш него нови да купиш.
Пример репарирање просек по амортизер тие 1000 - 1200 ден, а веќе 2000 - 2500 имаш нови. Сепак цената зависи и од возилото и од амортизерот.
За предните амортизери секако препорачливо е да смениш и лагери и буфери...остај мајсторското абе арно е, ќе тера...утре пак ќе ти земе пари кога треба пак да се растура колата за лагери и буфери да сменат.