Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Сакаш бензински да ставиш? Ако ме прашуваш мене, стави му 1.7 TD исузу, ќе го избегниш трошокот за А-тест (100 евра) + ќе почниш да се жалиш дека троши бензинската и ќе треба и плин да ставаш. Инаку не е лошо да прошеташ по авто плацовите низ Скопје и Тетово. Се наоѓаат мотори за 200-300 евра. Колку солиден е прашање. Сепак можеби ќе имаш среќа да го најдеш монтиран на кола па да го повозиш пред да го земиш.

п.с. имаше во Битола Астра 1.4 i (бензинска) од 1995 комплетна, да ти текнеше за празнициве да пишеше ќе проверев што како каде. Мислам дека уште ја има, ама незнам кога ќе одам за Битола.

inaku motorite na isuzu šo se staveni vo opel, katastrofalno lošo se pokazaa,
mislam deka benzin si e benzin, dizel samo nov ako kupuvas pa i toa T :) toa turbo kaj dizelite znae mnogu pari da te čini :) srekno
 
Фала ви за советите. Деновиве ќе видам што може да се најде по плацеви за купување цело возило (да сменам кола) и/или само за мотор...ќе видиме.
 
За дизелите на исузу во Опел си грешка... 1.7 е најдобриот дизел од Опел засега. Одкако раскинаа соработката со исузу, Опел се врза со Фиат, па ги вградуваат Фиатовите ЈТД мотори. Ни тие не се покажаа којзнае како.

Бензин е бензин да, но проблемот е што 1.4 бензин има да пие 10 литри низ град ко ништо. Можеби и повеќе. А штом веќе еднаш си возел дизел возило, тешко дека ќе се вратиш на бензинец, најмногу заради економичноста.

Фала ви за советите. Деновиве ќе видам што може да се најде по плацеви за купување цело возило (да сменам кола) и/или само за мотор...ќе видиме.

Една од опциите е да се одтарасаш од Астрата. Па нека се чади некој друг со неа. Но, прашање е во каква состојба е остатокот, и што ќе земиш како замена. Стварно мотор е 300-400 евра, но ако ја дадеш по некоја мизерна цена, а згора на тоа остатокот е зачуван и солиден.... прашање е дали ќе биде иста таква новата што ќе ја земеш. Прилично солиден авто-отпад се спрема да се увези. Отварај очи бидејќи 4 амортизери да треба да промениш = моторот во Астрата (да не ти споменувам гуми, зглобови, јабучици и тн), па новата да ти дојде соленка.
 
де ако знае некој линк од некоја фирма што мести гаражи на даљинско нека постира, глеам по вие роломатик.... ама никакви информации нема за цена, димензии и што ти знам.
 
ај едно прашање дечки.. иам нисан сани 1991 16 SLX ... пробувам да ја извадам декорацијата од вратата али некако не ми иде.. значи извадив СЕ шо можеше штрафови осигурачи едно друго али имам еден проблем. рачката што е за отварање врата неможам да ја извадам НИКАКО! ни осигурач има ни штрав ништо! ако некој може да ми помогне мн ке му бидам благодарен..
 
Шо сакаш да извадиш? Не ми си јасен... и за која рачка правиме муабет? Внатрешната или надворешната?
 
внатрешната другар.. сакам декорацијата да ја извадам за да сменам звучници на вратата..
 
Хаха.... тапацирот сакаш да го вадиш :smir: сватив сега. И проблемот ти е што рачката за отварање на вратата нема никаков штраф, не се гледа како е прицврстена, а тапацирот не излегува од неа :)

Решението е прилично просто. Рачката и внатрешниот дел од фиксната пластика се прицврстени на вратата, додека над тапацирот стои само рамка. Не се приметува каде се споени, бидејќи така е рамката дизајнирана. За да ја извадиш, само нежно постави штрафцигер помеѓу рамката и тапацирот, и полека завртувај го. Одма ќе излезе, но внимавај, пластиката е прилично танка и не трпи големи оптеретувања т.е. лесно може да се скрши.

Исто за враќање, намести ја од горе на фиксната пластика и притисни ја по цела површина да легни...

Еднаш ако ти успее, си ја научил лекцијата за цел живот :)
 
и ја најдов цаката. 3 скриени осигурачи имала... постов го видов отпосле но сепак фала ти џиш

ај да прашам нешто друго... има ли некој некаков програм за дизајнирање коли поточно не да почнам од почеток да измисувам некоја X кола.. него општо пример додавање спојлери ширење крила промена на ентериер на внатрешност гуми бандаши дрн дрн дрн...ако има давајте линк од кај да симнам...
 
Има ли некој купено до сега од Бугарија некое половно возило, и како иде се?

ја конкретно за ова сум заинтересиран

http://nfs.mobile.bg/pcgi/mobile.cgi?topmenu=1&act=4&adv=11269781323010967&f1=details

некако е ту гуд то би тру, ама пријател зема од плац во бг сеат ибиза и вкупно со се регистрација и акцизи и се (мито) го фати околу 3100 евра
 
2000лв. п'рвоначална и 42вноски по 300лв с платено авто каско за цјалата 2010г.
или во превод 1000евра плаќаш и ти остануваат уште 42 ради по 150 евра, платено каско за цела 2010
 
Колку пари платил другар ти за колата во бг за сеат ибиза без вкупно со се регистрација и акцизи и се (мито) ???? За што земаат мито ???
 
Нормално дека земаат мито ... кај нас све поминува со мито, па и колите не ги ни прегледуваат ко што треба, дај му кешче и вози
 
Колку пари платил другар ти за колата во бг за сеат ибиза без вкупно со се регистрација и акцизи и се (мито) ???? За што земаат мито ???

Нешо требало да му искуцаат и испринтаат, платил таму 20 евра, на полиција уште 30, на граница 30 и уште нешто...

2000лв. п'рвоначална и 42вноски по 300лв с платено авто каско за цјалата 2010г.
или во превод 1000евра плаќаш и ти остануваат уште 42 ради по 150 евра, платено каско за цела 2010

Сакаш да кажеш уште 6000 евра треба ?????
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom