Совети околу мотоцикли

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Епа красно :) Се мислам да купам некој постар Томос па да го реставрирам (веројатно хром + црна боја) и "малку" да ја чепнам машината. Може ли некој да ми каже кој модел би бил најпогоден за ова и колку пари треба да се стават во игра :smir:
Зависи шо сакаш автоматик или брзински.
 
Искрено за тјунинг на кола знам и повеќе од доволно ама во моторите не се разбирам баш најмногу. Што се предности и мани на автоматик/брзински некој во кратко ако сака да објасни. Повеќе ми се бендисуваат оние Томоси со помалку пластика а повеќе хром мислам дека тоа се постарите модели?
 
Па да ти кажам не знам многу за тјунинг за брзински ако си решен за автоматик може да ти помогнам.А иначе ATX и CTX(брзински) се крос верзија , APN е брзински и нема нешо некоја лика.Автоматик ги има повеке модели (тарга, спринт).А ти шо викаш сакаш со повеќе хром тоа ти се постари модели негде осумдесетите години и мислам дека тоа се само автоматик.Разлика автоматик/брзински е во менувачот друго се е исто.
 
Разликата е во тоа што со менувач е далеку побрз. Максималната можеби е иста, ама 6-ка има многу добар старт...

Кога сме кај реставрацијата, првите модели на Томос се практично велосипед со мотор. Имаат и педали за помош на машината на нагорнини ако не оди. АПН моделот е познат како АПН3 има 3 брзини кои се менуваат на луд начин. Кунплугот освен што се притиска за раздвојување, рачката се ротира нагоре надолу и ја одредува брзината.

Еве ја 3-ката
apn4m.jpg


Искрено ако се прашувам јас, еве ти нешто како за тебе. Реставриран, а и не бара многу пари. Кога би имал, не би се двоумел воопшто.
 
Хехе добар е и овој ама не баш до толку стар модел. Повеќе би сакал нешто помало а брзо. Можеби нешто во овој стил
 
Епа тоа е автоматикот ама за да направиш такво несто треба да си ептен страшен мајстор :vozbud:
 
Хехе знам дека треба доста труд и искуство, но би можел ли некој да ми каже колку приближно би чинел таков пројект? Каква е кај нас состојбата, можат ли кај нас да се најдат или искомбинираат такви гуми / рачки / спортски издуви за автоматикот...
:vozbud:
 
За цена точно не знам да ти кажам ама нема да е многу.За гуми не знам дали има такви кај нас ама има гуми сава слични на овие, воланот може да најдеш некоја хромирана цевка и некој да ти ја извитка како шо сакаш, издувен систем има од оние резонантните хромирани мислам ласер беше фабриката шо ги произведува.Предниот браник може некој шо се разбира од пластики да ти го стокми а репот на моторот од некој друг спортски мотор. еве ти една моја идеа. :wink: :wink: :wink:
 
Е фала брат тоа барав. :smir:
Ако некој има уште некоја идеја и информација слободно нека каже, а ако го почнам проектот на лето ке постирам се тука :smir:
 
Бандажи вакви можам да ти најдам одма :) Уствари веќе ги имам, на шасија од Yamaha RD (нема мотор). Комплет ја давам 100 евра, ако те интересира мислам дека можеш да искористиш еден куп делови од неа во томосот, вклучувајки го тимонот, амортизерите....
 
Бандажи вакви можам да ти најдам одма :) Уствари веќе ги имам, на шасија од Yamaha RD (нема мотор). Комплет ја давам 100 евра, ако те интересира мислам дека можеш да искористиш еден куп делови од неа во томосот, вклучувајки го тимонот, амортизерите....

А итно ја продаваш или ќе биде кај тебе до лето?
 
Ја продавам додека не се најде некој да ја земи... ја имам веќе 1 година, се јавуваат, дојде еден ја гледаше изгледа се попишмани.

Претпоставувам дека ке ја имам до лето.
Еве како изгледа (задната гума е ганц нова)
моментално изгледа вака без машината


на оваа слика е сосе машина (која отиде...)



п.с. гледајки го томосот погоре, комбинацијата со Јамахата може да биде далеку подобра (ако ја искористиш предницата, централниот заден амортизер, диск сопирачката и бандажите, седиштето....)
 
Во право си би можеле да се испористат некои работи се надевам дека пасуваат. Во случај да се одлучам за таков пројект ќе те контактирам преку форумов. :smir:
Да не знае некој како се направени тие помаранџести линии на Томосот горе?
 
Мислиш на бандажите? Епа запримети на јамахата се црни со сребрено. Направи го сребреното црвено, лилаво, портокалево... ете ти го ефектот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom