Совети... Како да ги оставам цигарите?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
мислам дека никој не е зависен од цигари, тоа е само навика, а на секоја навика има и одвика, сепак е до цврстината на карактерот додека не се убедиш самата себе дека од утре е стварно крај, неможе никој да ти помогне ,само што јас на пример секој втор ден од утре не пушам сепак пак и пак палам цигара , свесна сум и самата дека не сум до толку зависна , свесна сум дека се штетни цигарите, ништо не постигнувам со нив али незнам ни јас самата зашто.. -.-
 
dedo mi bil pushach ushte od ko se rodil .. znachi pushel negde 20 godini ama ko rekol ne pusham i ne pushel ... Preku nojCH prestana da pushi :toe:
 
Година ипол бев пушач и еве сега после толку време, не сум запалил цели 2 недели хехе :) Се е во желбата и вољата за да се остават.Пробај да го избегнуваш кафето мислам дека ќе ти биде барем малку полесно .. но немора да значи дека право тоа ќе помогне, секој организам е различен и неможе да се одвикне без мака од нешто.Мене најмногу ми прави мака после јадењето но некако успеав 2 недели да се воздржам да не палам :)
 
Па коа си се правел фраер пред пи*** на средношколски години со цигарче во уста.... сеа мисли му ја што по брзо да се одвикнеш.

Иначе треба да бидеш цврсто решен дека сакаш да ги оставиш а кога ќе идеш во дуќан по кутија цигари застани малце и купи друго бе ако толку си решен :smir: :toe: Среќно.... :)

Ма не сум се правел у средно фраер :) За голема беља пропушив после матура бре, кретенизам :)
 
Најпрво горд си сум на самиот себеси шо пишувам на темава и шо ќе го споделам моето лично искуство.
ПушЕВ 6-7 години активно (кога велам активно значи стандард со секојдневно купување на барем кутија цигари без гребење).

Денес ми е 24 ден откако немам цигара ставено во рака,а камоли во уста. Едноставно пред 3 и кусур недели си станав од сабајле и реков ОД ДЕНЕСКА НЕ ПУШАМ! Во овие 3 недели ме фаќаат кризи да запалам и со кафе и со алкохол и после јадење и во една ситуација на ОГРОМНА нервоза и бес ама во ниту еден момент не паднав во искушение за да запалам и тоа што сам себеси си го ветив да си го порекнам,без разлика колку многу сакав во моментот да запалам цигара и да ја истргам на двапати!

Немав никаква причина да прекинам со цигарите освен можда само една: Ојачување на сопствениот карактер.

Значи не велам дека никогаш во животот повеќе нема да запалам,меѓутоа засега еве точно 24 дена до денес немам запалено и не планирам па ќе видам до кога,а и баш ме интересира која ќе биде причината кога ќе запалам,а после овие денови без цигара ,а исполнети со многу проблеми и ситуации во кои што цигарата тврдам дека ќе ми бидела пропратен дел од цела ситуација јас ете собрав сили да не запалам.

Иначе во врска со моментот кога ми иде да запалам цигара: земам нешто на пример чаша сок или млеко или нешто онака за грицкање (богами и нокти :kesa:) или пак едноставно пробувам да заборавам,т.е. да сменам мисла дека ми се пуши цигара.

Сеуште сум во фаза на откажување па се надевам дека добро ќе ми иде и понатаму и слободно ќе се впишам во друштвото на НЕпушачи :smir:
 
Јас ги откажав со електронска цигара, пушев со неа првите неколку дена додека ми беше најтешкиот период и потоа воопшто не запалив.
 
Значи кратко и јасно , ми треаат совети како да ги оставам проклетите цигари.. пушам веќе 4 години скоро, и осеќам како ми штетат , како сум зависен од нив.
Ако има некој што пушел и сега престанал уште подобро,ама не ме интересираат оние од типот, ти треба воља, остави ги ја ќе ги најдам и слично :pos2: .


фати си женска која мрази цигари , па од преголемата љубов кон женската , некако ќе се откажеш ....све за љубав :)
 
фати си женска која мрази цигари , па од преголемата љубов кон женската , некако ќе се откажеш ....све за љубав :)

Па може скришум да пуши цигари :)никој не ти гарантира.
Инаку тешко е да се откажеш од цигари.
Знам по братучетка ми...
Само со упорност може да се постигне.
Штетни се цигарите бре,остави ги,ке ти се загадат дишните органи...
Ок пробав да те заплашам ама не ми иде најверојатно.
Избегнувај лица кои пушат цигари,тргни ги некаде каде што нема да ти се на дофат...
 
Значи кратко и јасно , ми треаат совети како да ги оставам проклетите цигари.. пушам веќе 4 години скоро, и осеќам како ми штетат , како сум зависен од нив.
Ако има некој што пушел и сега престанал уште подобро,ама не ме интересираат оние од типот, ти треба воља, остави ги ја ќе ги најдам и слично :pos2: .
Ти треба јака желба и ќе ги оставиш. Јас бев пушач 8 години и од три кутии цигари на ден, останав на ниту една запалена цигара ни мање ни више туку година и два месеци. Едноставно сфатив дека ми пречат, ме нервираше што секое сабајле не можев 2 саата да се искашлам, се чувствував поспана, уморна. Се будев со главоболки, а сега ги немам тие проблеми. Кога ја допушив последната цигара, бев цврсто решена да ги оставам цигарите. Мислев дека нема да успеам и првите десет дена беше тешко за издржување, ама сега после година и два месеца сфаќам дека само џабе сум фрлала пари за цигари, кога и без нив живеам, пијам кафе, не се здебелив ко шо викаат, не гнетев неконтролирано у почетната фаза на откажување. Треба да сакаш да ги оставиш цигарите, за да успееш во тоа.
 
Еден од гордите што ги остави цигарите после 5 годишна дружба :vozbud: .Си настинав,и при секоја настинка цигари пречат и си реков-Е не палам веке цигари...и така еве месец,месец ипол веке немам запалено цигара ниту пак ме тера умот натака,не ми е проблем да ги гледам другите,проблем ми е да седам во зачадена просторија(ми пречеше и додека пушев),со алкохол сум издржал на неколку круцијални концерти и кафани така да........не е толку тешко како што мислите :)
 
Освен воља и свест - незнам што друго бараш ... нема полесен пат ... тоа е тоа ..пушењето е навика/ зависност ... треба време од тоа да се одвикнеш - жалам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom