L
Liberation
Гостин
Во денешниот свет на себичност, малку останало од вистинското пријателство. И тоа што го има, повеќето е од корист.
Неколку поуки кои се особено важни за создавање и одржување цврсти вистински пријателства и другарства. Листата надополнувајте ја со свои размислувања и искуства.
Неколку поуки кои се особено важни за создавање и одржување цврсти вистински пријателства и другарства. Листата надополнувајте ја со свои размислувања и искуства.
- Внимателно одбирајте кој ќе ви биде пријател
- Бидете внимателен слушач
-Немојте само да ја чекате вашата шанса за да зборувате. Дозволете и другите да го кажат своето мислење и слушнете што сакаат да ви пренесат. - Внимателно давајте одговори
-Дури и кога сте изнервирани, обидете се да возвраќате смирено. Пријателот можеби несакајќи ги повредил вашите чуства, но тоа не значи дека треба да му вратите. - Сочуствувајте се со вашиот пријател
-Ова колку и да сакате, не зависи многу од вашата слободна волја (или сочуствувате, или не), но можете да се обидете да се ставите во улога на вашиот пријател и да сфатите како му е. Девојките повеќе сакаат да ги чуете и да си ги кажат маките, додека ако машки пријател ви се отвори, тогаш најверојатно бара помош од вас. Затоа, на првите кажете им дека ги разбирате, на вторите понудете им решение за проблемот. - Бидете чесни, искрени и доверливи
-Не кријте ги од нив вашите верувања, ставови, размислувања. Бидете свои, бидејќи така вашите пријатели повеќе ќе ве почитуваат. - Почитувајте го нивниот став
-Сосема е нормално да не се сложувате по одредено гледиште со ваш пријател, но тоа никако не значи дека треба да го негирате и нереспектирате нивното видување. Ова е навистина тешко доколу имате дијаметрално спротивни мислења, но имајте на ум дека е можно тоа што за вас е правилно, за нив да не е. - Бидете пример
-Ако сакате грижливи пријатели, тогаш со своето однесување покажувајте и докажувајте го тоа лично. Така сличните на вас, полесно ќе ве забележат. - Давајте им позитивни забелешки на пријателите
-Вашата љубов кон нив, можете да ја покажете со искрено давање комплименти во врска со нивната добро извршена работа, нивниот изглед, нивните позитивни карактеристики. Со тоа ќе создадете атмосфера на приврзаност кон нив, а тие ќе ви возвратат со повеќе доверба. - Простувајте
-Ако ве повреди некој од пријателите, размислете добро дали било намерно или не. Простете, почнете одново. Со тоа нема да дозволите лутината да се претвори во гнев и болка, а пријателот ќе го направите многу повнимателен. Сепак, имајте своја граница. - Поминувајте доволно време со пријателите
-Одвојувајте доволно време за да правите некои работи заедно. Излезето во група на кино, на прошетка, на кафе, на концерт, организирајте заедничко искачување на Водно или одење на Матка, заедничка пијанка со или без повод... Ако некој од пријателите ви е далеку, испратете му СМС, ММС, меил, разговарајте на телефон, МСН, Скајп... Со тоа ќе го одржите контактот, а покажувајќи дека не сте ги заборавиле, ќе ја заврстите пријателската врска. - Исполнувајте ги ветувањата
-Ако нешто им ветите на пријателите, обидете се со сите сили да го исполните ветувањето. Ако не сте сигурни дали можете, кажете дека не сте. Ако заради објективни причини не сте успеале да го остварите ветувањето, не стегајте се да се извините. - Правете нови работи заедно
-Прва заедничка посета на зоолошка, луна-парк, банџи-скок, посета на новоотворен локал, гледање нов филм... - Помагајте им
-Ако некој од вашите пријатели има потреба од ваша помош, помогнете до границите на вашите можности. Помош при домашна задача, изработување семинарска работа, есеј, одржување на компјутерот... Само, не претерувајте, за да не создадете ситуација каде пријателите зависат од вашата помош, бидејќи тоа може да премине во искористување.