Совети и искуства за градење цврсти пријателства

  • Креатор на темата Креатор на темата Liberation
  • Време на започнување Време на започнување
L

Liberation

Гостин
Во денешниот свет на себичност, малку останало од вистинското пријателство. И тоа што го има, повеќето е од корист.

Неколку поуки кои се особено важни за создавање и одржување цврсти вистински пријателства и другарства. Листата надополнувајте ја со свои размислувања и искуства.

  • Внимателно одбирајте кој ќе ви биде пријател
  • Бидете внимателен слушач
    -Немојте само да ја чекате вашата шанса за да зборувате. Дозволете и другите да го кажат своето мислење и слушнете што сакаат да ви пренесат.
  • Внимателно давајте одговори
    -Дури и кога сте изнервирани, обидете се да возвраќате смирено. Пријателот можеби несакајќи ги повредил вашите чуства, но тоа не значи дека треба да му вратите.
  • Сочуствувајте се со вашиот пријател
    -Ова колку и да сакате, не зависи многу од вашата слободна волја (или сочуствувате, или не), но можете да се обидете да се ставите во улога на вашиот пријател и да сфатите како му е. Девојките повеќе сакаат да ги чуете и да си ги кажат маките, додека ако машки пријател ви се отвори, тогаш најверојатно бара помош од вас. Затоа, на првите кажете им дека ги разбирате, на вторите понудете им решение за проблемот.
  • Бидете чесни, искрени и доверливи
    -Не кријте ги од нив вашите верувања, ставови, размислувања. Бидете свои, бидејќи така вашите пријатели повеќе ќе ве почитуваат.
  • Почитувајте го нивниот став
    -Сосема е нормално да не се сложувате по одредено гледиште со ваш пријател, но тоа никако не значи дека треба да го негирате и нереспектирате нивното видување. Ова е навистина тешко доколу имате дијаметрално спротивни мислења, но имајте на ум дека е можно тоа што за вас е правилно, за нив да не е.
  • Бидете пример
    -Ако сакате грижливи пријатели, тогаш со своето однесување покажувајте и докажувајте го тоа лично. Така сличните на вас, полесно ќе ве забележат.
  • Давајте им позитивни забелешки на пријателите
    -Вашата љубов кон нив, можете да ја покажете со искрено давање комплименти во врска со нивната добро извршена работа, нивниот изглед, нивните позитивни карактеристики. Со тоа ќе создадете атмосфера на приврзаност кон нив, а тие ќе ви возвратат со повеќе доверба.
  • Простувајте
    -Ако ве повреди некој од пријателите, размислете добро дали било намерно или не. Простете, почнете одново. Со тоа нема да дозволите лутината да се претвори во гнев и болка, а пријателот ќе го направите многу повнимателен. Сепак, имајте своја граница.
  • Поминувајте доволно време со пријателите
    -Одвојувајте доволно време за да правите некои работи заедно. Излезето во група на кино, на прошетка, на кафе, на концерт, организирајте заедничко искачување на Водно или одење на Матка, заедничка пијанка со или без повод... Ако некој од пријателите ви е далеку, испратете му СМС, ММС, меил, разговарајте на телефон, МСН, Скајп... Со тоа ќе го одржите контактот, а покажувајќи дека не сте ги заборавиле, ќе ја заврстите пријателската врска.
  • Исполнувајте ги ветувањата
    -Ако нешто им ветите на пријателите, обидете се со сите сили да го исполните ветувањето. Ако не сте сигурни дали можете, кажете дека не сте. Ако заради објективни причини не сте успеале да го остварите ветувањето, не стегајте се да се извините.
  • Правете нови работи заедно
    -Прва заедничка посета на зоолошка, луна-парк, банџи-скок, посета на новоотворен локал, гледање нов филм...
  • Помагајте им
    -Ако некој од вашите пријатели има потреба од ваша помош, помогнете до границите на вашите можности. Помош при домашна задача, изработување семинарска работа, есеј, одржување на компјутерот... Само, не претерувајте, за да не создадете ситуација каде пријателите зависат од вашата помош, бидејќи тоа може да премине во искористување.
 
  • Човек кој ти љубомори на успехот никогаш не може да ти биде добар пријател.
  • Човекот кој пред тебе оговара лице кое не е присутно, ќе те оговара и тебе кога немa да бидеш таму. И тој нe ти е пријател.
  • Човекот кој се дружи со тебе само за да искористи нeшто, не ти е пријател.
  • Човекот кој постојано ти ги набива недостатоците на нос не ти е пријател.

Прво и основно, никогаш не смееш да бидеш првиот кој ќе се отвори за било кое прашање. Прво испитај го пулсот на спротивната страна. Многу луѓе се кртови и копаат по минатото на луѓето за да им ги најдат слабостите и грешките... Со нив лесно ќе манипулираат и ќе те понижуваат каде ќе стигнат. Друго, пази пред кого што зборуваш! Секогаш бирај ги зборовите бидејќи и мала грешка која можеби несвесно ќе ја направиш, подоцна ќе помине низ повеќе уши и целосно ќе се измени... И никогаш да немаш целосна доверба во било кого! Вистинкиот пријател е изумрен вид благодарение на времињава кои дојдоа. Може да ти биде пријател, но не и личност со која се ќе споделиш... Секогаш нека ти биде отворена можноста дека еден ден ќе те заебе.
 
Нема ич пријателство... Другари да има колку сакаш ама пријател ќе те заебе гадно кога најмалце очекуваш.. Биди ист со сите тоа е тоа..
 
Во денешниот свет на себичност, малку останало од вистинското пријателство. И тоа што го има, повеќето е од корист.

Неколку поуки кои се особено важни за создавање и одржување цврсти вистински пријателства и другарства. Листата надополнувајте ја со свои размислувања и искуства.

  • Внимателно одбирајте кој ќе ви биде пријател
  • Бидете внимателен слушач
    -Немојте само да ја чекате вашата шанса за да зборувате. Дозволете и другите да го кажат своето мислење и слушнете што сакаат да ви пренесат.
  • Внимателно давајте одговори
    -Дури и кога сте изнервирани, обидете се да возвраќате смирено. Пријателот можеби несакајќи ги повредил вашите чуства, но тоа не значи дека треба да му вратите.
  • Сочуствувајте се со вашиот пријател
    -Ова колку и да сакате, не зависи многу од вашата слободна волја (или сочуствувате, или не), но можете да се обидете да се ставите во улога на вашиот пријател и да сфатите како му е. Девојките повеќе сакаат да ги чуете и да си ги кажат маките, додека ако машки пријател ви се отвори, тогаш најверојатно бара помош од вас. Затоа, на првите кажете им дека ги разбирате, на вторите понудете им решение за проблемот.
  • Бидете чесни, искрени и доверливи
    -Не кријте ги од нив вашите верувања, ставови, размислувања. Бидете свои, бидејќи така вашите пријатели повеќе ќе ве почитуваат.
  • Почитувајте го нивниот став
    -Сосема е нормално да не се сложувате по одредено гледиште со ваш пријател, но тоа никако не значи дека треба да го негирате и нереспектирате нивното видување. Ова е навистина тешко доколу имате дијаметрално спротивни мислења, но имајте на ум дека е можно тоа што за вас е правилно, за нив да не е.
  • Бидете пример
    -Ако сакате грижливи пријатели, тогаш со своето однесување покажувајте и докажувајте го тоа лично. Така сличните на вас, полесно ќе ве забележат.
  • Давајте им позитивни забелешки на пријателите
    -Вашата љубов кон нив, можете да ја покажете со искрено давање комплименти во врска со нивната добро извршена работа, нивниот изглед, нивните позитивни карактеристики. Со тоа ќе создадете атмосфера на приврзаност кон нив, а тие ќе ви возвратат со повеќе доверба.
  • Простувајте
    -Ако ве повреди некој од пријателите, размислете добро дали било намерно или не. Простете, почнете одново. Со тоа нема да дозволите лутината да се претвори во гнев и болка, а пријателот ќе го направите многу повнимателен. Сепак, имајте своја граница.
  • Поминувајте доволно време со пријателите
    -Одвојувајте доволно време за да правите некои работи заедно. Излезето во група на кино, на прошетка, на кафе, на концерт, организирајте заедничко искачување на Водно или одење на Матка, заедничка пијанка со или без повод... Ако некој од пријателите ви е далеку, испратете му СМС, ММС, меил, разговарајте на телефон, МСН, Скајп... Со тоа ќе го одржите контактот, а покажувајќи дека не сте ги заборавиле, ќе ја заврстите пријателската врска.
  • Исполнувајте ги ветувањата
    -Ако нешто им ветите на пријателите, обидете се со сите сили да го исполните ветувањето. Ако не сте сигурни дали можете, кажете дека не сте. Ако заради објективни причини не сте успеале да го остварите ветувањето, не стегајте се да се извините.
  • Правете нови работи заедно
    -Прва заедничка посета на зоолошка, луна-парк, банџи-скок, посета на новоотворен локал, гледање нов филм...
  • Помагајте им
    -Ако некој од вашите пријатели има потреба од ваша помош, помогнете до границите на вашите можности. Помош при домашна задача, изработување семинарска работа, есеј, одржување на компјутерот... Само, не претерувајте, за да не создадете ситуација каде пријателите зависат од вашата помош, бидејќи тоа може да премине во искористување.

Вака не!!! Вака учат американцине. Како да бидеш пријател не се учи на ваков начин како што не се учи ни како да љубиш.
 
Од она што до сега јас сум го констатирал како пријателство, можам да заклучам дека се потребни, доверба, искреност и поддршка. Се’ друго се гради врз основа на овие три елементи.
 
Вака не!!! Вака учат американцине. Како да бидеш пријател не се учи на ваков начин како што не се учи ни како да љубиш.

Не знам зошто не се сложувам со тебе.
Љубовта повеќе се заснова на чуствата, а пријателството на рационалноста.

Можеби не можеш да одбереш во кого ќе се заљубиш, ама пријателот можеш да си го одбереш.
И во љубовта на почетокот, нема никакви правила, ама за да опстане врската, со тек на време треба работа, доверба... скоро па се погоре набројано.

Одвојување време за заедничко дружење, разбирање, помагање, стоење до зборот, почитување, доверба... што не важи за во двата случаи?

Сега, знам дека ова на многумина ќе им изгледа како некој глупав шаблон, ама сте се запрашале ли колку пријателства се распаднале заради, да речеме, неисполнување на кажаното (ќе дојдам- па не доаѓам) или неодвојување време (оти целото слободно го минува со партнерот) или сл.?
 
Има пријателство и "пријателство". Првото пријателство (без наводници) не се ослонува на рациото...даваш, пружаш, потпираш...без да бараш ништо возврат -ако е пријателство, истото ти се враќа без да се очекува ништо за возврат од другата страна, од пријателот. Најповеќе се работи за взаемни чувства (не љубовни, боже сачувај) и емоции и кога се работи за пријателство. Просто -не може да ти е некој пријател ако чувствуваш одбивност кон него (табиетот, умот, постапките), колку и да е богат, познат, шема и влијателен.

Ако се ослонуваш исклучиво на рациото, тогаш се работи за "пријателство", т.е. познанство од интерес во одреден период заради одредени (би рекол видливи, опипливи) причини. Ова пријателство трае додека постои потреба од ова познанство. Не е пријателство во прав смисол на зборот.
Од мој аспект вака ги делам и подразбирам видовите пријателства.
И мислам дека Магус ја има поентата -нема рецепт за пријателство ни за љубов
 
И во Љубовта и во Пријателството се бира, само што тогаш одбира највнатрешното а не рационалното. Рационалното игра само минимална улога.

Да, се распаднале пријателства поради неисполнување на кажаното, но тука е поентата. Ако зборуваме за вистинско пријателство тогаш неисполнувањето на некои нешта поминува незабележано т.е. пријателот го сакаш поради тоа што е сосе сите мани и доблести. Е тоа не може да се научи, тоа се чувствува.

Затоа јас често не можам да ги разграничам тие 2 поими, Пријателство и Љубов. Затоа што кога помислувам на нив мислам на безусловна Љубов (не слепа и овоземска...туку јасна и возвишена).

--- надополнето ---

Има пријателство и "пријателство". Првото пријателство (без наводници) не се ослонува на рациото...даваш, пружаш, потпираш...без да бараш ништо возврат -ако е пријателство, истото ти се враќа без да се очекува ништо за возврат од другата страна, од пријателот. Најповеќе се работи за взаемни чувства (не љубовни, боже сачувај) и емоции и кога се работи за пријателство. Просто -не може да ти е некој пријател ако чувствуваш одбивност кон него (табиетот, умот, постапките), колку и да е богат, познат, шема и влијателен.

Ако се ослонуваш исклучиво на рациото, тогаш се работи за "пријателство", т.е. познанство од интерес во одреден период заради одредени (би рекол видливи, опипливи) причини. Ова пријателство трае додека постои потреба од ова познанство. Не е пријателство во прав смисол на зборот.
Од мој аспект вака ги делам и подразбирам видовите пријателства.
И мислам дека Магус ја има поентата -нема рецепт за пријателство ни за љубов

Јас потполно се согласувам со Платон и неговиот поглед на работите, меѓу другото и за пријателството (морам да го изнапрепрочитам). Не учев од него, само се согласив...:)
 
Нема ич пријателство... Другари да има колку сакаш ама пријател ќе те заебе гадно кога најмалце очекуваш.. Биди ист со сите тоа е тоа..
баш така вистнски другар во денешно време тешко да се најди
 
А со искреност,добрина е полесно?
Не зезај пријателе,денес постојат пријатели,ама многу ретки се таквите.Kе се надоврзам на еден коментар погоре,ке ти зарие нож тогаш ко најмалку се надеваш.>>>>>>>>>>>Те сакаат кога им требаш,а кога тие на тебе,ги нема,и тоа ли ти е пријателство?Не.
Вистинскиет пријатели се познаваат во тешките моменти,но повекето се од корист денес.
 
ам јасно е то вистински пријател се гледа кога си во невоља и како што каза ти ретки се
 
Секогаш кога има дискусии за вистински пријатели сите викаат нема вистински пријатели камо да имаше бла.бла.бла. А дали сте се запрашале самите себе дали вие сте добри пријатели ? Почнувајќи од самите себе многу побрзо се решаваат голем број на недоразбирања па и пријателства.:smir:
 
ќе ти кажам еден пример.. Најдобар мој другар што учел со мене 8 години сум го бранел од тепачки сум му помагал што ли уште не.. Се додека не се убаци еден друг и го с'сна дека сум му изгребал ролерки.. и ајде кажи сега што не чинело? за едни ебани ролерки? сум го заебал некад? Има добри луѓе не викам не ама по извесно време ќе сватиш дека и тој може за една обична глупост да те заебе:smir:
 
Цврсти пријателства се градат со доверба, не можеш да кажеш дека некој ти е добар другар ако не му веруваш, како што кажа Гладиус се иде од тоа, доверба, од довербата искреност и подршка, другово се ситници
 
Ако зборуваме за вистинско пријателство тогаш неисполнувањето на некои нешта поминува незабележано т.е. пријателот го сакаш поради тоа што е сосе сите мани и доблести. Е тоа не може да се научи, тоа се чувствува.

... дали сте се запрашале самите себе дали вие сте добри пријатели ? Почнувајќи од самите себе многу побрзо се решаваат голем број на недоразбирања па и пријателства.:smir:

Има пријателство и "пријателство". Првото пријателство (без наводници) не се ослонува на рациото...даваш, пружаш, потпираш...без да бараш ништо возврат -ако е пријателство, истото ти се враќа без да се очекува ништо за возврат од другата страна, од пријателот. Најповеќе се работи за взаемни чувства (не љубовни, боже сачувај) и емоции и кога се работи за пријателство. Просто -не може да ти е некој пријател ако чувствуваш одбивност кон него (табиетот, умот, постапките), колку и да е богат, познат, шема и влијателен.

Ако се ослонуваш исклучиво на рациото, тогаш се работи за "пријателство", т.е. познанство од интерес во одреден период заради одредени (би рекол видливи, опипливи) причини.

Прво, јас никаде не реков дека пријателството е рамно на рационалност, или како што Lurtz погрешно вели -корист. Само реков дека повеќе се заснова на тоа. Зошто?
Кога станува збор за пријателство, одамна го имам напуштено концептот на романтизам (даваш, пружаш, потпираш), како тоа да е основата. Давањето, пружањето, поддршката и сличните нормални последици на пријателството се само резултат на довербата, чесноста, искреноста, почитувањето. А тие кај нормалните луѓе се работи кои се учат. И стојам зад ставот.

Овие карактеристики (значи, делчиња од нашиот карактер) и тоа како можат да се подобрат. Ако убаво го разбрав The Magus, тој не прифаќа лично своеволно менување кон подобро, на кое укажува Finally, туку мааните ги чува и негува како и доблестите. А за мене, простете, тоа е показател на мрзелив карактер, кој нема воља да смени нешто кај себе на подобро.

И изедначувањето на пријателството со љубовта (минус сексот) ми е бааѓи неприфатливо становиште.
За мене, пријателството се гради врз набројаните елементи, со нивно покажување во пракса (довербата, чесноста, искреноста, почитување), а со текот на времето овие вредности нормално овозможуваат појавување на пријателски чуства и сентименти слични како кај љубовта.

Но кај љубовта, освен овие работи, важна е и хемијата, привлекувањето, сексуалниот набој, а тоа не се учи. Или ја има, или ја нема. Ако ја има, се преиспитуваат другите карактеристики кои ни се важни. Е сега, што ако тие карактеристики (кои се учат, кои се менливи на подобро или полошо) ги нема? Верувам на сите ви е позната онаа “Џабе што е толку убав и секси, кога е таков и таков...“ И тука простор за развивање на чуства -нема.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom