Совет молам - Што ако...

  • Креатор на темата Креатор на темата Messanger
  • Време на започнување Време на започнување
Каде и да се запишеш нема да најдеш работа. Додека завршиш ќе има толку голем наплив од сите струки што исто ќе ти дојде што си завршил.
 
Каде и да се запишеш нема да најдеш работа. Додека завршиш ќе има толку голем наплив од сите струки што исто ќе ти дојде што си завршил.

Охрабрувачки е што минатата година историја и археологија беа само 4-ца земајќи в предвид дека Штипскиот универзитет држи поголем дел од Источна М.
 
Секој проблем има решение, само патиштата обично захтеваат муда.
Ако можеш сам да си го плаќаш факултетот, можеш сам да си го бираш.
Ако немоеш сам да си го плаќаш факултетот, немоеш ни сам да си го бираш.
Ме капираш? Ти си нечија инвестиција, и си на милост и немилост на инвеститорот. У случајов, на немилост.
Ако работиш и учиш, за сам да си го платиш факсот, а после тоа о дработата сам се издржаваш и не им се тупнуваш дома на твоите, ондак ти не си врзан со конци. и си ја заслужил слободата.
Пошо слободата бачко се заслужува, нека не те лажат прогресивци дека се раѓаш со неа.

Што викаш, пошто си нечија инвестиција, инвеститорот може и бубрег да ти продаде ако западне во долгови.
Паметен родител може да му сугерира на своето дете некој факс ако има некакви афинитети, но никако да му го протура со сила нешто кое што не го сака.
За почеток погледни ги видеата за образованитео кое што владее денеска во светот и колку е тоа добро од причина што многумина размислуваат за "доброто" на своите деца.

http://www.ted.com/talks/ken_robinson_says_schools_kill_creativity.html
http://www.ted.com/talks/sir_ken_robinson_bring_on_the_revolution.html

Обврни внимание на овој дел:

И третата поента околу интелигенцијата е, таа е различна. Пишувам нова книга во моментов се нарекува „Просветлување“, кое е базирано на серија на интервјуа со луѓе за тоа како го откриле нивниот талент. Ме фасцинира тоа како луѓето го пронашле тоа. Тоа беше поттикнато со разговор што го имав со прекрасна жена која можеби повеќето луѓе не чуле за неа, се вика Џилијан Лин, сте чуле за неа? Некои чуле. Таа е кореограф и сите ја знаат нејзината работа. Таа ги работеше „Мачки“, и „Фантомот од операта“. Таа е прекрасна. Јас бев член на комисијата на Кралскиот балет, во Англија, како што може да забележите. Како и да е, Џилијан и јас имавме ручек еден ден и ја прашав, „Џилијан како реши да станеш танчерка?“ И таа одговоримногу интересно, кога била на училиште, и било многу тешко. А од училиштето , во 30-ите, и пишале на нејзините родите и рекле, „Мислиме Џилијан има проблем со учењето.“ Таа не можела да се конентрира, била многу нестрплива. Мислам дека сега би рекле дека има Синдорм на недостиг на внимание. Зарем не? Но ова беше во 30-ите и синдромот не беше уште пронајден тогаш. Не беше расположлива состојба. (Смеа) Луѓето не беа свесни дека можат да се разболат од тоа.
Како и да е, таа отишла да види специјалист. во една соба обрабена со даб каде била со мајка и, ја однеле и седнале на столче при крајот, и таа седела на рацете 20 минути додека човекот разговарал со мајка и за сите проблеми што Џилијан ги имала на школо. И на крајот -- бидејќи им пречела на луѓето, домашната секогаш и доцнела , итн, мало 8 годишно девојче -- на крајот докторот отишол и седна до Џилијан и рекол, „Џилијан, ги чув сите работи кои мајка ти ми ги кажа и треба да зборам со неа насамо.“ Рекол, „ причекај тука, ние ќе се вратиме многу бргу.“ излегле и ја оставиле сама. Но како што излегувал од собата, го вклучил радиото кое било на неговото биро. И кога тие излегле од собата, и рекол на мајка и, „Стојте и видете ја.“ И во моментот кога ја напуштиле собата, таа рече, била на нозе, играјќи на музиката. Тие ја гледале неколку минути и докторот се свртел кон мајка и и рекол, „Г-го Лин, Џилијан не е болна, таа е танчерка. Однесете ја во училиште за танц.“
Јас реков, „што се случи?“ и рече, „Ме однесе. Не можам да ти кажам колку беше прекрасно. влеговме во соба која беше полна со луѓе како мене. Луѓе кои не можеа да седат мирни. Луѓе кои мораа да се движат за да мислат.“ Кои мораа да се движат да размислуваат. Ги учеле балет, тап, џез, модерен танц и современ. Таа евентуално била на аудиција за Кралската балетска школа, стана соло танчер, имаше прекрасна кариера со Кралскиот балет. На крајот дипломираше на Кралската балетска школа и ја основа сопствена компанија, Џилијан Лин танчерската компанија, го сретна Ендру Лојд Вебер. Таа е одговорна за некои од најуспешните театарски мјузикл продукции во историјата, им има пренесено задоволство на милиони, и сега е мулти-милионер. Некој друг би ја ставил на лекови и би и рекол да се смири.
 
Охрабрувачки е што минатата година историја и археологија беа само 4-ца земајќи в предвид дека Штипскиот универзитет држи поголем дел од Источна М.
Сама си се охрабруваш, инаку нема ништо охрабрувачки во таа струка. И оваа струка како и многу други треба да се затворат еден период од 10 години. Но не се секирај во Прокредит банка примаат и со историја факултет. Се е измешано не се знае кој јаде кој пие.
Да сум на твое место ќе го послушам родителот. Али сепак одлуката е твоја. Исто после и последиците ќе бидат твои. Нема да смееш да плачеш пред нив кога нема каде да аплицираш потоа.
 
Јас кога учев историја во основно учев дека комунизмот е најдоброто нешто што се десило во Македонија, дека сме потомци на словенските племиња и дека Тодор Александров, Ванчо Михајлов биле најголемите непријатели на Македонија.

Денес учиме дека сме потомци на античките македонци, комунизмот е диктаторски режим кој вршел терор на населението (дури и музеј на жртвите од комунизмот направија) а Тодор Александров и ванчо Михајлов се најголемите македонски патриоти...

Треба уште да набројувам???
Другар, историјата ја пишуваат победниците (читај власта), и јас се чудам како јас во мое време учев една друга историја (онаа која ја кажуваш ти) ама тоа е...
Туку друго ми беше муабетот- тука у Македонијава поише ти се исплати да бидеш неписмен и набилдан, по можност и некое криминално досие и поголеми ти се шансите за убава работичка отколку да се убиваш од учење, но сепак сметам дека желбата и амбицијата за надоградување во одредена сфера треба да се испочитува и апропро на тоа давам поддршка на пријателот и го советувам да го учи тоа што сака па со Господ напред за работа!
 
Љубам да учам историја, ме бањаат дома да не одам, тоа би било пропаст, да да буквално така!
I share your affection кон историјата и единствено можам да ти кажам дека вистината за историјата нема да ја најдеш во ниту една книга. Историјата во својата најчиста форма е минатото, а во денешно време истата е прифатена фикција. Останува едно нешто да се запрашаш дали сакаш да бидеш дел од машинеријата која продава лаги (професори по историја што цел живот студирале една "вистина" и истата ја повторуваат со години) или пак сакаш да дознаеш што навистина се случило? Мене ми се случи две професорки по два различни предмети (историја и македонски јазик и литература) да ми предаваат за две различни нешта дека се случиле на исто место во исто време (таа по историја ми кажуваше благи приказни за мали деца, додека другата ми зборуваше за нешто сосема спротивно и поверојатно од првата) Па сега изборот е твој бидејќи ако студираш нешто што не те интересира ќе бидеш мизерен цел живот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom