Совет молам - Што ако...

  • Креатор на темата Креатор на темата Messanger
  • Време на започнување Време на започнување
Јас кога учев историја во основно учев дека комунизмот е најдоброто нешто што се десило во Македонија, дека сме потомци на словенските племиња и дека Тодор Александров, Ванчо Михајлов биле најголемите непријатели на Македонија.

Што е точно-поклоници биле на бугарскиот двор-имам родител историчар и не само он туку имам разговарано со куп негови колеги СИТЕ се ЕДНОГ!ЛАСНИ

Дека бевме признати и во ООН(и коорганизатори),дека добивме ЧОВЕКОВИ ПРАВА за првпат,право на јазик,Идентитет,здружение на Писатели,Развој на култура,прв МАКЕДОНСКИ ФИЛМ,понатаму У&ниверзитети(во кои имаше 5000 странски студенти а денес??) и МАНУ со еден збор сонот на Делчев и Карев се оствари-се изборивме за држава и добивме и овде Историчарите со кои сум зборувал се ЕДНОГЛАСНИ,станува збор конкретно за 7 лица дипломирани историчари кои тврдат дека нема чист народ туку дека ние сме микс од античките племиња и словените и тука нема ништо лошо.

Денес учиме дека сме потомци на античките македонци, комунизмот е диктаторски режим кој вршел терор на населението (дури и музеј на жртвите од комунизмот направија) а Тодор Александров и ванчо Михајлов се најголемите македонски патриоти...

Треба уште да набројувам???

Денес само Албанците се староседелци ДИРЕКТНО од илирите а и Хунзите се како нас-нема полошо од злоупотреба на науката од политичари.

Али да може да наброиш оти јас сум од ретките така од оваа лоботомизирана генерација што избегав од скалперот па го задолжила латас тања и миленко да ме лоботомираат пак не успеав и на крајот ми направија хемиска лоботомија-Blue or Red pill:)

Значи не живеев во тој систем не повеќе од 5-6 години но економскиве индикатоири а и социо-културолошки книгиве кои ги начекав КУП изданија имам за рацин за други поети за локални востанија,Македонски песни,па Истории-НИКОЈ НЕ НИ БРАНЕЛ ДА ЈА САКАМЕ МАКЕДОНИЈА ниту да бидеме ПАТРИОТИ и да се АФИРМИРАМЕ било преку литература,ора и сл-сега ни бранат-еве случајот со "Староседелците"
--- надополнето: 23 август 2012 во 22:19 ---
Љубам да учам историја, ме бањаат дома да не одам, тоа би било пропаст, да да буквално така!

Учи што ти душа сака-историјата е интересна,посебно Светската а имаш шанса и да специализираш воена Историја ГАРАНТ така добиваш работа било каде во Светов.
 
Запиши си се на историја.
Мачно е да студираш факултет што не те влече. Нити предавањата, нити вежбите, нити испитите ќе ти бидат интересни, ќе се форсираш за некоја климава 6 ка и на крај ќе се откажеш. Мал милион примери има на деца кои запишале факс по желба на родителите и ниеден испит не дале.
Во однос на можности за вработување, веќе све е кажано. Што сакаш студирај, шансите да работиш по струка се минимални. Вака барем ќе си ја имаш сопствената сатисфакција дека си го одбрал својот пат и својот начин, па ако улета нешто (на работа мислам) ќеифот ќе биде 100 пати поголем.
Со среќа :)
 
Уште помачно е цел живот да седиш со дипломата в џеб и да не можеш да најдеш работа или другата уште полоша варијанта: да бидеш со диплома, а да работиш работа за која бараат човек со основно а на тебе наредби ти дава некој со средно
 
Љубам да учам историја, ме бањаат дома да не одам, тоа би било пропаст, да да буквално така!

Сакаш да студираш историја - студирај. Како и со другите факултети, никој не ти гарантира вработување, кариера и сл. Сепак, ценам дека е подобро (ако веќе за учење правиме муабет, а не за парче хартија на кое пишува дека си дипломирал), да го студираш она што го сакаш, а не да губиш време и нерви за да ги исполниш желбите на родителите, и понатаму (ако веќе зборуваме за работа според завршениот факултет, чисто теоретизираме, нели) поголемиот дел од животот да работиш нешто што всушност не сакаш да го работиш.
 
Уште помачно е цел живот да седиш со дипломата в џеб и да не можеш да најдеш работа или другата уште полоша варијанта: да бидеш со диплома, а да работиш работа за која бараат човек со основно а на тебе наредби ти дава некој со средно

Ок. Така е.
А каква врска има ова со муабетов?
 
Како и да е благодарам. Ако барате одговор што сега...па можам да кажам дека не се случи ништо спротивно од моето мислење. Каква е историјата тоа си знаат историчарите, ако веќе сме на таа тема па ни жив сведок не би променил ништо во денешнава историја т.е политиката одамна расцутила и дала плод. Ако некој се занимава со историја не му е потребно порфесорот да му ја чита лекцијата за да го научи, ами сам ќе си го најде одговорот. Ги ценам вашите мислења какви и да се...( прочитав историја, а и археологија посебно е тие 2 работи одат заедно) - Имајте убава вечер.
 
и јас да не се повторувам како другите: запиши се ТИ што си сакаш, а не РОДИТЕЛИТЕ што сакаат.
и онака нема работа во земјава, барем факсот да ти е по ќеф. (совет од постар братучед). ;)
и баш убаво што имаш желба кон нешто, што воопшто нешто те привлекува, затоа што повеќето на таа возраст се како муви без глави (и јас тука спаѓав). не знаев кај да одам, што сакам, кој сум и што сум. сега за среќа се е во ред.
затоа најискрен совет оди на историја (y)
 
Љубам да учам историја, ме бањаат дома да не одам, тоа би било пропаст, да да буквално така!

Same here bro.
И јас ја обожавам историјата, сакам да учам за археолог ама моите ништо живо неќат да чујат, ми викаат ќе си седам дома цел живот..
како и да е, понекогаш мораме да се откажеме од нашите соништа затоа што ако не испадне така еден ден ке ни дојдат на глава, на крај краева.. се се врти околу пари и моќ.. ако ги немаш и двете џабе ти е што и да си изучил нема да успееш.
Тоа е тоа, јас навалував колку што можев но сепак кога размислив подобро видов дека се што лета не се јаде.. и дека биле во право постарите, затоа гледај таму каде што е нешто по просперитетно..
од љубов не се живее. :/
 
И што е просперитетно, што реши?
 
И што е просперитетно, што реши?

Не сум решила сеуште дефинитивно, да ја истерам 4-та случајно да не се премислам али сепак мислам дека ке одам на бинис академијата за оперативен менаџер па сега ке видиме.. :D
 
Messanger што и да е, запиши нешто! Ако за ништо друго, барем да научиш повеќе да се изразуваш, а со тоа и да комуницираш, за да можеш да успеваш во животов. Не сакам да те навредам, само ти упатувам најдобронамерна замерка. Многу си збунет некако и доста нејасен, па пред да кажеш дека си 3-та средно, мислев дека си 3-то одделение. Извини а?
Ај така.:pipi:
 
Љубам да учам историја, ме бањаат дома да не одам, тоа би било пропаст, да да буквално така!

Секој проблем има решение, само патиштата обично захтеваат муда.
Ако можеш сам да си го плаќаш факултетот, можеш сам да си го бираш.
Ако немоеш сам да си го плаќаш факултетот, немоеш ни сам да си го бираш.
Ме капираш? Ти си нечија инвестиција, и си на милост и немилост на инвеститорот. У случајов, на немилост.
Ако работиш и учиш, за сам да си го платиш факсот, а после тоа о дработата сам се издржаваш и не им се тупнуваш дома на твоите, ондак ти не си врзан со конци. и си ја заслужил слободата.
Пошо слободата бачко се заслужува, нека не те лажат прогресивци дека се раѓаш со неа.
 
Messanger што и да е, запиши нешто! Ако за ништо друго, барем да научиш повеќе да се изразуваш, а со тоа и да комуницираш, за да можеш да успеваш во животов. Не сакам да те навредам, само ти упатувам најдобронамерна замерка. Многу си збунет некако и доста нејасен, па пред да кажеш дека си 3-та средно, мислев дека си 3-то одделение. Извини а?
Ај така.:pipi:

Да? Само не се сеќавам на писмена македонски каде имам добиено 4, последната награда за поезија во НБ "Гоце Делчев" Штип ми беше 6000 за 1 место средно-образовна категорија :)
--- надополнето: 24 август 2012 во 07:26 ---
Не сум решила сеуште дефинитивно, да ја истерам 4-та случајно да не се премислам али сепак мислам дека ке одам на бинис академијата за оперативен менаџер па сега ке видиме.. :D

Хе! Ма во тој случај можеме да кажеме дека родителите успеале да те премислат, прво мислев од искуство зборуваш. О.К
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom