Порано немав, а секој ден пуштав гласна музика и соседите никогаш не се пожалија. Сега има така мали проблеми, ама од типот, јас си одам дома од работа во 4, а во 4:10 комшивката на гости доаѓа и си се заседнува, па мора да ја чекаме да си замине за да ручаме.

Или кога на пример упорни ѕвони на ѕвонче, никој не отвора (значи не сакаш гости, зафатен си, спиеш.....) и пак упорно ѕвони дури не отвориш врата

Ау да, а тие над мене имаат две ќерки (прво и трето одд) и таа трето одделени, има околу 40кгр (можи и претерав) и кога скокаат двете, ги чекаме на масата трпезариска да ни паднат некој ден.