Сопственик на Сонцето

  • Креатор на темата Креатор на темата Лајто
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
:nesvest: zarem i ova da go prochitamm :nesvest:Шпанката Анхелес Дуран и официјално стана сопственик на Сонцето и ѕвездите во нашиот планетарен систем, за што и добила официјален документ заверен кај нотар.

Таа дошла до оваа идеја откако чула дека еден Американец имал слични побарувања, но тој бил заинтересиран за Месечината, Марс и Венера, пишува денеска британскиот весник “Дејли телеграф“.

“Го познавам законот и затоа обезбедив законска подлога на моето барање. Го направив тоа затоа што го сакав, а истото може да го направи и било кој друг, само што јас прва се сетив на тоа“, изјавила Дуран.

Во документот што го добила стои дека таа и официјално е сопственик на Сонцето, Ѕвездите, лоцирани во центарот на соларниот систем, на оддалеченост од Земјата од околу 149.600.000 километри.

Дуран планира да почне да му наплатува на секој оној кој во Шпанија ја користи сончевата енергија. На прво место се секако корисниците кои сончевата енергија ја претвораат во електрична и за истото веќе разговарала со Министерството за индустрија.

Таа веќе направила и распоред на парите кои ќе ги добива од наплатата за сончева енергија, а од истите за себе планира да задржи само 10 отсто, а останатите ќе ги додели на владата.

A pred taa da bide sopstvenik , od kogo bilo sonceto?:nesvest:
 
хах... идиоти..
покрај се што е разделено, само уште небото ни остана заедничко на сите...
А тоа, за наплата... нема никој да и плаќа :)
 
Па, ничиво очигледно чим она ПРВА го добила...

Едит: Ќе си го зеам јас воздухот!
 
Метар квадратен скапо и излегол или сеуште не излегла со деталите?
 
се прашувам уште колку време ќе дишиме "бесплатен" воздух :toe:
 
Бесплатно ќе ви го давам, ама ќе ви кажуам дека е мој! И ќе ги тужам тие шо ќе ми го загадуваат :)
 
Рускиот еколог Владимир Осипов ги искористи дупките во законот и воспостави приватна сопственост над облаците, пренесува МИА.

Според пишувањето на весникот „Новиј известија“, Осипов прво проверил дали постои преседан за овој случај и од како утврдил нема, ги поднел сите неопходни документи кои ги предвидува рускиот закон за себеси да се прогласи за сопственик на имот, во овој случај облаци.

Тој објасни дека сопственоста над облаците, која е заведена со помош на голем број документи и таксени марки, би требало да му овозможи да ги тужи фирмите и фабриките кои ја загадуваат атмосферата.
 
:nesvest::nesvest: арно велам јас за брзо време и воздухот ке си го плаќаме ...
 
Бесплатно ќе ви го давам, ама ќе ви кажуам дека е мој! И ќе ги тужам тие шо ќе ми го загадуваат :)
То значи дека ќе ни забраниш да прдиме и да ждригаме меѓу другото?

Рускиот еколог Владимир Осипов ги искористи дупките во законот и воспостави приватна сопственост над облаците, пренесува МИА.

Според пишувањето на весникот „Новиј известија“, Осипов прво проверил дали постои преседан за овој случај и од како утврдил нема, ги поднел сите неопходни документи кои ги предвидува рускиот закон за себеси да се прогласи за сопственик на имот, во овој случај облаци.

Тој објасни дека сопственоста над облаците, која е заведена со помош на голем број документи и таксени марки, би требало да му овозможи да ги тужи фирмите и фабриките кои ја загадуваат атмосферата.
Е тој се заебал... ко ќе почнат поплави и врнежи во Индија и Бангладеш, нека го тужат да си ја надомести штетата. Или нека си ги тргне облаците.

Свашта :uvo:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom