Соопштение за обложувачите

  • Креатор на темата Креатор на темата Avenger99
  • Време на започнување Време на започнување
Најлошото во законов е што се плаќа данок на вкупната исплата а не само на добивката така да сингл ретко кој ќе игра . Ставаш Реал на 1.3 за 100 евра, добиваш 130 евра од кој ти земаат цели 13 евра. Пола пола со државата. Проблеми се јавиле и при одложени утакмици каде треба да се плати данок на цел износ без разлика на одложената утакмица.
 
Dosea bankive ne se zamaraa od kaj se parite, sto se, sto doagaat na smetka od online betting. Sitnurija. Ama ne znam dali i od sega...
Банките и понатаму нема да се замараат, играчите треба да се замараат... Сепак ова е добивка остварена во странство, не знам и тоа како иде..
 
ne, mislev ako ti stigaat golemi sumi od stranstvo taka na smetka ke im padnes u oci na toa mislev :d ama dosea nisto vakvo ne cepkale iako gledaat od kaj idat parite.
 
Најлошото во законов е што се плаќа данок на вкупната исплата а не само на добивката така да сингл ретко кој ќе игра . Ставаш Реал на 1.3 за 100 евра, добиваш 130 евра од кој ти земаат цели 13 евра. Пола пола со државата. Проблеми се јавиле и при одложени утакмици каде треба да се плати данок на цел износ без разлика на одложената утакмица.

Хммм, ако е вака како што кажуваш, тогаш е уште полошо.Ќе треба да направат некако повраток на данок кога ќе поднесуваш даночна пријава, или пак сите ќе си преќутат и ќе си плаќаат како попчиња.
 
ne, mislev ako ti stigaat golemi sumi od stranstvo taka na smetka ke im padnes u oci na toa mislev :d ama dosea nisto vakvo ne cepkale iako gledaat od kaj idat parite.

Штом влезе ова во закон , секој прилив од добивки од обложување ќе се регистрира дали од дома или странство , за жал.
--- надополнето: 7 јануари 2014 во 23:42 ---
Најлошото во законов е што се плаќа данок на вкупната исплата а не само на добивката така да сингл ретко кој ќе игра . Ставаш Реал на 1.3 за 100 евра, добиваш 130 евра од кој ти земаат цели 13 евра. Пола пола со државата. Проблеми се јавиле и при одложени утакмици каде треба да се плати данок на цел износ без разлика на одложената утакмица.

Токму ова е најглупото , наместо да се оданочи разликата на уплатата и добивката , сега ќе се оданочува цела добивка , глупостииии.
 
Како мислиш има трикови и начини? Во МКД е забрането онлајн кладење?

Во МКД е забрането онлајн кладење ама нема врска близу со тоа.
Преку близу колку јас што знам неможеш да пристапиш до ниту една страна за кладење ама нема врска тоа со МК, туку поради тоа што во бугарија со закон го забранија тоа и сите провајдери мораа да ги блокираат сите можни ебани страни за кладење/коцкање.
 
Штом влезе ова во закон , секој прилив од добивки од обложување ќе се регистрира дали од дома или странство , за жал.
--- надополнето: 7 јануари 2014 во 23:42 ---

Токму ова е најглупото , наместо да се оданочи разликата на уплатата и добивката , сега ќе се оданочува цела добивка , глупостииии.

Можно е и програмите да не им се прилагодени зошто ова стварно нема логика.
 
То е, нема спас од ова. И да се протестира џабе e, единствено да се сложи цела Македонија да не уплаќа ливчиња, па кога ќе почнат да се затвораат кладилниците да видите тогаш како ќе се носи и нов закон +10% добивка на секој тикет, поклон од државата.
 
Имам за подигање околу 100 000 денари од две кладилници. 60 000 од Копачка и 40 000 од Еврогол. Талоните беа уплатени во саботата и неделата, а се затворија во понеделникот, со Реал Мадрид. Денес бев во Копачка да си ги подигнам парите, (Еврогол не работеше) и не ми ги даваа парите без да платам данок.

Талоните беа уплатени и се затворија пред законот да стапи во сила. Дали некој правно може ова да го протолкува, и како да си ги земам парите без да платам данок?
 
Токму ова е најглупото , наместо да се оданочи разликата на уплатата и добивката , сега ќе се оданочува цела добивка , глупостииии.

Да ама неможат така да го полнат буџетот ти текнува. Пошто големи добивки обично има од тие што играат со големи пари. Јас со 20 денари за фатам 500 000 гајле ми е ако земат 10% данок.

Ама еве вака

Хипотетичка ситуација бр1. - Играш сингл 50 000 денари, утакмицата ја одложуваат и кладилницата пресметува коефициент 1 при одложени утакмици. Арно ама ливчето тебе ти се води како добитно така да 50 000 х 1 = 50 000 - 10% = 45 000.
Ти ќе бидеш во загуба 5000 затоа што утакмицата се одложила.

Хипотетичка ситуација бр2. - Играш 1.1 коеф со 50 000, фаќаш 55 000 ама ти опнуваат 10% данок и ти добиваш 49 500 ставајќи те во загуба 500 денари.

Фак лоџик.

Во законот нигде нема да стои нешто што ќе го среди ова, ги заболе нив за тоа како кладилниците ќе се справат. Па сеа да видиме како ќе реагираат они. Знаат дека ќе изгубат играчи така да очекувам да реагираат некако.

Јас очекувам да даваат 10% бонус на сите тикети така што данокот би се пребил (уствари ова ќе биде како давање поголеми коефициенти)

Како и да е, уште еден доказ дека буџетот е празен. Уште ако се оствари она дека ќе го тргнат рамниот данок и ќе пресметуваат до 35% персонален данок, дефинитивно се селам од државава.
 
Најтрагично е тоа што доколку уплатите сингл утакмица на лифче и ако ја одложат кога ќе ви ја даваат уплатата ќе мора и за нејзе да платите данок, оти и тоа се сметало како добивка... :свиркам:
 
Во МКД е забрането онлајн кладење ама нема врска близу со тоа.
Преку близу колку јас што знам неможеш да пристапиш до ниту една страна за кладење ама нема врска тоа со МК, туку поради тоа што во бугарија со закон го забранија тоа и сите провајдери мораа да ги блокираат сите можни ебани страни за кладење/коцкање.

Вчера никако не можев да се регистрирам на мајбет значи тоа е работава. А преку другиве провајдери може?
 
Имам за подигање околу 100 000 денари од две кладилници. 60 000 од Копачка и 40 000 од Еврогол. Талоните беа уплатени во саботата и неделата, а се затворија во понеделникот, со Реал Мадрид. Денес бев вио Копачка да си ги подигнам парите, (Еврогол не работеше) и не ми ги даваа парите без да платам данок.

Талоните беа уплатени и се затворија пред законот да стапи во сила. Дали некој правно може ова да го протолкува, и како да си ги земам парите без да платам данок?

Собранието на РМ на ден 27.12.2013 сепак, без промени, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход,

Ништо не им можеш, законот е донесен 27.12.

Башка те боли цеф тебе, и онака вртиш 4 милиони на месечно ниво, што се 10 000 данок за тебе.
 
Исплатата ти е после стапување на данокот на сила, така да мислам дека ќе мора да платиш.
 
Собранието на РМ на ден 27.12.2013 сепак, без промени, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход,

Ништо не им можеш, законот е донесен 27.12.

Башка те боли цеф тебе, и онака вртиш 4 милиони на месечно ниво, што се 10 000 данок за тебе.

Не е смешно. Не ми се фрлаат 10 000 денари. Законот стапува на сила 8 дена по објаувањето во Службен Весник, а тој беше објавен на 30.12 2013, што значи стапи на сила на 07.01.2014, односно денес.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom