Сообраќајни прекршоци и казни

Вчера на другарче му пишаа казна дека е почетник и несмее да вози после 11. Јас сум со 2 годишно искуство и бев присутен со него во колата ама законски било 2годишно искуство + постар од 25год.(што не сум). Има ли некој со слично искуство со оваа казна, дали да плати другарчево 150евра во наредниве 7-8дена или да чека суд ?
 
Нели 400 евра е казната за возење после 11?Ако ја плати во рок од една недела се минусира дупло,значи 200,од кај 150 ги извадивте?Од сусамот може?
 
Нели 400 евра е казната за возење после 11?Ако ја плати во рок од една недела се минусира дупло,значи 200,од кај 150 ги извадивте?Од сусамот може?

Џандарот рече 150евра, сум немал лично искуство па да знам со сигурност.
 
Џандарот рече 150евра, сум немал лично искуство па да знам со сигурност.

Согласно член 240 став (5) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, глобата изнесува 400 евра, ако ја плати во рок од 8 дена од денот на издавањето на платниот налог (денот на прекршокот) тогаш ќе плати половина од глобата, односно 200 евра!!!
 
Добро е нека биде 200/400евра, прашањето друго беше. Ако има некој што знае нека одговори.
 
Вчера на другарче му пишаа казна дека е почетник и несмее да вози после 11. Јас сум со 2 годишно искуство и бев присутен со него во колата ама законски било 2годишно искуство + постар од 25год.(што не сум). Има ли некој со слично искуство со оваа казна, дали да плати другарчево 150евра во наредниве 7-8дена или да чека суд ?
Да плати веднаш
 
Добро е нека биде 200/400евра, прашањето друго беше. Ако има некој што знае нека одговори.

Добро, не знам што е тука нејасно, ако плати во рок од 8 дена ќе плати 200 евра, ако не плати во рок од 8 дена ќе оде на суд и ќе го казанат со глоба од 400 евра!!! ТОЈ ПРЕКРШОКОТ ГО СТОРИЛ, НЕМА ТУКА НИШТО СПОРНО, НА СУД СЕКАКО ЌЕ ГО КАЗНАТ! Дали да плати или не 200 евра, не можам јас да му НАРЕДАМ, од него си зависи!
 
Zдраво дечки, пред 1.5 години имав една казна, као демек за претицување колона, а јас уствари се престројував пред семафор и така... е сега ми стигна казната дека треба да ја платам, не ја платив, од суд после неколку месеци ме викнаа на испрашување, и после неколку месеци судот одлучи да платам пола од казната т.е 9000ден. Си платив и готово, после тоа стигна известување од МВР дека се жали на судот, дека требало и дозволата да ми ја земат на 3 месеци. Јас не им ја однесов... прашањето ми е дали ако одам надвор од државата со кола, можно е на граница да ми ја земат??

Дечки мене ми се деси истово денес... Е сеа бидејќи сум невработен и студент и стварно не сум во можност да ја платам казната ми рекоа дека можеби ќе ме помилуваат на суд особено што ова ми е прв прекршок... Дали некој има такво искуство или да си ја платам казнава во рок од 8 дена за 150е?
 
За име божје, кој ти кажа дека ќе те помилуваат на СУД??? Ако дојде до суд работата, односно ако во рок од 8 дена не ги платиш тие 150 евра, на судот ќе те казнат со глоба (парична казна) од 300 евра. Единствено што можат да направат е да ти изречат СУДСКА ОПОМЕНА или да те казнат со ГЛОБА од 200 евра (што искрено не верувам дека ќе се случе). И ЗАДОЛЖИТЕЛНО (без оглед на тоа дали ќе платиш 150, 200 или 300 евра) судот ќе ти изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од 3 до 12 месеца (за забраната задолжително се воде судска постапка)!!!
 
А ако ми дадат судска опомена значи нема да морам да ја платам казната така?
 
Значи, или ќе ти дадат опомена или казна, НЕ двете во исто време. Ако ти дадат опомена, нема да те казнат парично!

Епа на тоа се надевам јас... На тоа мислев кога реков помилување :) Дали некој има искуство со вакви Судски опомени?
 
Епа на тоа се надевам јас... На тоа мислев кога реков помилување :) Дали некој има искуство со вакви Судски опомени?

Ако ти е првпат ке ти намалат 30%, барем мене така ми направија. Затоа подобро плати си со време, или иди на суд и пробај некако на рати направи да плаќаш (доколку не си вработен).
 
Ако ти е првпат ке ти намалат 30%, барем мене така ми направија. Затоа подобро плати си со време, или иди на суд и пробај некако на рати направи да плаќаш (доколку не си вработен).
џабе брат единствено ако имаш врски само така може да се извадиш исто така ми расправаше еден мој пријател негов братучед таткому вработен во затвор таткому е сопрен од полиција и како што си е вообичаено документи све тие работи тој посегнал по собраќајната и до неа била и легитимацијата од затворот кај што работи само што ја погледнал и полицаецот се попарил му рекол извинете господине не треба документи слободно одете ова кога ми го кажа пријателот јас почнав да се смеам како ненормален :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Здраво. Ме застана сообраќајна полиција бидејќи бев со службено возило, ми побараа сообраќајна, моја возача дозвола, товарен лист, патен налог и се што имам од опрема. Откако приложив се дури ПП апаратот со голем рок на важење ми ја отворија кутијата за прва помош и полицаецот увиде дека немам безопасни игли и ножички и почна да вика дека немам клуч за резервна гума, на што јас му одговорив дека клучот се наоѓа во склоп на дигалката која е сместена на своето место во возилото, но тој не сакаше ниту да погледне, велејќи дека немам и си отиде во своето возило и почна да пишува некој документ. Откако јас почнав да инсистирам да ми каже зошто пишува тој ми рече дека немам соодветна опрема и ми напиша казна од 100 евра и плус казна која следи за правно лице и управител на правно лице. Срамота е, незнам на кој да се обратам, кај и да се обратам сите велат дека е завршено и дека штом е издаден налогот никој ништо неможе да измени. Го молев како човек да не пишува бидејќи не заслужувам за некои безопасни игли да плаќам 100евра. До колку мисли дека треба да ме казни нека ми напише некоја друга казна што можам јас само да ја платам, да не ја меша фирмата во која работам, но за жал не наидов на разбирање кај дотичната особа затоа што наводно имале наредба да казнуваат по било која основа, само за да ја полнат касата на државата. Ве молам посоветувајте ме што да направам... Фала однапред
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom