Сообраќајни прекршоци и казни

бреј супер, стварно ли и е тоа дека има шанси да го укинат тој глупав закон за забрана за возење после 23-00 ако си возач почетник?

и друго прашање. колку години искуство треба да имаш за да возиш после 23-00.
и дали има од некаде, некој книжари да се купат прирачници во кој има собраќајни закони.

мразам полиција.
 
Абе нека казнуваат кој заслужил, кој прави прекршок, немам ништо против, ама нервира буквално на секој семафор низ централно градско подрачје ко хиени настрвени кога ги гледаш.
Брат не се ко хиени... Кој стигна денеска моторче купи, па кадро и некадро седнати се зад управувач. А вози на средина од коловозната лента со брзина од 25 км/ч, без кацига, регистрација на моторчето и ОПШТИ познавања од сообраќајот. Вакви се 80% од моторџиите низ Битола, и прават хаос невиден во сообраќајот.
 
и друго прашање. колку години искуство треба да имаш за да возиш после 23-00.

Мислам дека така некако оди овој закон: ако си положил на 18 години, ти требат 3 години искуство, т.е. до 21 година, а ако положиш на 19 или покасно, две години искуство. Сега не ме држете за збор може и да сум грешка. А не верувам да го укинат. ЈБГ Македонија е ова, партал работа.:toe:
 
Да не знаете колку е казна ако те фатат без возачка?
 
Abw ste s iznapisale ovde, aj utre odgovori na site :)
 
а
Да не знаете колку е казна ако те фатат без возачка?

За немање возачка казната е 300 евра, а за неносење 35 евра мислам дека беше казната.

Кога сме веќе кај ова прашање. Како е можно, ако ме фатат после 23 часот или ако ме фатат со појака кола, казната да е 400 евра, а за немање возачка 300 евра? :toe:
 
Веќе помеѓу народот почна да кружи дека морало некој да ги плати изборите,демек да се наполнел буџетот па како исекогаш први на удар се сиротите возачи!:toe:
 
Не само за изборите.. секогаш треба за нешто да се напуни буџетот.. и секогаш се граба од народот, тоа кај нас си е најнормално ..
 
На сите што им кажав до сега за што ме сопреле лешинарите,(за претекнување колона на возила)-3 кои едвај одеа 30 на саат,само се крстат и се чудат!Бре има ли дно овој апашлук и брука џандарска!
 
Ај ве молам неколку прашања, може ги има одговорено на претходните странаи, ама многу се да ги читам.Треба ли да се полага за А категорија, 50 кубика , ако имаш возачка за Б, веќе неколку години, ако не, тогаш треба ли да отидеш да ти пишат нешто во возачката??
А да.И дали може додека да ги земеш документите од регистрација да го возиш?
Ве молам да ми одговорите.Фала.
 
возачката од б ти важи за до 50 кубика .....не треба ништо да ти потпишуваат
 
Ај ве молам неколку прашања, може ги има одговорено на претходните странаи, ама многу се да ги читам.Треба ли да се полага за А категорија, 50 кубика , ако имаш возачка за Б, веќе неколку години, ако не, тогаш треба ли да отидеш да ти пишат нешто во возачката??
А да.И дали може додека да ги земеш документите од регистрација да го возиш?
Ве молам да ми одговорите.Фала.
Значи како што ти одговорија и претходно, до 50 ццм возиш со Б категорија, над 50 со А категорија или со А1, не знам дали е стапена у сила оваа последнава. А1 е до 150 кубика а А за над 150, значи со а можеш све да возиш. Е сега не знам зошто, порано у сообраќајна ни сугерираа некои дека со 50 кубика не требало да признаваме со А категорија демек со Б требало, ама пошто не ми објаснија официјални лица од работа, јас и А ја признавав. Нема логика да има положено за А а ја да не му признаам за моторче ( велосипед со мотор ) нели :)
 
Е вака сега за ова со моториве значи ми е ЕПТЕН не логично. Мислам океј закон си е закон, ама дупките се големи ко главни канализациски цевки.
Што би се случило доколку купам Aprilia RS50, тој мотор спаѓа во целиот свет во mini race класа т.е. има 6 степен менувач? И значи за тој мотор тука во Македонијава немора да се полага т.е. се смета за велосипед со мотор. Ете таков има и 125ccm исто со 6 степен менувач, и добро за тој треба да се положи оној идиот тест со некои си 18 прашања.
Ова значи дека јас ќе возам мотор со мануелно менување на брзини, без никакви врагови за онака чист кејф уште од 15-16 години, а брзината на тие мотори е одприлика 120/30 ако не се лажам. Е сега како тоа тие што возат автоматик мотори од 150 ccm МОРААТ да ја имаат таа А категорија, која воедно се добива со возење на MZ од четрстурско со мануелен менувач. Што на врагов ќе ми е тоа на мене, само вртам на рачката:) А дечиштата што имаат М категорија која се добива на ливче возат мотори со мануелни менувачи
Јебем ли ти логика
 
малце офф топик...крајно ме иритира од страна на собраќајната полиција...кога пред нивни очи некој "фаци" од градов дивеат на едно без кацига ...а овие се прават дерка не ги гледаат ....
 
Во категоријата А спаѓаат моторцикли со или без бочна приколка,чија работна зафатнина на моторот надминува 125 цм/3.

Во поткатегоријата А1 спаѓаат лесни моторцикли чија работна зафатнина на моторот не е поголема од 125цм/3 и чија сила на моторот не е поголема од 11kw. Понатаму има и поткатегорија Б1(трицикли и четирицикли)ама не смеат да бидат потешки од 550кг да не се побрзи од 50км/ч и да не се појаки од 50 кубика!Сите потешки,побрзи или појаки испаѓа дека мора Б. пс. Луѓе носете кациги,имајте документи и регистриран скутер,мопед!Парче прават низ Скопјево ова лешинариве!Чувајте се!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom