Сообраќајни несреќи

Поради неприлагодено брзина најчесто самиот ќе настрадаш во несреќа, додека поради несовесно возење страдаат и други покрај тебе.
Еден пример, вечерва кај Росоман што начекав една лада со прилепски таблици, полна беше до врв со дрва, немаше апсолутно ниедно светло (не ми е јасно како гледаше кај вози) и цело време се шантраше по патот. Е од таквите можи некој ни крив ни должен да настрада, а ако вози 160 и излета од пат или се здрви во некоја карпа, самиот си го барал во случајот.

Слична ситуација пред 2-3 години на тој Плетвар ми се деси и мене.4 накај 5 сабајле, хорор пат ни сигнализација ни ништо.Тераш едно просечни 80 нагоре и наеднаш гледаш цел шлепер пред тебе на најдесната лента, ни триаголник ни ништо.Среќа беа 3 ленти.Ако влезевме во шлеперот од нас 5 души во колата ќе имаше 5 Х Тоше Проески случаи.:tapp:
Жмигавци низ град ретко кој користит, а често прво вртат па после жмигавец гледаш :mad:Прашања и пракса за кружен тек сме имале на возачки испит, ама голем процент си возат луѓево по свое.Таксисти и скутерџии ми се омразена категорија.Најлошо е кога во таква ситуација на возење без ред и ти се губиш и 'се прилагодуваш' на истата.
 
Немањето свест е најголемиот виновник за сообраќајките и многу се нервирам заради тоа, многу често заради некоја будала што нема свест и невин човек настрадува.
Баш пред некој ден еден другар ми вика "Лелее вечер планирам да славам има ѓон да се направам, само незнам како ќе се вратам дома, со моторот ќе бидам" :tapp: ... Е ај сеа...

Значи сто пати сум рекла, никој не ви забранува да пиете, излезите и пијте ама кога гледаш дека си пијан не влагај у кола, остај ја колата, земи такси иди дома, утре ќе се вратиш по неа. Или ко овој будала другаров, ако планираш да пиеш иди со такси/пешки а не со мотор.
 
Сепак ајде да погледнеме малку и од другата страна...

Еве ајде се случува ти оди ногата на гас НО! Општо познато нашите патишта какви се. Колку лоша сигнализација. Целите се прекрпувани, шиени недокрпени.... Слаба прегледност на одредени места поради вегетација. И дали воопшто им кликнува нешто во главата дека прават погрешно....
 
Две тешки сообраќајни несреќи, една во Прилеп друга во Охрид!
 
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=34543

http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/99581-teska-soobrakajka-kaj-mavrovka-trojca-povredeni

Вечерва, малку по 21 часот, се случи тешка сообраќајна несреќа на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје, во која три лица се тешко повредени, a според непотврдени информации, едно лице загина. Полесно се повредени и четири пешаци. Во несреќата учествувале три возила - Голф, Пасат и Застава. Поради увид на местото на несреќата полицијата го затвори сообраќајот на булеварот кој води кон Бит пазар. МВР повеќе информации најави за утре.






--- надополнето: 2 февруари 2014 во 01:49 ---
СТРАШНО
--- надополнето: 2 февруари 2014 во 01:53 ---
znaci strasno se nerviram koga ke mi tekne kakvi se vozaci ima i sto se pravat
u pm da se gonat
 
Има решение - постојани контроли на полицијата и огромни казни за брзо возење и возење под алкохол или дрога (во вториот случај и одземање на возачка со забрана за возење подолг период) или како што воведуваат некои замји, мислам дека беше Британија, возењето под дејство на алкохол или опијати се третира како обид за убиство и така и се суди...
За сообраќајната култура нема што да се каже,не постои, секој ден во ссобраќај го гледам како руски рулет, не разбирам каде сите толку летаат и се крајно нервозни и дрски во возењето...
Затоа и го имаме она што го гледаме секој ден - материјални штети, повредени патници и пешаци и за жал се повеќе загубени животи.
 
од проверени информации дознав дека во прашање било возачКА и тоа во невестински фустан облечена.. се брзала на сопствената свадба...
 
од проверени информации дознав дека во прашање било возачКА и тоа во невестински фустан облечена.. се брзала на сопствената свадба...

Ма кој сака нека биде,ако сака и Елвис Притисни нека биде..Правила се правила,за сите исто важат..Гарант на мотелот Македонија била свадбата..
 
нема шанси да билона мотел македонија, зашто во мотел македонија вчера имаше мото собир на кој и јас бев.. мото собирот почна во 10 наутро а заврши(л) во рани утрински саати... свадба јик таму вчера... а моторџијава е еден одприсутните на собирот.
 
Прееска кај палма у тафталиџе, мотор бацил цитроен пикап, моторот сол незнам за повредени
 
На клипот на 1:40, возачот на Ладата бил прогласен за 100% виновен.
Како вие би реагирале во ваква ситуација (недај боже) ?
Дали би возеле во вашата лента и покрај тоа што од спротива ви доаѓа директно друга кола, или би ја избегнале колата влегувајќи вие во спротивната лента (како што беше случај во клипот на 1:40), но поради замрзнатиот пат, се излизга и видовте што се случи.
Доколку возачот на Ладата не испаничеше и не отидеше во спротивната лента, сега сите ќе си беа здрави и живи.

 
Хммм... зошто забега лево воопшто? Се плашеше од она што претекнуваше по ледот? Доволно би му било само да пушти гаста малце, по мене барем, имаше време да се протне оној...Премногу нерезонски ми забегува Ладата, намерно некако...
Башка лед...
Башка најглупа одлука у маказа да одиш лево...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom