Сообраќајна (не)култура

  • Креатор на темата Креатор на темата santelli
  • Време на започнување Време на започнување
Се има случено, мој добар пријател полагаше повторно, и тестови и возење. И тоа возачката од дома дошле од полиција да му ја земат. Колку знам, сега се укинати книшките за казнени, не постојат повеќе.

Книшките се укинати, а ако ваѓаш нова возачка или менуваш, книшка ти даваат како задолжително.Демократија.

Сега е веќе пролет, први на удар за пцуење ми се дечиштава на мотори по двајца или фамилијарно маж, жена и дете - тројца без кациги.

Овие првиве уште ги брчат мислиш Харли зеле да возат, а добиваш и престигнување од десна страна и излегување пред шофершајбна и в лево кога вртите лево на раскрсница, пример.На семафори, пред кружен тек на улицца со две ленти добиваш меткање меѓу двата реда коли.Па и врвот кога ќе наместат моторчето на парлинг за кола накосо.
Поврзано со ова, паркинзите кои се минимални и непостоечки.Па добицаме хаос на улици за кои не се криви возачите.Итн.
 
Последно уредено:
Темава одамна не е активна ама многу сакам да си го искажам револтот :)

Не знам од каде да почнам искрено, дали од ненормални возачи, пешаци што претрчуваат на булевар или велосипедисти што возат на сред улица. Страшно и трагично е колку не се почитува ниту едно сообраќајно правило, почнувам да мислам дека на никој не му е мил животот чим така се изложуваат во сообраќај.

Прво, ужасно ме нервира што нашиов народ воопшто нема трепение особено за автошколите. Сите вие што свирите, сечете пат, се лепите, пцуете, урлате врз автошколи, да ви објаснам дека тој/таа што е зад воланот во автошколата Е ПОЧЕТНИК И ПРВПАТ СЕДНУВА ЗАД ВОЛАН! Не можете да очекувате дека ќе вози перфектно, особено не ако му/и е 1, 2, 3 час градска.
Навистина како народ треба да имаме повеќе трпение и емпатија кон новите возачи. Не бива на некого да му ја скршиме желбта или самодовербата за возење само затоа што нас ни се брза некаде!

Понатаму, ако ти се брза за некаде (а не е итен случај), твој проблем, излези порано од дома. Сигурна сум дека сите сме добро запознаени со гужвите во сообрјаќајот (особено во Скопје), па затоа излегувајте си со време од дома. Подобро да задоцниш некаде отколку да се убиеш себеси или некој друг. Друга работа, без разлика дали се работи за автошкола или возач почетник или пак искусен возач, на секого може да му се случи да напрви грешка. Затоа драги сограѓани, треба да се држи растојание од кола до кола. Држи растојание за во случај тој пред тебе да закочи нагло, или ако стоиш на угорнина не се лепи на тој пред тебе во случај да му се врати колата и да се направи штета. Никој не гарантира 100% безбедност во сообраќајот, ама ако се почитуваат правилата дури и да се случи сообраќајка таа нема да биде фатална.

Следно, ако некој поставил правило дека на тој пат максимална дозволена брзина е 60, тогаш вози 60! Тоа правило не е за џабе ставено и ти нема да бидеш мангуп ако возиш 90 и усмртиш некој. Во изминативе години често бевме сведоци на прегазени пешаци на пешачки бидејќи возачот возел со брзина над дозволената и немал време да закочи (+ што возат без возачки и во алкохолизирана состојба).
Исто така, смешни сте кога за лева лента на булевар викате дека е брза. Сериозно? Не е булеварот автопат, булеварот е во населено место, со обележани пешачки премини и тек тук велосипедски патеки. За каква брза лента зборувате стварно не знам. Си измислувате правила како ќе ви текне. И аман досадни сте кога свирите на коли што на булеварите возат колку што е дозволено!

Одиме понатаму, троторарите се за пешаци, а не за вашите коли. Нели ви е глупаво да видите мајка со количка или дечиња што се враќаат од училиште како се спуштаат на улица и се изложуваат на ризик бидејќи вашата кола стои на тротоар? Што се должни луѓе со помагала (штаки, бастун или инвалидска количка) да се спушаат на улица поради вас? Во иднина тоа може да бидете вие или ваш близок, размилсете малце. Исто така, улиците не се место за паркинг. Не може да си застанеш на сред улица и да одиш на пиеш кафе или да пазариш. Во мојата населба двосмерни улици се претворија во едносмерни, а едносмерните се едвај проодни бидејќи има паркирано коли од сите страни. Излезот од паркинг на едносмерна улица е речиси невозможен бидејќи не може човек да заврти на раат. Ако веќе паркирате на улица барем залепете ја до троторарот, а не колата да зафаќа 80% од лентата.

Драги пешаци, бидете културни и одете до најблискиот пешачки за да преминете улица. Ако на пешачкиот има семафор, не претрчувајте на црвено дури и да нема коли. Досадни сте веќе со претрчување на сред булевар бидејќи ве мрзи да одите 50 метри до семафор. Исто така, ако има кола на тротоар, пред да се спуштите на улица за да ја заобиколите погледнете преку рамо дали ви доаѓа друга кола или не. Улицата не е за вас резервирана, бидете внимателни.
Кај средношколциве не знам дали е некој тренд или не, ама кај ПТТ и хемиско често претрчуваат на црвено. Воспитајте си ги децата ве молам.

И за крај велосипедистите, особено постарата генерација што си свирка и си вози на сред улица. Јасно ми е дека и вие треба некаде да возите и дека велосипедски патеки има само низ центар, а во населбите не. АМА тоа не ви дава за право да возите буквлано на средина и да пречите на сите останати учесници во сообраќајот + гестикулирајте со рацете ако вртите или застанувате!

Навистина не е толку тешко да се почитуваат правилата, улиците не се ваши па да дивеете по нив. Каде ви се осетот за одговорност, емпатијата, разумноста? Каде ви е совеста кога се ставате себеси и другите во ризик? Опрајте се.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Tex
Драги пешаци, бидете културни и одете до најблискиот пешачки за да преминете улица. Ако на пешачкиот има семафор, не претрчувајте на црвено дури и да нема коли. Досадни сте веќе со претрчување на сред булевар бидејќи ве мрзи да одите 50 метри до семафор. Исто така, ако има кола на тротоар, пред да се спуштите на улица за да ја заобиколите погледнете преку рамо дали ви доаѓа друга кола или не. Улицата не е за вас резервирана, бидете внимателни.
Кај средношколциве не знам дали е некој тренд или не, ама кај ПТТ и хемиско често претрчуваат на црвено. Воспитајте си ги децата ве молам.
Иако темава не е активна доста долго време сепак морам да се согласам со се од напишаното, а особено ова за пешаците. Сега пред скоро имав случка возејќи од правец Кисела Вода према Железара и нормално возам се по пропис и брзина и се и од нигде никаде малку подолу од Макпетрол Лисиче на сред булевар додека се движиме колона возила излетува мајка со две деца и зема да поминува сред булевар на средина према Џевахир каде што поминува се на се 5 ленти. Како шлаг на торта “госпоѓата” мене ми покажуваше среден прст и ме пцуеше бидејќи возев регуларно по правило на пропишан коловоз. Каков сјајен пример остава пред децата…
 
Последно уредено:
Nema policija i nema red drugar, nema koj da gi tepa.
Baska nema koj da gi kaznuva vozacive, ovde se e napeto i neebano, brzaat mislis biznisite ke im propadnat a nemaat voda u oci, zaglaveni vo lexi krediti. Smrad od narod.
 
24/7 се расправам со возачи кој мислат дека имаат Предимство оти возат право, јас од десна страна сум се приклучувал.Зборувсм за паркинг зона , улички каде има паркирање и на средина. Но не само тука, проблем има и од другата страна на населбата Н.Лисиче,, во Реонскиот центар, каде се поставени знаци со триаголник и знаци за предимство и таму тие што возат право во Т раскрсница не признаваат ниту правило на десна рака ниту ЗНАК триаголник...полиција БЕГА од овакви места. Не ми беше тешко, се јавив во авто школо при АвтоМото, прашувам што е работата, инструкторката кажува знам за проблемот. Да не кажувам што во паркинг зона е спид лимит 30км/ч, знаци нема секаде, ама се знае што е паркинг зона.... Голем проблем во градовите е и БЛОКИРАЊЕ на раскрсници. Има закон, знаци има можеби само на 2 места во Скопје, ама нема потреба секаде да има, се знае дека не севлегува во раскрсница која е блокирана, т.е. НЕ М9ЖЕ ДА ЈА ПОМИНЕШ....А говеда влагаат во блокирана раскрсница и на црвена, па еднаш автобусот 3ка тргна пред мост близнак да ги гази, не разбираат ни од семафор ни од свирење....
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Tex
brzaat mislis biznisite ke im propadnat a nemaat voda u oci, zaglaveni vo lexi krediti. Smrad od narod.
Фактот што во месец март 2023 излезе податок дека биле одобрени над 200 илјади апликации за брз кредит за една година кажува се...

 
IMG_7202.jpeg
Кажете дијагнозата, толкав слободен и бесплатен подземен паркинг во трговски центар Џевахир и пак да се паркираш на сред улица…
 
Ја многу се нервирам, ама искрено од ушите ми чури кога ќе видам некоја сообраќајна неправда.
Многу ме нервираат старите кога ќе минат улица, а да не е на пешачки. Ајде помлад ќе претрчи, ама старите се влечат а на 10-15 метри од него има пешачки. Ме нервираат жени што возат “по пропис” и возат со 20, со стискање на кочница, уствари генерално ме нервира кога на пат без кривини ќе се стиска кочница. Ме нервира кога ќе се паркираат и ќе пуштат сите четири, демек така е дозволено веќе. Споро возење во брза лента, ужас.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Tex

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom