Сонови, толкување на сонови

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Е вака, вчера сонував борба на авиони :pos2::pos2: Значи два авиони возат еден кон друг и се маваат и кој падне губи, а другиот е победник и иде во друга фаза. И тоа било главен спорт и сите сме биле собрани и сме гледале. Па нешто сум пробувала да облечам хулахопки ама широки ми биле и сите сме се чуделе ко којзнае што да е, ама на крај сум ги облекла и сме продолжиле да ја гледаме борбата.

глуп сон!
 
Ај ќе ве замолам ако сакате да протолкувате нешто околу сонот на една другарка. Еве сега правевме муабет дека истиот сон го сонува мн често и секогаш се преплашува. Сонот и е овака нешто колку разбрав:

- Она е присутна у сонот, ама тој не е она, туку како од горе да се гледа самата себе. И има некој пут пред неа, и оди, оди.. и почнува да трчи, а од страна нешто се слуша, некои звуци, некое трескање и паѓа.. однемуе воздух и едноставно паѓа.. А исто така у сонот има и некои степеници..

Поздрав..
 
Ај ќе ве замолам ако сакате да протолкувате нешто околу сонот на една другарка. Еве сега правевме муабет дека истиот сон го сонува мн често и секогаш се преплашува. Сонот и е овака нешто колку разбрав:

- Она е присутна у сонот, ама тој не е она, туку како од горе да се гледа самата себе. И има некој пут пред неа, и оди, оди.. и почнува да трчи, а од страна нешто се слуша, некои звуци, некое трескање и паѓа.. однемуе воздух и едноставно паѓа.. А исто така у сонот има и некои степеници..

Поздрав..
Класика,според Фројд сонувањето на паѓање ја одразува потребата за секс и блискост. Мислам дека нема жив човек што не сонувал како паѓа. :toe:
 
Сонував како сум чекала автобус, но автобусот не бил за мене и сум се надевала дека нема да дојде. Некој да знае што значи? :smir:
 
Абе сонував дека сум избегала од затвор.Ако знае некој што значи?
 
Дали некој знае што значи да сонуваш зајак бел? Четири-пет сонував нешто...
 
Дали некој знае што значи да сонуваш зајак бел? Четири-пет сонував нешто...
бел зајак значи успех

Абе сонував дека сум избегала од затвор.Ако знае некој што значи?

затвор-непријатна задача
ако си во затвор те очекуваат големи неприлики
а ако излегуваш од затвор-смртна опасност или ослободување од грижи
..за бегање од затвор..незнам
:toe:
 
..Јас сонуваф... Пошо сакам мнооогу пирс на уста и и рекоф на баба ми бабо идам ја да се пирсам не имкажувај на моите!.. И оваа ми рече што ќе идеш таму јас ќе ти дупнсм....и она ме испирса на усТа(баба ми) и ептен ми беше добар пирсот

И иИ ШТО ЗНАЧИ?!!
 
Значи многу често сонувам како отварам очи ама не можам да мрднам многу се мачам ама цело тело ми е вкочането мајками влегува во собата чисте нешто брише таму јас сакам да и викнам ама не можам како да сум заробен во сопственото тело...Многу често ми се случува тоа и многу е језиво а после тој сон се разбудувам многу испотен как да сум трчал цел саат.
 
Значи....за да ги протолкувате вашите или соновите на вашите блиски...па и на некои луѓе кои воопшто и не ги познавате морате да го познавате делото на Фројд.Доколку сакате самите да ги толкувате вашите соништа,најпрвото нешто што треба да го направите е да ја побарате причината за сонот во вашето минато и да размислите како сте се чувствувале во тој момент бидејќи соништата се само една слика на нашите емоции и секојдневен живот.....најчесто нашите најскриени желби(пр.зошто сонуваме еротски сништа)Верувам дека сите имаме сонувано ткн.влажни соништа,но ако малку размислите, имате сигурно сонувано и такви соништа во кои вие имате сексуален однос со некој од вашето најблиско семејство,односно,вршите инцест.Значи,сонот е измешана слика од сите нашти желби,чувства и ионстантни мисли кои траеле по 1-2 секунди,мисли кои ни прелетале низ главата,но се многу реални во нашите соништа.Се мешаат задоволствата,сексот,љубовта кон пријателите роднините.... размислете за некој ваш сон и самите протолкувајте....ајде сакам да видам како напредувате
 
два сона сонував денес:vozbud::pos2: вториот... операција некоја,и требаше од мене,да се извади ребро,и да се стај во на друг човек телото (не ми текнува кој беше) и сето тоа во домашна атмосвера... ме боцкаа со игли ова она,се осеќав,без анестезија ова она...:vozbud: и незз шо се деси понатаму...

протолкување на ова глупостиве?
 
Пред 2 дена сонував дека сум се степал со најдобриот другар,а овој како да не ме осеќал кога сум го мавал и ми се смеел во фаца. Синоќа сонував дека 2 другари се договориле и ме зачекале и почнале да ме тепаат. Хелп ениуан?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom