Сонови, толкување на сонови

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Соновите сериозно предупредуваат запишувајте ги и следете што ви се случува. Не ги читајте соновниците. Честопати соновите се повторуваат . Треба да се слушате себе си, и да не ја негирате интуицијата или соновите.

Да.. точно. И треба самиот да увидиш како на тебе ти се остваруваат соновите. Некои знаци на различни луѓе може да им значат различни нешта. Приметувајте после соновите какви работи ви се случуваат.
 
Многу сонувам :) Последен сон ми е како бркам мачки и ги удирам со прачка :nesvest: Што значи ова знае некој :kesa: Инаку во дворот беше то :)
 
Многу сонувам :) Последен сон ми е како бркам мачки и ги удирам со прачка :nesvest: Што значи ова знае некој :kesa: Инаку во дворот беше то :)

мачки се лицемрни луѓе најчесто мачката се поврзвуа со женска личност, но според твојот сон лицемерните луѓе од твојот живот ќе ги истераш!
 
Да.. точно. И треба самиот да увидиш како на тебе ти се остваруваат соновите. Некои знаци на различни луѓе може да им значат различни нешта. Приметувајте после соновите какви работи ви се случуваат.

мачки се лицемрни луѓе најчесто мачката се поврзвуа со женска личност, но според твојот сон лицемерните луѓе од твојот живот ќе ги истераш!

Фала Dolphin :)

Инаку да и јас имам читано дека многу бргу ги забораваме соновите и дека треба да си ги запишуваме во нотес :) Треба да почнам :)
 
Фала Dolphin :)

Инаку да и јас имам читано дека многу бргу ги забораваме соновите и дека треба да си ги запишуваме во нотес :) Треба да почнам :)

хммм па ако толку те засега сонот и ако сериозно мислиш со тоа да се занимваш да анализираш повели па пренеси искуства да знамеме колку е ефикасно.
 
Да не ја замарам Луси дека е малку трудничка :) а баш сакав она да ми го протумачи (ај може ќе имам среќа) сонот кој го сонував, а изгледаше ко јаве.
Седев во автобус со мајка ми, одеднаш автобусот скрена од патот и низ една провалија одевме токму кон едно дебело дрво...замижав и само реков „тоа беше од нас„ и одеднаш бев во друга димензија, малку чудно...нит мртва нит жива. Околу мене беа луѓе кои ги сакам, и сите ми велеа дека треба да ја чекам одлуката, дали ќе сум мртва или пак ќе се вратам во живите. Знам само дека ми беше убаво, некако бев исполнета и видов нешто што една личност многу си го посакува, беше исполнето...демек сум гледала како е во другиот свет (така ми рекоа тие околу мене).

Неможам баш во детали да го опишам сонот, дека некако се беше испомешано и чудно...

Благодарност.
 
шо значи ако сонваш дека си болен ? и то салам болен :nesvest:
 
Уф, те очекува некое премрежје, арно ама ќе излезе на добро, сега ти преостанува да се држиш и да истраеш...

п.с. Ако сум трудна натке уживај рацеве можам да ги користам за штракање :)

шо значи ако сонваш дека си болен ? и то салам болен :nesvest:

Ништо страшно, баш напротив добро здравје те служи.. ужифкај :)
 
вчера сонував дека моја добра другарка Пуши. И потоа утре дента баш се распрашав и таа пропушела истиот ден :nesvest: неможам да сватам
 
вчера сонував дека моја добра другарка Пуши. И потоа утре дента баш се распрашав и таа пропушела истиот ден :nesvest: неможам да сватам

е добро де ти се случило привидение на сите ни се има случено уште колку такви ситуации ќе имаш.

сите имаме потсвест која може да не предупреди за нешто во иднина така да не се чуди...
 
според некои психолошки тврдења куќата во сонот те претставува тебе, а подрумот твојата потсвест а ако подрумот бил мрачен тогаш се оптеретуваш со некои црни мисли, ако е убав и среден чист тогаш обратното а бидејќи си нашла некои суштество чудно а било пријателски настроено тоа значи дека можеби се оптеретуваш со некоја личност која за тебе е помалку чудна но сепак со тебе е пријателски настроена.

а според народните толкувања убава куќа како во твојот сон претставува убав и удобен одмор, додека подрум влегување во подрумот значи среќа, ако подрумот е полн тогаш значи благосостојба, а ко е празен значи оскудација заради нештедливост, а суштеството како што реков претставува некоја личност во твојот живот која за тебе е чудна но е пријателски настроена спрмеа тебе.

Незнам дали добро се изразив ама еве уште еднаш на кратко:Се наоѓам во нешто огромно како дворец или вила ама огромна,и се симнувам низ некои мрачни простории,и цело време се симнувам надолу и на крај доаѓам до мала и ниска вратичка и несакав ова да го кажам ама уствари како што се одвиваше сонот,откако ја отворив вратата излезе едно суштество,и сега нез како беше можно и дали тоа од потсвеста излезе,всушноста тоа мало суштество било таму со години и јас откако сум го ослободила тоа мене ме нападна,значи го видов само како се нафрли врз мене,а не видов што ми направи,ама не беше пријателски настроено и демек излегло за да го уништи светот.И да нагласам дека сонот не е резултат од гледање хорор или нешто слично...Два пати во една недела го сонував истиот сон...
 
Уф, те очекува некое премрежје, арно ама ќе излезе на добро, сега ти преостанува да се држиш и да истраеш...

п.с. Ако сум трудна натке уживај рацеве можам да ги користам за штракање :)
Фала ти многу Луси :)
А за рацеве, мене ми стануваа ко ќебапчиња, па затоа и мислев дал си во можност да типкаш :)))
 
Цело време сонувам како имам сексуални односи со таа во која сум вљуен :pipi::pipi::back:
шо ќе да е овој сон? :toe:
 
Цело време сонувам како имам сексуални односи со таа во која сум вљуен :pipi::pipi::back:
шо ќе да е овој сон? :toe:

епа желба имаш да бидеш со неа на секој можен начин, ја посакуваш!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom