Сонови, толкување на сонови

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Не дека нешто особено им придавам значење на соништава и начинот на толкување,повеќе сум за оној другиот,но во ниеден дел не можам така да го протолкувам,а е од оние кои ти оставаат впечаток во цел ден и те следи некое неубаво чувство,па викам ајде да си прашам...
Сонував шума,низ сред шумата утапкан земјен пат...одев со мои пријатели по патот,ама сите бевме некако раздалечени,но сепак си муабетевме и се смеевме и одеднаш почнаа да паѓаат мртовци...искасапени,крвави,грозни,имаше и возрасни,но и деца...језиво...почнав да трчам и толку,не се сеќавам повеќе.Кошмар!
Луси лу?!:nesum:
 
Кошмар е како и да вртиш, обично сонови со некое предупредување се појавуваат поинаку..

Кога ова би се толкувало, би излегло, дека те очекува длабок немир и доста непријатни моменти и зли јазици... :(

јас сонував како во поштенското сандаче(кое било дигитално и покажувало број еден дека има едно писмо)стиганало писмо,било адресирано на мене и мојот датум на раѓање го пишувало на него го отворивме и после испадна не било за мене.Луси што значи тоа?

Некое сеќавање, старо пријателство или ти недостасува некој..

Дали знајт некој шо значи бакнување?

Настинка :smir:

jas sonuvav kako se vrakam od pogrebot na tatkomi i sedi majkami na krevet i gledam oblaka nekoi preubavi cizmi sivi i mi kazuvaat deka nekoj peac umrel i na site im e zal so znaci sea ova...?

Чизми се длабока тага, а тоа што умрел некој е продолжување на нечиј живот..

Ноќеска сонував како се мавам со снег со дргари на некое мало место исполнето со зеленило што би значело ова?

Снегот е маки, тага..

Луси другарка ме сонувала како сум родила син(не ме гледа како трудна туку само сум го родила и го чувам)...ми викаат тоа било лошо нешто, па ме интересира ти што ќе ми кажеш:smir:Фала однапред

Не е лошо, напротив ќе се отарасиш од некое зло што ти виси околу тебе..
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS
Леле ја не можам више да сонувам...
Сонував како сум трудна и наеднаш во рацете држев машко бебе. Мајка ми и баба ми на денот на моето пораѓање отишле во Виена, и дедо ми и татко ми биле со мене...
Втор сон:
Имав рани со гној по целото тело, а мајка ми кога ме виде ми кажа дека не ми е ништо и дека е рак на кожа.Раните се ширеа, и на крај изгледаа како џебови, а внатре гној и крв... ОДвратно
Трет сон:
Се карав со мајка ми по телефон, и мајка ми реши да се самоубие. Го слушав целиот чин, со нож како се боде, и после 2 сек у обид да ја спасам се најдов дома, али мајка ми ја немаше
Четврт сон:
Стоев на мост на река, пола беше срушен. Стоев на работ на мостот и гледав во реката како мојот бивши дечко прави свадба со сегашната негова девојка на реката. Имаше веселба, луѓе, музика.

:pipi:
 
Јас ноќеска сонував дека сонувам, односно имав сон во сон. Наводно значело лажна надеж... :toe:
 
Леле ја не можам више да сонувам...
Сонував како сум трудна и наеднаш во рацете држев машко бебе. Мајка ми и баба ми на денот на моето пораѓање отишле во Виена, и дедо ми и татко ми биле со мене...
Втор сон:
Имав рани со гној по целото тело, а мајка ми кога ме виде ми кажа дека не ми е ништо и дека е рак на кожа.Раните се ширеа, и на крај изгледаа како џебови, а внатре гној и крв... ОДвратно
Трет сон:
Се карав со мајка ми по телефон, и мајка ми реши да се самоубие. Го слушав целиот чин, со нож како се боде, и после 2 сек у обид да ја спасам се најдов дома, али мајка ми ја немаше
Четврт сон:
Стоев на мост на река, пола беше срушен. Стоев на работ на мостот и гледав во реката како мојот бивши дечко прави свадба со сегашната негова девојка на реката. Имаше веселба, луѓе, музика.

:pipi:

Машко дете на сон е ѓавол

И за последниот сон т.е. четвртиот ако е матна водата е добро, а ако водата е чиста неубо ке е за тебе или за бившиот. Многу луге насоне не е убо мислам.
 
Сонување и толкување на сонови

Quote:
Originally Posted by **The Beauty**
Леле ја не можам више да сонувам...
Сонував како сум трудна и наеднаш во рацете држев машко бебе. Мајка ми и баба ми на денот на моето пораѓање отишле во Виена, и дедо ми и татко ми биле со мене...
Втор сон:
Имав рани со гној по целото тело, а мајка ми кога ме виде ми кажа дека не ми е ништо и дека е рак на кожа.Раните се ширеа, и на крај изгледаа како џебови, а внатре гној и крв... ОДвратно
Трет сон:
Се карав со мајка ми по телефон, и мајка ми реши да се самоубие. Го слушав целиот чин, со нож како се боде, и после 2 сек у обид да ја спасам се најдов дома, али мајка ми ја немаше
Четврт сон:
Стоев на мост на река, пола беше срушен. Стоев на работ на мостот и гледав во реката како мојот бивши дечко прави свадба со сегашната негова девојка на реката. Имаше веселба, луѓе, музика.

Основна нишка во сите твои кошмарни соништа е неспокојот и стравот. Стравот го подига нивото на андреналин кој од своја страна помага да се разбудиш. Причината е сигурно некој проблем што го имаш со здравјето. Не е лошо да си го провериш.
 
Најмногу сакам да сонувам мрсни сонови... ама пошто сум малер, сонувам кошмари најчесто :nesvest:
 
nekolku pati imam onuvano kako avtomobilot nekako bega od avtopatot i od golema visocina popoleka paga nakaj voda(more) i sea ja sum nes ko u nedoumica dali da ostana u avtomobilot ili da skoknam? lol
 
Сонувам многу чудни сонови во последно време. Што значи кога сонуваш дека цело време трчаш низ улици, куќи и сите тие се ко у Дизниленд да си. Значи не бегаш, во потрага си по храна за личноста што ти значи и она оди по тебе. Мораш да ја убиеш за да продолжите заедно, значи со тоа му го продолжив животот во сонот на другарот. Многу чуден сон, ама во сонот се чувствував прекрасно, зашто бев со особата што многу ми значи.
И кога ми се јави сабајле, уф смирена бев:pipi:
 
Леле сонував дека со брат ми (инаку мало е детето) саме одлучиле да одиме за Москва( само он и ја...). И така од дома не пуштиле, знаејки дека јас ке се грижам за него , а и тој е многу мирен и послушен. и не спремаа , мајка ми ми дофрлума Да не забораиш мобилниот, татко ми за пари прашува... и во еден момент како да ми дјде на ум дека ова е сериозно и дека патувањето нема да биде најлесното на свет, се почуствував полна со одговорности. и се облеков( инаку без врска , има стаено на себа 3 палтиња, а брат ми имаше и шубара). и му ја поддадов рака за да тргнеме и се разбудив.
 
Ноќеска сум сонувал кучиња некои сакале да ме касаат а некои сакале да се галат со мене што значи тоа?
 
Што значи да сонуваш дека те прегазил воз преку стомакот, меѓутоа сеуште си жив лежиш така црева извадени разговараш со други...ме исплаши најискрено сонов:(
Луси кажи жити се стравувам најискрено
 
Што значи да сонуваш дека те прегазил воз преку стомакот, меѓутоа сеуште си жив лежиш така црева извадени разговараш со други...ме исплаши најискрено сонов:(
Луси кажи жити се стравувам најискрено

Најверојатно бил кошмар, или па ќе пребродиш некои лоши периоди..
 
Ух, пред некое време сонував девојка која едвај ја познавам и која ми се допаѓа. Шетавме заедно некое време и таа од својата уста изваде бомбона која ја стави во мојата. Може коментар за сонов :wink:?
 
Ноќеска сум сонувал кучиња некои сакале да ме касаат а некои сакале да се галат со мене што значи тоа?

Пријатели и непријатели, штета може некои да ти напраат и да те повредат, односно внимавај со кој се си опколен!

Најмногу сакам да сонувам мрсни сонови... ама пошто сум малер, сонувам кошмари најчесто :nesvest:

Мисли цело време на зејтин и на маст, и цело време мрсни сништа ќе имаш...:nesum:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom