Сонови, толкување на сонови

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Што значи кога се држиш со таа што ти се допаѓа за раце ???? :helou:
 
Што значи да сонуваш бивша симпатија како се омажила за мртов актер?(у сонот беше жив,ама починат е вистински)
 
а да сонуваш како идеш по улица (на сред улица кај тие цртките) и да те мавне шлепер а нишо не ти е и те буди некој.. уствари си сонувал дека сонуваш.. мислиш си буден а уствари спиеш... и после се будиш вистински и незнаеш шо се дешава.. :)
 
Значи ќе доживееш шок, арно ама брзо ќе се опоравиш од него:smir:
 
Што значи кога се држиш со таа што ти се допаѓа за раце ???? :helou:

Значи дека сакаш многу да ја држиш за раце... и дури на сон ја сонуваш од пуст мерак по неа:smir:
 
Луси Лу, мила, ова се сонови кои често ги сонувам, како една личност ми се претопува во друга личност.
Што би можело тоа да значи?:smir:
 
Сонував кај што врне, ама она hardcore дожд, одев по улица и бев жива вода. Дуваше ветер силен, ме туркаше наназад, али успевав да одам нанапред. What should it be?
 
Пред некој ден сонував еден чуден сон,беше така реален,како крими-филм :)
Сонував како ме ограбиле. Властите не можеле да го најдат виновникот па сама сум тргнала да барам правда. Кај личност која не очекував дека го направила тоа ги најдов сите мои работи,и следно што беше ја убив таа личност во сон.
Мислам дека отприлика знам што значи сонов,ама пак да се консултирам :)
 
Луси Лу, мила, ова се сонови кои често ги сонувам, како една личност ми се претопува во друга личност.
Што би можело тоа да значи?:smir:

Тоа се толкува како лицемерие, арно ама може да значи и особа која ја љубиш ама не можеш да процениш баш што човек е ... Како и да е потрудисе да разјасниш некои двосмислени пријателства или врска без разлика, и ќе мине:smir:
 
На сон мајка ми ми ги фрлила омилените патики,“еве ти нови,овие се веќе стари“ми беше криво,но ги прифатив новите.Што значи ова?
 
Пред некој ден сонував еден чуден сон,беше така реален,како крими-филм :)
Сонував како ме ограбиле. Властите не можеле да го најдат виновникот па сама сум тргнала да барам правда. Кај личност која не очекував дека го направила тоа ги најдов сите мои работи,и следно што беше ја убив таа личност во сон.
Мислам дека отприлика знам што значи сонов,ама пак да се консултирам :)

Се трудиш да се оддалечиш од некоја личност која ти е многу блиска, и те знае многу добро, толку добро што може да ти наштети, затоа ја убиваш, едноставно не те интересира исходот сакаш што подалеку од личноста.:smir:
 
На сон мајка ми ми ги фрлила омилените патики,“еве ти нови,овие се веќе стари“ми беше криво,но ги прифатив новите.Што значи ова?

Нова љубов леандра или пријателство, како и да е убаво е многу и тоа:vozbud:
 
Сонував кај што врне, ама она hardcore дожд, одев по улица и бев жива вода. Дуваше ветер силен, ме туркаше наназад, али успевав да одам нанапред. What should it be?

Ќе ти претстои тежок период од солзи, тага и борба, но ќе го пребродиш и ќе бидеш среќен!:smir:
 
Сонував мошне одвратен сон пред некој ден..Би сакала да знам што може да значи:
Одев по улица и позади мене слушав гласови, јасни и продорни, од маж и жена. Несвесно се свртев и позади мене имаше два огромни, црни гаврани. Едниот од нив, мажот, пробуваше да доскокне до мене, ама му беа врзани нозете, како со некое јаже, а женскиот гавран, прелетуваше над мене и пробуваше да ме опфати со канџите, ама не успеа. Одеа по мене, и во сонот не чувствував страв, само непријатност. Утредента кога станав, се сетив што сонував, и ми беше одвратно и морбидно. Гавраните зборуваа јасно, ама не паметам ништо од тоа...Не знам што би можело да значи....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom