Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
преродбата продолжува, дури и незапочнатите инвестиции се растураат
и заминуваат ли Израелците од проектот „Сончев град“?
Сунчица Николоска Коментари (0)
18.12.2008 18:53
Целата процедура заглавила во централната власт
Административни бариери го кочат грандиозниот проект Сончев град - вреден 100 милиони евра. Општинската власт во Сопиште тврди дека ги исполнила обврските. По барање на Израелците го измениле и деталниот урбанистички план.
Тоа е сторено бидејќи првичните податоци за локацијата што ги дал катастарот не се совпаѓале со оние на терен. Потоа целата процедура заглавила во централната власт.
„Се што се случува околу реализација на тој проект, остана во надлежност на државата, и проблемите што се во делот на инфраструктурата па и на катастарот, мислам дека не се доследно до крај направени“, изјави Љупчо Мицковски, градоначалник на општина Сопиште.
Од Министерство за транспорт во писмен допис потврдуваат дека има административни бариери. Не се наведуваат конкретни детали каде е заглавена процедурата. Сепак велат нема да се откажат од проектот. Инфраструктурата требаше да ја обезбеди државата.
„Самиот план за изградба на елитната населба Сончев град, предвидување надворешната инфраструктура да биде обезбедена од страна на државата, поточно, пристапниот пат до населбата, канализацијата, струјата, гасоводот, меѓудругото и водоснабдувањето, во кое заеднички договоривме да учествува и општината“, вели Мицковски.
Израелците платија 3,6 милиони евра за локацијата. Според информациите на А1 тие имаат намера да си заминат од земјава. Официјално не сакаат да ја коментираат ситуацијата.