Не работи ништо. Катастрофа! Од 10 часот сум дојдена да чекам ред“.„Што да кажам? Хаос!
„Немам земено плата“, велат анкетираните граѓани.
Владата вели нема пречки. Платите ќе бидат исплатени и покрај проблемите во компјутерскиот систем.
„Да не се создава впечаток дека цела Република Македонија требаше да исплати плата на 1 февруари. Тоа не било ниту во социјализмот, не било ниту минатата година, а сигурно нема да биде ниту во 2009. година, ниту во иднина“, изјави Трајко Славески, министер за финансии.
Според проценките на финансии досега плата земале повеќе од 18 илјади вработени.
Синдикатот пак алармира проблемите ќе се зголемуваат како што ќе се приближува 15 февруари, рокот кога треба да се исплати платата за јануари. Остануваат на ставот дека концептот на бруто плата ќе ги намали платите на работниците.
„Сојузот на синдикатите уште првиот ден кажа дека не се намалуваат трошоците на работодавачите. Дека работникот нема да добие она што се мислеше дека ако е заштедата кај работодавачот, 50% ќе оди во неговата плата, 50% ќе оди кај работодавачот“, вели Лилјана Јанкуловска од ССМ.
Реагираше и опозициската СДСМ, наместо реформа, на подобро, Владата на Груевски им направи огромни проблеми на работниците и работодавците.
„Во повеќе од 50.000 претпријатија, вработените ја немаат добиено јануарската плата. Се јавија огромни проблеми во електронското поднесување на пресметките за плати. Крахираа компјутерските системи во УЈП и ПИОМ“,рече Маријанчо Николов од СДСМ.
Покрај во приватните компании, платите доцнат и за дел од вработените во јавната администрација, кои декемвриската плата ја добија дури кон крајот на јануари.
Владата најави дека УЈП ќе работи и трета смета.