Сочувство за паднатиот борец

  • Креатор на темата Креатор на темата sardaukar
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Господ да го прости, вистинскиот борец проф. Др. Ванче Стојчев кој искрено си ја сакаше својата земја Македонија.
Неговиот живот, неговите доблести, начинот и квалитетот со кој го менуваше светот ќе ни бидат пример и за нашата лична, професионална и македонска активност.

Сочувство за неговото семејство од браќата и сестрите од Македонско Братство.

Македонија на Македонците!

и навистина „... на гробиштата ќе изникнат цвеќиња за некои далечни поколенија ...“
 
Почина проф. д-р Ванче Стојчев

glasnost-stojcev0503.jpg



По кусо боледување, денес напладне на Воената болница во Скопје почина проф.д-р Ванче Стојчев, професор на Воената академија, поранешен директор и основач на Воениот музеј на Македонија, неуморен борец за македонската вистина и за Македонија.

Не го доживеа печатењето на неговото последно капитално дело „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“ од извонредна важност за македонската историографија, за македонската наука, за Македонците во светот и за меѓународната јавност, посебно во време кога аспираторите на македонската самобитност бараат затворање на македонското прашање со конечна промена на историското и државното име Македонија.

- Македонскиот народ како многупати во историјата и денес е приморан да се бори за сопственото име, за идентитетот, за својот јазик и за опстојување на својата држава. Од осамостојувањето на Република Македонија, сосдените држави ги обновија своите големодржавни аспирации, ја активираа негаторската политика кон Македонија и за се тоа повторно добија поддршка од големите сили. Тоа најсликовито се покажа во Букурешт, во април 2008 година при одлучувањето за приемот на Македонија во НАТО. Историјата се повторува. Букурешт станува црна точка за Македонија. Ситуацијата е многу слична на онаа од пред 96 години кога во 1913 година во Букурешт соседните држави со поддршка на големите сили меѓу себе ја поделиле Македонија, - рече во најавата за печатење на своето последно капитало дело за вистината за Македонија, сега покојниот проф.д-р Ванче Стојчев.

На последното 19. Генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес одржан на 8 август 2009 година во Скоипје, беше избран за член на Комисијата за истражување и документација на геноцидот врз македонскиот народ.

Погребот ќе се изврши на 1 октомври (четврток) во 14.30 на градските гробишта во неговото родно место Штип.

Извор

Најзаслужен за донесувањето на црешовото топче од Турција во Македонија по повод 100 години Илинден.
733.jpg



Бог да го прости, длабок поклон кон него и неговото дело.
На семејството длабоко сочуство!
 
Бог да го прости и вечна му памјат.
 
Бог нека го прости, лесна му земја македонска.
 
Дел од неговите научни истражувања

Во Ново Село и во Цапари нема бугарски воени гробишта

ВАНЧЕ СТОЈЧЕВ
61E30819BB31074DAC01E2FE5AAA57C6.jpg


Во Првата светска војна од Бугарија и од Србија биле регрутирани 200.000 Македонци

Македонската јавност деновите ја брануваа многубројни и разновидни информации во врска со бугарските воени гробишта од балканските и од Првата светска војна кои се реставрираа во струмичко Ново Село и треба да се реставрираат во Цапари, Битолско. Со оглед на тоа дека дел од информациите не се точни или, пак, не се прецизни и со оглед дека македонската јавност треба да биде запознаена со објективната вистина, ќе ги наведеме следниве неколку податоци.

Балканските војни и Првата светска војна кои се воделе на територијата на Македонија речиси во континуитет од октомври 1912 до ноември 1918 година претставуваат најтрагични според жртвите, измамнички според односот на соседите и со трајни последици заради поделбите на Македонија помеѓу соседите со Букурешкиот мировен договор од 1913 година и со Версајската мировна конференција од 1919. Македонското население и во балканските и во Првата светска војна било мобилизирано и во бугарската, и во српската, и во грчката војска, се борело во првите борбени редови и ниту една од нив не и' ја признавала националната посебност. Секоја го застапувала ставот дека во Македонија населението е со бугарски, српски, грчки национален карактер.

Во текот на Првата балканска војна бугарската војска во согласност со српско-бугарската спогодба од 13 март 1912 година, во вардарскиот дел на Македонија не навлегувала. Во Втората балканска војна бугарската војска навлегла до реката Брегалница и тука во битката на Брегалница била поразена и принудена да се повлече. Тоа значи дека бугарски воени гробишта од балканските војни во селата Цапари и во Ново Село не постојат. Најзначајните борби во тоа време во Вардарскиот дел на Македонија ги водело македонското население самоорганизирано во селска милиција, во четите на ВМРО и мобилизирано во српската војска, заедно со српската армија.

Македонскиот фронт се стабилизирал во мај 1916. Во германските, француските и британските документи и литература овој борбен распоред се нарекувал Македонски фронт, а во српските, бугарските и грчките Солунски фронт. Затоа што нивна цел била борба за освојување на Солун и што поголемо парче од Македонија. Должината на фронтот изнесувала 600 км., од кои 450 се на територијата на Македонија, а преостанатите 150 на територијата на Албанија. Вкупната бројна состојба на живата сила на двете завојувани страни изнесувала околу 1.200.000 луѓе, односно по 600.000 лица и на едната и на другата страна.

Македонското население било мобилизирано во единиците на двете завојувани страни. Во српската и грчката војска, кои војувале во составот на Антантата, и во бугарската војска, која војувала на страната на централните сили. Македонците во бугарската армија во текот на Првата светска војна биле мобилизирани во следните единици: во 11. пешадиска Македонска дивизија имало 27.000 од вардарскиот, 3.000 од егејскиот и 3.000 од Пиринскиот дел на Македонија, вкупно 33.000 Македонци; во 7. пешадиска Рилска дивизија имало 11.000 од Пиринскиот дел на Македонија; во Планинската дивизија имало 6.000 од Вардарскиот дел, 1.000 од Егејскиот дел на Македонија, вкупно 7.000 Македонци; во Вардарскиот дел на Македонија била формирана народна милиција составена од 25.000 македонски граѓани; во Дополнителниот македонски полк, а потоа во Втората окупациска бригада имало 25.000 лица од Вардарскиот дел и 237 од Егејскиот дел на Македонија, вкупно 25.237 лица; во 13. Ополченски полк имало 3.000 Македонци; во пограничните баталјони биле мобилизирани 3.000 Македонци од Пиринскиот дел на Македонија; во Партизанскиот одред имало 600 Македонци; во Планинскиот самостоен баталјон биле мобилизирани 3.000 Македонци; во четата на Лефтеров имало 750 Македонци; во други дивизии биле мобилизирани 18.455 Македонци и во логистичките формации и во разни други единици во Вардарскиот дел на Македонија биле мобилизирани 25.000 лица. Вкупно од Вардарскиот дел на Македонија во бугарската армија во текот на Првата светска војна биле мобилизирани 122.000 лица, од Егејскиот дел 4.237 и од Пиринскиот дел на Македонија 17.000 лица. Од целата етничка територија на Македонија, во бугарската војска во Првата светска војна биле мобилизирани 133.887 лица (извор: Димит'р Минчев, Участието на населението од Македонија в б'лгарската армија през п'рвата световна војна,Софија, 1994, с. 180)

Во српската војска Македонците биле мобилизирани во три повици на возраст од 20 до 60 години. Најголем број биле мобилизирани во Битолската дивизиска област, вкупно 25.337 лица, од кои во Битолскиот пешадиски полк 9.207 лица, во Кичевскиот 8.044, во Прилепскиот 5.926 и во Дебарскиот 2.200 мобилизирани лица. Во Брегалничката дивизиска област биле мобилизирани 11.316 лица, од кои во Штипскиот полк 2.723, во Велешкиот 3.687, во Кочанскиот 2.500 и во Кавадаречкиот 2.406 мобилизирани лица. Во Вардарската дивизиска област биле мобилизирани вкупно 16.395 лица. Вкупно во трите дивизиски области во вардарскиот дел на Македонија во вториот и третиот повик биле мобилизирани 53.048 лица. Покрај овие, во првиот повик во април 1914 година биле мобилизирани 12.000 регрути. Вкупно во Првата светска војна во српската војска биле мобилизирани 65.048 лица од Вардарскиот дел на Македонија. (Извор: Архив Војноисторијског института, Београд, фонд Први светски рат, Пописник 7, кутија 62, док. 19. фасц. 6, лист-1).

Во грчката војска биле мобилизирани 20.000 Македонци и биле распоредени во сите единици. Вкупно во бугарската, во српската и во грчката војска во Првата светска војна биле мобилизирани 218.935 лица од целата етничка територија на Македонија. Со оглед на многубројните дезертирања можно е некои лица да биле повеќе пати евидентирани, заради тоа најверојатна би била бројката од околу 200.000 лица.

Војната на македонскиот фронт траела три години. Најзначајните битки се воделе на Кајмакчалан, кај Црна Река, на Дојранските позиции, Доброполската битка и по должината на целиот фронт. Се смета дека вкупно на двете страни имало околу 400.000 загинати. Битола била бомбардирана речиси секојдневно. По Верден, Битола била најразурнатиот град во Првата светска војна. Како последица на многубројните жртви во Македонија се подигнати разновидни воени гробишта: француски, британски, италијански, германски, бугарски, српски, грчки, романски и други. Иако македонското население војувало на двете страни, главно во првите борбени редови, нивните гробови не се знаат. Цивилното население ги поднесувало сите тешкотии што ги носи војната, но тоа како да е подзаборавено. Поради сето тоа, цивилизациски чин е да се реставрираат сите воени гробишта. Сепак, и вистината да се изнесе на виделина.

(Авторот е воен историчар)

Извор

Уште нешто
Интервју: ВАНЧЕ СТОЈЧЕВ
ИСТРАЖУВАЧ НА ВОЕНАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
ОТКРИЕНА ТАЈНАТА НА БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР
 
Борецот падна, али неговото дело ќе продолжи да живее.Нека му е лесна земја. :(
 
лелееее колку ме изненади веста , непријатно се разбира :(.
Секогаш сум го прател неговото дело, еден од најголемите македонски синови.
Почивај во мир, голем човеку :(.
 
Голема загуба за македонската историска наука ,за македонската вистина,за Македонија.Длабок поклон пред неговото дело кое ке биде инспирација за многу генерации млади историчари.Неговото име ке биде трајно врежано во науката и колективната свест на македонскиот народ.Вечна му слава!!!
 
Нека му е лесна земја. Уште еден великан замина во Македонската историја.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom